Промовирани огласи »

Хаос со блокирани сметки во банка, неможност да се подигнат средства од шалтер, да се направат трансакции… настана по банките со ливчињата од МВР место нови лични карти, пишува порталот СДК. 

 Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република Северна Македонија и со опција за двојазичност според Законот за употреба на јазиците.

МВР, сметајќи дека пратениците ќе го изгласаат новиот Закон за лични карти, си го надгради системот за лични документи и исправи и сега нема назад. Нови лични карти велат дека не смеат да даваат, 30-тина илјади граѓани кои поднеле барање за нова лична карта, останаа со ливчиња од МВР, кои не се лична исправа и не им важат никаде. Оваа бројка секојдневно расте, бидејќи МВР прима барања, но не издава нови лични карти.

„Со оглед на тоа дека ливчето што ми го дадоа од МВР не ми го призна банката како валидна исправа, јас не можев да ја исполнам законската обврска да ги ажурирам податоците. Како што налага законот, неажурирани податоци – блокирање на сметката. Мојата трансакциска сметка од денеска е блокирана!“, испрати скопјанка утринава допис до САКАМДАКАЖАМ.МК.

Промовирани огласи »

Бизнисот може да биде комплициран потфат,посебно кога станува збор за заработка. Може да имате одлична идеја за бизнис и за тоа како да ја зголемите продажбата,но важно е како ќе управувате со вашите пари. Треба да имате расположлив износ на готовина со кои што ќе може да ги исполните вашите финансиски обврски. Ова е всушност еден циклус на готовина кој што ќе влегува и излегува во вашиот бизнис и вашиот бизнис треба да има навистина добри приходи со цел да не се зголемат трошоците. Сопствениците на бизниси треба да остваруваат постојан профит за да опстои нивниот бизнис.

Профитот претставува целата продажба за одреден период и доколку ги покриете сите трошоци и останете во позитивен износ тогаш имате профит,во спротивно доколку имате негативен износ ќе претрпите загуба. Најчесто профитот е тој што го поттикнува бизнисот а не продажбата,иако продажбата е од суштинско значење за една компанија. Целта на секој бизнис треба да биде тоа да има високи профитни маргини за да може да се заработат повеќе пари. Компаниите нема да останат во бизнисот доколку немаат профит,па кога капиталот ќе заврши најчесто компанијата ги затвара своите врати бидејќи ниту еден бизнис неможе да преживее со вечни загуби. Затоа,профитот претставува витален дел од бизнисот и за него секогаш е потребно финансиско планирање.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани. 

Веќе од вчера, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, со две дози вакцина, примиле една доза вакцина, или пак прележале Ковид 19, пред 45 дена. 

Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во ИЈЗ дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен лекар. 

Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на веб страницата vakcinacija.mk, а сличен е принципот и за вадење на CommonPass,за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките.

Министерството за здравство апелира и ги повикува граѓаните да се вакцинираат. Вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет, мерките кои се практикуваат од вчера не се никаква дискриминација, туку се неопходни за да се заштити јавното здравје.

Промовирани огласи »

Мила Царовска, министерката за образование, денеска рече дека сите ученици во основните и средните училишта од 1 септември тргнуваат на физичка настава и дека сите ќе ја следат со заштитни маски.

Учениците од прво до трето одделение лани покажаа дека знаат подобро од возрасните да ги почитуваат протоколите, рече министерката, одговарајќи на новинарско прашање пред денеска Владата да ја официјализира одлуката за физичка настава за сите ученици.

Таа додаде дека исклучоците кои Владатра ги најави вчера но не ги откри кои ќе бидат тие се можноста да отсуствуваат деца кои се хронично болни, или во моментот се во изолација.

„Очекувам на истиот начин. Училиштата се веќе обучени. Сите знаете дека лани се работеше од прво до трето одделение во сите училишта, во сите регионални помали подрачни. 

Тие беа отворени, со протоколи и немавме инциденти на интерно ширење на вирусот. Токму затоа, оваа година, во интерес најмногу на ученикот Кризниот шатб ја донесе одлуката и и препорача на Владата, која денеска има владина седница и очекувам оваа одлука да се потврди и да ја почнеме учебната година со физичко присуство. 

Исклучоци ќе има за оние деца со хронични болести или ако има член на семејството со хронична болест. Тие деца ќе може да добијат одредено ослободување. Децата што ќе бидат пак во изолација, ќе може онлајн да ја следат наставата“, додаде Царовска.

Министерката додаде дека сценариото ќе се менува само доколку се зголеми ризикот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »