Промовирани огласи »

Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а утрово стапи во сила, Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Како и досега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат четири опции во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Согласно новата одлука, како што јавува МИА, промени има за „посетителите на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата“, кои доаѓаат од Египет, Албанија, Аргентина, Бразил, Грузија, Куба, САД Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Русија и Турција и за да влезат во Грција потребно е да добијат негативен резултат на задолжителното тестирање со ПЦР или брз тест на влезните точки во земјата.

Од задолжителното тестирање,  исклучок има за оние кои се вакцинирани или имаат прележано Ковид-19.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена.

На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест.

Во однос на лицата што патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, кимаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во текот на 24 часа и да носат маска Н95 додека патуваат.

Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест.

Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот,  а за влез од Турција преку Кастаниес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1.500 лица.

Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.

На листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, освен Северна Македонија, дозволено е патување и за државјаните на Сан Марино, Азербејџан, Андора, Австралија, Албанија,  Босна и Херцеговина, Ватикан, Ерменија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Јордан, Израел, Канада, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Белорусија, Либан, Црна Гора, Молдавија, Монако, Бахреин, Брунеј, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Украина,  Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Турција.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.

Промовирани огласи »

Претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друга фирма и/или со установа која врши научно-истражувачка дејност, од денеска до 15 октомври може да аплицираат на најновиот повик што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Повикот вреден осум милион евра, е за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации и е наменет само за компании кои не се тековни корисници на инструментите на ФИТР.

Аплицирањето е исклучиво онлајн, а максималната поддршка за проектите ќе биде 20 милиони денари.

Како што истакнаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот, Коста Петров на заедничката прес конференција, станува збор за најголем јавен повик на ФИТР годинава според обемот на обезбеден буџет за кофинансирање. Има и една новина, нагласија, кај механизмот за повраток на средства – доколку корисникот достави доказ за инвеститор кој вложил износ од најмалку 50 отсто од износот на финансиска поддршка доделена од Фондот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти.

Ова е деветти повик на ФИТР со што уште еднаш се потрвдува дека оваа институција е вистински дом за поддршка на креативни и иновативни проекти на млади луѓе и фирми, стартапи, мали и микро компании кои имаат план за раст и развој, потенцираа Битиќи и Петров.

Би сакал да ги повикам и охрабрам сите стопанственици, млади луѓе, кои имаат идеи за развојни проекти, да се пријават. Јавниот повик е одлична шанса да ја забрзаме динамиката на вашите идеи, да го унапредите производството, да ги зголемите асортиманот, продуктвноста и продажбата, а со тоа да придонесете за креирање уште подобро економско опкружување во земјава, истакна Битиќи.

Тој потсети дека изминатите три години, само преку инструментите за комерцијализација на иновациите и за подобрување на иновативноста, се поддржани 198 проекти или околу 30 проценти од вкупниот број, а за нив се издвоени 28 милиони евра или 66,3 отсто од доделените 42 милиона ерва.

„Тоа значи дка инвестираме во иновациите на компаниите, идеите на стопанствениците, дигитализацијата на процесите и во зголемената продуктивност и конкуреннтост. И лани, во услови на криза, продолживме да ги спроведуваме јавните повици на Фондот при што, само во 2020-та се поддржани 229 проекти во вкупна вредност од 17,7 милиони евра, подвлече Битиќи и дополни дека со овој јавен повик се очекува да се зголеми пртфолиото на проекти кои се преку 640, но и на компании кои би ги поддржувал Фондот.

Презентирајќи ги деталите кои, исто така, може да се прочитаат и на веб страницата на ФИТР, директорот Петров рече дека на повикот може да аплицираат трговски друштва основани согласно Законот и регистрирани во Централниот регистар.

Услов е и годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10 десет милиони евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години и други. Целосната листа на условите е објавена на веб страницата на Фондот.

Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип, сѐ до преткомерцијална (претпазарна) фаза. Дел од активностите што ги поддржуваме се за истражување и развој, активности за тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и други. Целосната листа е достапна на веб страната на Фондот. ФИТР и Владата активно работат на обезбедување нови работни места во приватниот сектор и затоа, во делот на трошоци кои се подобни, ќе бидат и средства за бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот, поддоговорни услуги за истражување и развој, ангажирање на експерти/советници за истражување и развој и други услуги и активности, објасни Петров.

Според него, преку овој инструмент Фондот обезбедува поддршка до 20 милиони денари и тоа: до 70 отсто финансирање од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од два милиона евра и до 60 проценто финансирање од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од два милиона, а помал од 10 милиони евра.

Покрај финансиската поддршка, на компаниите кои ќе аплицираат на овој јавен повик, Фондот повторно им нуди можност за дополнително финансирање преку партнерите: Стопанска Банка, Тутунска Банка, Шпаркасе Банка, Прокредит Банка, УниБанка и СилкРоуд Банка, со што на компаниите им се достапни кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните. Дополнително, на компаниите им се достапни кредитите за користење на клауд платформата на Amazon Web Services, во износ од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари.

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци.

Процесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериумите за евалуација и едно лице од областа што соодветствува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кој ја донесува и финалната одлука за финансирање преку овој инструмент. Во однос на капацитетот на проектниот тим, би сакал да истакнам дека е задолжително минимум еден од членовите на проектниот тим да биде од областа на маркетинг и продажба, подвлече директорот на ФИТР.

Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација меѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.   

Задолжителното приложување сертификат за примена најмалку една доза вакцина што е потребен за влез во многу места и присуство на разни настани, го зголеми процентот на вакцинирани. Но , паралелно со вакцинацијата, се зголемува и бројот на новозаразени.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани 15 починати лица.

Промовирани огласи »

Електричните автомобили покажуваат одлични перформанси. Хрватската компанија Римац го произведува најбрзиот продукциски автомобил во светот Невера, со цена од 2 милиони долари и се планира да се произведат 150 примероци. Неговата конкуренција Тесла S PLAID пак чини „само“ $130.000 и ќе биде масовно произведувана. Во видеото подолу трка на најбрзите продукциски автомобили во светот:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »