Промовирани огласи »

Норвежанецот Кјел Инг Реке (Kjell Inge Roekke) бил рибар пред да се збогати на нафтената индустрија, а неговото богатство се проценува на 2 милијарди долари.

Тој сега одлучил да им се придружи на другите милијардери со доброволни активности, како што се Бил Гејтс, Ворен Бафет и Марк Закерберг, и ветил дека ќе подели поголем дел од своите пари.

За почеток, норвешкиот богаташ најави дека ќе финансира истражувачки брод кој ќе отстранува пластични отпадоци од океан. Бродот ќе има 30 членови екипаж, со простор за до 60 научници и лабараторија. Ова пловило од морето ќе отстранува дневно до пет тони пластика, која ќе се топи, а целиот проект ќе се одвива во партнерство со WWF (World Wildlife Fund).

Нина Џенсен од WWF прокоментирала дека нејзините ставови за нафтените истражувања се „многу далеку“ од гледиштето на Реке и дека ќе продолжи да ги преиспитува неговите ставови кога не се сложуваат, но исто така додала дека е многу возбудена поради покренувањето на проектот на истражувачкиот брод, со кој се обврзал норвешкиот богаташ.

„Не сум никогаш досега слушнала за слична обврска“, рекла таа.

Реке и неговата сопруга веќе водат фонд кој им дава стипендии на постдипломците, а не е познато во кои други цели ќе донира пари. Тој никогаш не завршил средно училиште ни факултет а притоа страда од дислексија.

Промовирани огласи »

Samsung Mobile во рок од речиси една година успеал да продаде над 55 милиони примероци на премиум смартфоните Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, што секако е одлично достигнување, но може и многу подобро за да се натпреварува со Apple.

Овие податоци ги откри Strategy Analytics кои доаѓаат во вистинско време бидејќи стартува продажбата на новиот модел Galaxy S8 кој со сите досегашни фантастични оценки сосема е извесно дека ќе ги надмие овие бројки, а за тоа добар знак е и интересот во претпродажниот период каде бележи многу поголем број на резервации во однос на својот претходник.
 

Промовирани огласи »

Една работа на светот е сигурна - Бил Гејтс веќе никогаш во животот не мора да се грижи дали ќе има пари. Но, човекот чие богатство моментално се проценува на нешто повеќе од 87 милијарди долари, често размислува на тоа како е да се живее во екстремна сиромаштија - во каква живеат речиси една милијарда луѓе на светот.

На својот блог тој во една прилика откри што би направил кога на располагање би имал само два долари дневно..

"Да живееш со два долари на ден, што би направил за да ги подобриш своите услови за живот?"

"Тоа е вистинското прашање за речиси милијарда луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија. Не постои еден единствен точен одговор секако, а сиромаштијата е различна на различни места. Но, преку мојата работа со фондацијата, запознав многу луѓе кои одгледуваат кокошки и научив многу за овие птици (како момче од град, од Сиетл поточно, морав да научам). Јасно ми е дека секој кој живее во тешка сиромаштија, многу е подобро ако има кокошки.

Всушност, да сум јас во нивните чевли, токму тоа би го направил - би одгледувал кокошки!", изјавил Гејтс.

Тој исто така објасни зошто би го направил тоа - "Кокошките не се скапи за одржување, тие се добра бизнис инвестиција и можат да го прехранат семејството" ..

Новинарот Крис Велер коментирал за неговото размислување: "Преку истражувања и патувања на запад во Африка, Гејтс открил дека во период од три месеци, сопственик на првично од осум до десет кокошки би можел да добие 40 кокошки. Со продажна цена од околу 5 долари од кокошка - тој виде дека тоа е просечната цена во Западна Африка, сопственикот може да заработува 1.000 долари годишно. А границата на екстремна сиромаштија е околу 700 долари годишно" ..

Промовирани огласи »

Во Агенцијата за вработување денеска ќе биде најавен почетокот на имплементација на проектот Самовработување со кредитирање.

Станува збор за мерка со која на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа, коишто сакаат да започнат сопствен бизнис ќе им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Детали за проектот ќе презентира директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »