Промовирани огласи »

Денес разговараме со архитект Зоран Николовски од Битола, за сите идеи кои ги има за разубавување на својата родна Битола, за сите успеси и достигнувања во неговиот живот.

Роден во 1968 год. во Битола, каде што завршил средно училиште за архитектура. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, а потоа е ангажиран на повеќе проекти од областа на домувањето. Од 1999 година е хонорарен сценограф во Македонска опера и балет во Скопје, и во театрите низ Македонија. Изработил сценографии за повеќе од педесет оперски и театарски претстави, анимирани филмови, мјузикли и играни филмови.

Во 2011 година го изработува проектот и дизајнот (екстериер и ентериер) за музејската поставка во спомен куќата на Македонската револуција "Участакот" во Прилеп, како и музејската поставка во НУ Завод и Музеј во Прилеп. Тој е еден од главните иницијатори за проектот на Општина Битола - "Битолска  Опера", и првата оперска претстава "Don Pasquale" - G.Donizetti, каде ги изработи сцениграфијата и костимографијата.

Вработен е како архитект во Битолскиот Музеј.  Во брак е, и татко на две деца. Од 2006 до 2010 ја извршувал функцијата Директор на НУ Завод и Музеј – Битола, кога беше отворена најимпозантната музејска поставка во нашата држава со преку 1300 арте-факти, заради што оваа институција ја доби престижната награда на ICOM (меѓународна организација на музеи), за најдобар музеј на Балканот за таа година.

Редовен учесник на симпозиуми и конгреси. Со научни прилози учествувал во Истанбул (Р.Турција), Лондон (Велика Британија), Барселона (Шпанија), Белград (Србија), Велико Трново и Стара Загора (Р.Бугарија) и др.

Од 2002 година е член на светската организација на архитекти, сценографи и филмски дизајнери  "OISTAT".

Повеќе инфо за Архитект Зоран Николовски може да се најде на следнава веб страна www.mystagedesign.com

Во прилог проекти за разубавување на Битола од Архитект Зоран Николовски

Светлосен пешачки премин

Со изградба на вакви светлосни пешачки премини пред секоја градинка и пред секое училиште, ќе покажеме грижа за нашите деца и нивната безбедност. Овие пешачки премини, никогаш не се бришат и секогаш ќе ја исполнуваат нивната примарна цел – БЕЗБЕДНОСТ.

Реконструкција на мостовите на р. Драгор

Со реконструкцијата на конструктивниот (носивиот)  дел и оградата на мостовите на р. Драгор, ќе се подобри носивоста, а во многу ќе се подобри и визуелниот впечаток (изгледот) на мостовите. Ова е пример како може да изгледа мостот кај Безистенот, со целосно почитување на културното наследство и традицијата.

Летна сцена во битолскиот парк

Битола има исклучителна потреба од изградба на (барем) една летна сцена. Локацијата за ваква сцена е главната улица на битолскиот парк, т.е. во најтивкиот дел на Битола. Оваа летна сцена многу ќе придонесе за едукација на најмладите битолчани, бидејќи тоа ќе биде место за дружење, забава и концерти под отворено небо. Ова ќе биде идеално место за изведување настава на отворено и  музицирање на талентирани деца.

Велосипетска патека на Тумбе кафе

Ќе се направат повеќе инфраструктурни зафати, а најважни ќе бидат одводот на атмосферската вода, осветлувањето, хортикултурата и  хигиената. А за крај, изградба на велосипедса патека според сите светски стандарди.

Велосипетска и трим патека  “Довлеџик”

Ова е еден капитален проект, кој за битолчани многу ќе значи. Овие патеки ќе ги користат како рекреативци, така и професионални спортисти. Велосипедската и трим патека ќе се протега од Црн мост, до базенот кај Довлеџик, во должина од 3км. паралелно по течението или во близина на р. Драгор, во недопрена природа, идеална за спортување. Патеката да биде целосно осветлена, за да се користи и ноќе, а може да биде опремена и со подно греење, за да може да се користи и во зимските денови.

Подземна улица под  “Широк сокак”, кај хотел Епинал

Изведба на едно вакво капитално решение ќе допринесе за сигурноста и безбедноста пешаците, нашите сограѓани. Ќе се растерети централното градско подрачје од сообраќај, а главната пешачка улица, слободно и безбедно ќе функционира. Со помош на оваа собраќајница ќе се слегува во подземниот паркинг, под поштадот Гоце Делчев.

Партерно уредување на плоштадот “Гоце Делчев”

Плоштадот “Гоце Делчев” мора да добие нов изглед со ново партерно и хортикултурно решение. Централниот плоштад во Битола, не смее да биде паркинг за автомобили. Ова треба да биде осмислено место за дружење, одмор и забава. Со неколку фонтани во централниот дел на плоштадот, пешачки патеки, како и со многу зеленило и цвеќиња, овој парк во центарот на Битола, може да биде едно од најатрактивните места, кое ќе пулсира од рано наутро, до касно во ноќта.

Осветлување на кејот на р. Драгор

Коритото, како и кејот на р. Драгор можат да добијат нов и современ лик. Со бетонирање на коритото и инсталирање на нови канделабри за осветлување, како и поставување на ограда долж целата река со многу цвеќиња, во централниот дел на Битола, р. Драгор дополнително ќе ја нагласи убавината на нашиот град. За осветлувањето нема да се користи електрична енергија, ами “зелена енергија”, со помош на сто водни турбини, поставени на дното на реката. 

Осветлување на битолските улици и булевари, со помош на “Зелена енергија”

Старите канделабри за улично осветлување, кои функционираат на електрична енергија, да се заменат со нови канделабри, кој светлината ќе ја добиваат со помош на турбини на ветар и фотоволтаични панели. Секој канделабра ќе има безбедносна камера, со 24 часовен надзор. Ова е голем капитален зафат, но заштедата на финансии од потрошената електрична енергија е повеќекратна. Заштедените средства, можат да се искористат за нови градинки и реновирање на јавни објекти.

Промовирани огласи »

Од утре па натаму ќе се издаваат лични карти со новото уставно име на државата. 

МВР во понеделник ќе ги издаде првите лични карти, а во текот на викендов тие се печатат. Документите, како што вчера одлучи Владата, ќе бидат на обрасци на кои е вметнато новото уставно име и покрај тоа што не беа донесени измените на Законот за лични карти. Ова се случува по два месеци застој.  За ВМРО-ДПМНЕ ова е кршење на Уставот и законите. Од СДСМ издавањето на лични карти со Северна и без да се донесат законските измени е сосема легално. Околу 40.000 граѓани чекаат да добијат нови лични карти. Ни претстои попис, но и локални избори, за кои граѓаните ќе треба да имаат важечки документи. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 25 за управување возило под дејство на алкохол,16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 22 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Промовирани огласи »

Падот на Авганистан во рацете на талибанските борци предизвика огромна хуманитарна криза,при што голем број на луѓе се принудени да ги напуштат домовите заради својата безбедност. Во меѓувреме фокусот се стави на неискористеното минерално богатство во Авганистан и се поставува прашањето дали тие ресурси би можеле да ги трансформираат економските перспективи доколку некогаш се развијат.

Откриено е дека Авганистан како една од најсиромашните држави лежи на наоѓалишта за минерали во вредност од 1 трилион долари. Постојат многу ретки минерали, но она што би можело да биде од огромно значење се наоѓалиштата со литиум кои што може да бидат од клучно значење за справување со климатската криза.

Поради голем недостаток на инфраструктура, безбедност како и неповолни временски услови, неможело да бидат извадени највредните минерали. И покрај целиот хаос што се случува, постојат земји како Кина, Пакистан и Индија кои би сакале да се обидат да се вклучат во пронаоѓање на тие минерали. Помалку е веројатно дека сето ова би можело да се промени под контрола на талибанците.

Владата утврдила дека голем од луѓето во Авганистан во текот на 2020 година, располагале со околу 2 долари дневно, што е под нивото на сиромаштијата. Но,сеппак постои се поголема заинтересираност за метали како што се литиум и кобалт, бидејќи сите земјите се обидуваат да го зголемат користењето на електрични автомобили и други технологии, за да се намали загадувањето на воздухот.

Откривањето на минералите бара многу големи инвестиции и техничко знаење. Се смета дека се потребни отприлика 16 години, од моментот кога ќе се открие едно наоѓалиште за минерали, до момент кога ќе започне неговото ископување. Постојат основани сомневања дека талибанците би можеле да ја искористат својата моќ за да го развијат рударскиот сектор.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »