Еден од предлозите на Комисијата за заразни болести, за кој ќе се разговара и на утрешната владина седница е воведување задолжителни ПЦР-тестови за влез во Македонија, односно сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19.
Ова е една од мерките за која јавноста беше најгласна уште од почетокот на пандемијата, со оглед на тоа што досега никогаш, на ниту еден граничен премин, Македонија не побара ниту од странци, ниту од повратници од дијаспората, да приложат негативен резултат од ПЦР-тест, ниту пак каков и да е друг документ дека во државата влегуваат здрави.
Според многумина, оваа мерка доцни барем три месеци, а други велат дека доцни и цела година.
Дополнителна мерка за која утре ќе се расправа на Владата, а тоа е за влез и за излез во нашата земја на сите граѓани без разлика дали се наши државјани или странци и за влез и за излез да биде барана потврда за вакцина или негативен ПЦР тест или доказ дека ја прележале болеста - рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот изјави и дека е предложен 14-дневен карантин за оние кои се враќаат од Авганистан.