Иако повеќето возачи не се навикнати на ова, отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака е многу важно правило кое треба веднаш да ви стане навика. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна.
Имeно, кога возачите излегуваат од возилото, повеќето возачи ја отвораат вратата со лева рака што им е поблиску до вратата. Но тоа е погрешно, бидејќи кога ја отвораме со десната рака, на овој начин ја вртиме главата нaстрана и има можност навреме да се види дали покрај автомобилот поминува велосипедист или мотоциклист кој би можел да биде соборен со отворање на вратата, или можеби друго возило што може да ја удри вратата или притоа некој да биде по вреден.
Во истата таа смисла, за совозачите се препорачува обратно отворање со левата рака.
Незгоди се случуваат почесто отколку што повеќето луѓе мислат. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот ќе излезе од возилото во тој миг, ако возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Ова се секунди што можат да значат живот.
Отворањето на возачката врата со десната рака всушност го тера возачот да го сврти горниот дел од телото, а со тоа и патот е во неговото видно поле.