Промовирани огласи »

Од утре па натаму ќе се издаваат лични карти со новото уставно име на државата. 

МВР во понеделник ќе ги издаде првите лични карти, а во текот на викендов тие се печатат. Документите, како што вчера одлучи Владата, ќе бидат на обрасци на кои е вметнато новото уставно име и покрај тоа што не беа донесени измените на Законот за лични карти. Ова се случува по два месеци застој.  За ВМРО-ДПМНЕ ова е кршење на Уставот и законите. Од СДСМ издавањето на лични карти со Северна и без да се донесат законските измени е сосема легално. Околу 40.000 граѓани чекаат да добијат нови лични карти. Ни претстои попис, но и локални избори, за кои граѓаните ќе треба да имаат важечки документи. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 25 за управување возило под дејство на алкохол,16 за возење без возачка дозвола, 13 за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, две за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 22 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Промовирани огласи »

Падот на Авганистан во рацете на талибанските борци предизвика огромна хуманитарна криза,при што голем број на луѓе се принудени да ги напуштат домовите заради својата безбедност. Во меѓувреме фокусот се стави на неискористеното минерално богатство во Авганистан и се поставува прашањето дали тие ресурси би можеле да ги трансформираат економските перспективи доколку некогаш се развијат.

Откриено е дека Авганистан како една од најсиромашните држави лежи на наоѓалишта за минерали во вредност од 1 трилион долари. Постојат многу ретки минерали, но она што би можело да биде од огромно значење се наоѓалиштата со литиум кои што може да бидат од клучно значење за справување со климатската криза.

Поради голем недостаток на инфраструктура, безбедност како и неповолни временски услови, неможело да бидат извадени највредните минерали. И покрај целиот хаос што се случува, постојат земји како Кина, Пакистан и Индија кои би сакале да се обидат да се вклучат во пронаоѓање на тие минерали. Помалку е веројатно дека сето ова би можело да се промени под контрола на талибанците.

Владата утврдила дека голем од луѓето во Авганистан во текот на 2020 година, располагале со околу 2 долари дневно, што е под нивото на сиромаштијата. Но,сеппак постои се поголема заинтересираност за метали како што се литиум и кобалт, бидејќи сите земјите се обидуваат да го зголемат користењето на електрични автомобили и други технологии, за да се намали загадувањето на воздухот.

Откривањето на минералите бара многу големи инвестиции и техничко знаење. Се смета дека се потребни отприлика 16 години, од моментот кога ќе се открие едно наоѓалиште за минерали, до момент кога ќе започне неговото ископување. Постојат основани сомневања дека талибанците би можеле да ја искористат својата моќ за да го развијат рударскиот сектор.

 

Промовирани огласи »

Илјадници македонски граѓани се вакцинираа против коронавирусот во Србија, а весникот Блиц пишува каде нивниот сертификат го олеснува патувањето, но и каде може да се јават проблеми. 

Извесен Славиша за весникот објаснува дека заминал во Франција, но ниту неговиот, ниту баркодот од сертификатот на неговата сопруга не е вчитан, и не се работи за грешка, туку тој не важи во странство. 

Апаратот кој го чита баркодот кој е вакцинира, а кој не, во Париз не може да го вчита нашиот зелен сертификат издаден во Србија. Еве во Париз не можам никаде да влезам, иако имам сертификат за вакцинација. Оваа ситуација доведува во проблеми многу наши државјани. Не можеме да влеземе во продавници, ресторани, метро, апсолутно никаде, вели тој. 

Но, овој човек е на одмор  и не сакал да се занимава со документи. Сепак, тој не е единствен. На социјалните мрежи и други граѓани се пожалиле на проблеми. 

Блиц од Канцеларијата за ИТ дознал дека има проблем со вчитување на баркодот од српскиот зелен сертификат затоа што Србија не е членка на ЕУ. Различни се уредите за земјите од ЕУ, а поинакви се оние за читање на сертификати и баркодови од Србија и другите земји. Но, велат дека и тоа не е усогласено и дека истиот проблем може да се јави и меѓу земјите кои се членки во ЕУ. Додаваат дека најважното е дека српските сертификати може да се користат во странство, но важно е да има обични читачи. 

Но, Славиша вели дека ваквите читачи ретко каде ги има, и затоа ова решение не може да помогне за нив. 

Блиц наведува дека ковид сертификатот од Македонија е прифатен во ЕУ, а за другите земји од регионот, процесот е во тек. Додаваат дека македонскиот сертификат ќе бидат прифатен како и другите во ЕУ, а  за другите земји од Западен Балкан процесот трае. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »