Промовирани огласи »

Иако повеќето возачи не се навикнати на ова, отворањето на возачката врата од автомобилот со десната рака е многу важно правило кое треба веднаш да ви стане навика. Според стручните лица и познавачите, причината е повеќе од сериозна.

Имeно, кога возачите излегуваат од возилото, повеќето возачи ја отвораат вратата со лева рака што им е поблиску до вратата. Но тоа е погрешно, бидејќи кога ја отвораме со десната рака, на овој начин ја вртиме главата нaстрана и има можност навреме да се види дали покрај автомобилот поминува велосипедист или мотоциклист кој би можел да биде соборен со отворање на вратата, или можеби друго возило што може да ја удри вратата или притоа некој да биде по вреден.

Во истата таа смисла, за совозачите се препорачува обратно отворање со левата рака.

Незгоди се случуваат почесто отколку што повеќето луѓе мислат. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот ќе излезе од возилото во тој миг, ако возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката на вратата со левата рака и ја отвора. Ова се секунди што можат да значат живот.

Отворањето на возачката врата со десната рака всушност го тера возачот да го сврти горниот дел од телото, а со тоа и патот е во неговото видно поле.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео во кое се појаснува како да се извади CommonPass, односно сертификат за патување:

https://fb.watch/7vieN9Ivr4/

Инаку, Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство.

Според Здравство, ние сме прва земја во регионот чии сертификати ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле дозите против болеста одобрени од ЕУ. Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ, а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за болеста издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација, велат од Здравство.

Промовирани огласи »

Австрија и Хрватска се првите земји во Европа кои утврдија кога завршува заштитата од вакцините. 

Ова го објави угледната британска платформа за тестирање на производи и услуги и заштита на потрошувачите, Which, пренесува Јутарњи. По 270 дена од втората доза или девет месцеи, веќе нема да се признава националната потврда за вакцинација. Објаснето е дека Британците нема да можат да патуваат во овие две земји кога ќе истече овој рок. 

Австрија и Хрватска се првите туристички дестинации кои утврдиле кога стекнатиот имунитет од вакцините ослабнува. Досега земјите бараа вакцината да е примена најмалку две недели пред патувањето. Хрватска ќе ги земе в предвид потврдите дека лицето неодамна прележало ковид и ќе му се даде шанса за ПЦР тест. 

Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната стота владина седница информирал дека подзаконскиот пропис во врска со издавањето на обрасците на новите лични карти ќе биде објавен уште во текот на денот во „Службен весник“, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања.

Како што се посочува во владиното соопштение, денешната седница била со единствена точка на дневен ред на која била разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

На седницата Владата го задолжи министерот да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти. Спасовски, како што се посочува, ги информира премиерот и министрите дека подзамконскиот пропис веднаш ќе биде објавен во „Службен весник“ и дека од денеска ќе се овозможи печатење и издавање лични карти. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »