Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население, соопштија оттаму.

Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ).

Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, се до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.

Промовирани огласи »

На 16.08.2021 во 05.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик.

Промовирани огласи »

Хаос со блокирани сметки во банка, неможност да се подигнат средства од шалтер, да се направат трансакции… настана по банките со ливчињата од МВР место нови лични карти, пишува порталот СДК. 

 Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република Северна Македонија и со опција за двојазичност според Законот за употреба на јазиците.

МВР, сметајќи дека пратениците ќе го изгласаат новиот Закон за лични карти, си го надгради системот за лични документи и исправи и сега нема назад. Нови лични карти велат дека не смеат да даваат, 30-тина илјади граѓани кои поднеле барање за нова лична карта, останаа со ливчиња од МВР, кои не се лична исправа и не им важат никаде. Оваа бројка секојдневно расте, бидејќи МВР прима барања, но не издава нови лични карти.

„Со оглед на тоа дека ливчето што ми го дадоа од МВР не ми го призна банката како валидна исправа, јас не можев да ја исполнам законската обврска да ги ажурирам податоците. Како што налага законот, неажурирани податоци – блокирање на сметката. Мојата трансакциска сметка од денеска е блокирана!“, испрати скопјанка утринава допис до САКАМДАКАЖАМ.МК.

Промовирани огласи »

Бизнисот може да биде комплициран потфат,посебно кога станува збор за заработка. Може да имате одлична идеја за бизнис и за тоа како да ја зголемите продажбата,но важно е како ќе управувате со вашите пари. Треба да имате расположлив износ на готовина со кои што ќе може да ги исполните вашите финансиски обврски. Ова е всушност еден циклус на готовина кој што ќе влегува и излегува во вашиот бизнис и вашиот бизнис треба да има навистина добри приходи со цел да не се зголемат трошоците. Сопствениците на бизниси треба да остваруваат постојан профит за да опстои нивниот бизнис.

Профитот претставува целата продажба за одреден период и доколку ги покриете сите трошоци и останете во позитивен износ тогаш имате профит,во спротивно доколку имате негативен износ ќе претрпите загуба. Најчесто профитот е тој што го поттикнува бизнисот а не продажбата,иако продажбата е од суштинско значење за една компанија. Целта на секој бизнис треба да биде тоа да има високи профитни маргини за да може да се заработат повеќе пари. Компаниите нема да останат во бизнисот доколку немаат профит,па кога капиталот ќе заврши најчесто компанијата ги затвара своите врати бидејќи ниту еден бизнис неможе да преживее со вечни загуби. Затоа,профитот претставува витален дел од бизнисот и за него секогаш е потребно финансиско планирање.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »