Една работа на светот е сигурна - Бил Гејтс веќе никогаш во животот не мора да се грижи дали ќе има пари. Но, човекот чие богатство моментално се проценува на нешто повеќе од 87 милијарди долари, често размислува на тоа како е да се живее во екстремна сиромаштија - во каква живеат речиси една милијарда луѓе на светот.
На својот блог тој во една прилика откри што би направил кога на располагање би имал само два долари дневно..
"Да живееш со два долари на ден, што би направил за да ги подобриш своите услови за живот?"
"Тоа е вистинското прашање за речиси милијарда луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија. Не постои еден единствен точен одговор секако, а сиромаштијата е различна на различни места. Но, преку мојата работа со фондацијата, запознав многу луѓе кои одгледуваат кокошки и научив многу за овие птици (како момче од град, од Сиетл поточно, морав да научам). Јасно ми е дека секој кој живее во тешка сиромаштија, многу е подобро ако има кокошки.
Всушност, да сум јас во нивните чевли, токму тоа би го направил - би одгледувал кокошки!", изјавил Гејтс.
Тој исто така објасни зошто би го направил тоа - "Кокошките не се скапи за одржување, тие се добра бизнис инвестиција и можат да го прехранат семејството" ..
Новинарот Крис Велер коментирал за неговото размислување: "Преку истражувања и патувања на запад во Африка, Гејтс открил дека во период од три месеци, сопственик на првично од осум до десет кокошки би можел да добие 40 кокошки. Со продажна цена од околу 5 долари од кокошка - тој виде дека тоа е просечната цена во Западна Африка, сопственикот може да заработува 1.000 долари годишно. А границата на екстремна сиромаштија е околу 700 долари годишно" ..