Промовирани огласи »

Најтешкиот и најозлогласен начин на паркирање – паралелното паркирање предизвикува главоболки на голем дел од возачите, а посебно на новите возачи, со малку искуство.

Ова видео ќе ви покаже дека истото не е воопшто тешко, доколку следите неколку едноставни правила.

САКАТЕ ЕВТИН АВТОМОБИЛ: Еве ја листата на најевтините дизел автомобили!
Дизел има многу предности. Меѓу главните се одличните показатели за ефикасност на потрошувачката на гориво. Покрај тоа, дизелот е поевтин од бензинот. Ќе ви го довериме вниманието на повеќето од најприфатливите дизел автомобили на современиот пазар:

Рено

Францускиот бренд нуди широк избор на дизел модели. Сите буџетски опции работат со 1.5 dCi мотор (90-110 КС). Овој мотор заработил благодарност на возачот со својата моќ, економичност и голема сигурност.

  • Рено Сандеро Потрошувачка – урбана / мешана / екстра урбана 4.4 / 3.9 / 3.7
  • Рено Логан Потрошувачка – урбана / мешана / екстра урбана 4.4 / 3.9 / 3.7
  • Рено Логан MCV Потрошувачка – урбана / мешана / екстра урбана 4.4 / 3.9 / 3.7
  • Renate Lodgy Потрошувачка – урбана / мешана / екстра-урбана 5.1 / 4.1 / 4.5
  • Рено Докер Потрошувачка – урбана / мешана / екстра урбана 5.4 / 4.9 / 4.5
  • Потрошувачка на Renault Duster – урбана / мешана / екстра урбана 5.5 / 4.8 / 4.5

Цитроен

  • Господар на дизел со одлични карактеристики и многу ниска потрошувачка на гориво. Станува збор за Citroen, кој во буџетската класа нуди 1.6-литарски мотор со 92 КС (75 КС на база Berlingo).
  • Citroen C-Elysee Потрошувачка – градско / мешано / на отворено 4.9 / 4.3 / 3.9
  • Citroen Berlingo Multispace Потрошувачка – градско / мешано / на отворено 6.4 / 5.3 / 4.7
  • Citroen C4 Потрошувачка – градско / мешано / на отворено 4.9 / 4.1 / 3.6
  • Citroen C4 Cactus Потрошувачка – градско / мешано / на отворено 3.8 / 3.5 / 3.4

Peugeot

  • Буџетските модели на Пежо се меѓу најконкурентните во модерниот пазар.
  • Peugeot 301 Потрошувачка – урбана / мешана / екстра урбана 3.8 / 3.5 / 3.4
  • Peugeot Partner Tepee Consumption – урбана / мешана / екстра урбана 6.4 / 5.3 / 4.7

Промовирани огласи »

Издавањето беше блокирано речиси два месеци поради бројните амандмани на опозицијата...

Министерството за внатрешни работи од денеска започнува со издавање лични карти за граѓани со новото уставно име на државата Република Северна Македонија.

Издавањето лични карти со новото име на државата, кое речиси два месеци е блокирано со бројни амандмани на опозицијата, поради што сѐ уште не се донесени измените на законот за лични документи, беше овозможено од Владата во Скопје со донесување на подзаконски акти.

Владата на Зоран Заев во петокот, со цел да се надминат проблемите со издавање на нови лични карти, како што објави, донесе подзаконски пропис усогласен со Законот за лични карти и Законот за јазици, со кој се овозможува непречено издавање лични карти.

Повеќе од 40.000 граѓани не можеа да добијат лични карти поради блокадата на измените на законот, бидејќи на 1 јули, Министерството за внатрешни работи се префрли на софтвер со ново државно име, кој се користи и за пасоши и други лични документи за што навреме беа донесени нови закони.

Наведување за етничко потекло

Малата опозициска партија Левица го блокираше Предлогот за изменување и дополнување на Законот за лични карти со 1.500 амандмани, незадоволна бидејќи предложените измени, покрај новото име на државата и можноста за печатење на мајчин јазик за припадниците на етничките заедници, предвидуваат документот да наведува и етничко потекло.

Вклучувањето на новото име на државата Северна Македонија во лични документи е предвидено со Договорот од Преспа со Грција, со кој се реши повеќедеценискиот спор за името на државата.

Врз основа на тој договор, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија на 12 февруари 2019 година.

Старите лични карти со натпис Република Македонија, на кои не им е истечен рокот, ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Промовирани огласи »

Денес разговараме со архитект Зоран Николовски од Битола, за сите идеи кои ги има за разубавување на својата родна Битола, за сите успеси и достигнувања во неговиот живот.

Роден во 1968 год. во Битола, каде што завршил средно училиште за архитектура. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, а потоа е ангажиран на повеќе проекти од областа на домувањето. Од 1999 година е хонорарен сценограф во Македонска опера и балет во Скопје, и во театрите низ Македонија. Изработил сценографии за повеќе од педесет оперски и театарски претстави, анимирани филмови, мјузикли и играни филмови.

Во 2011 година го изработува проектот и дизајнот (екстериер и ентериер) за музејската поставка во спомен куќата на Македонската револуција "Участакот" во Прилеп, како и музејската поставка во НУ Завод и Музеј во Прилеп. Тој е еден од главните иницијатори за проектот на Општина Битола - "Битолска  Опера", и првата оперска претстава "Don Pasquale" - G.Donizetti, каде ги изработи сцениграфијата и костимографијата.

Вработен е како архитект во Битолскиот Музеј.  Во брак е, и татко на две деца. Од 2006 до 2010 ја извршувал функцијата Директор на НУ Завод и Музеј – Битола, кога беше отворена најимпозантната музејска поставка во нашата држава со преку 1300 арте-факти, заради што оваа институција ја доби престижната награда на ICOM (меѓународна организација на музеи), за најдобар музеј на Балканот за таа година.

Редовен учесник на симпозиуми и конгреси. Со научни прилози учествувал во Истанбул (Р.Турција), Лондон (Велика Британија), Барселона (Шпанија), Белград (Србија), Велико Трново и Стара Загора (Р.Бугарија) и др.

Од 2002 година е член на светската организација на архитекти, сценографи и филмски дизајнери  "OISTAT".

Повеќе инфо за Архитект Зоран Николовски може да се најде на следнава веб страна www.mystagedesign.com

Во прилог проекти за разубавување на Битола од Архитект Зоран Николовски

Светлосен пешачки премин

Со изградба на вакви светлосни пешачки премини пред секоја градинка и пред секое училиште, ќе покажеме грижа за нашите деца и нивната безбедност. Овие пешачки премини, никогаш не се бришат и секогаш ќе ја исполнуваат нивната примарна цел – БЕЗБЕДНОСТ.

Реконструкција на мостовите на р. Драгор

Со реконструкцијата на конструктивниот (носивиот)  дел и оградата на мостовите на р. Драгор, ќе се подобри носивоста, а во многу ќе се подобри и визуелниот впечаток (изгледот) на мостовите. Ова е пример како може да изгледа мостот кај Безистенот, со целосно почитување на културното наследство и традицијата.

Летна сцена во битолскиот парк

Битола има исклучителна потреба од изградба на (барем) една летна сцена. Локацијата за ваква сцена е главната улица на битолскиот парк, т.е. во најтивкиот дел на Битола. Оваа летна сцена многу ќе придонесе за едукација на најмладите битолчани, бидејќи тоа ќе биде место за дружење, забава и концерти под отворено небо. Ова ќе биде идеално место за изведување настава на отворено и  музицирање на талентирани деца.

Велосипетска патека на Тумбе кафе

Ќе се направат повеќе инфраструктурни зафати, а најважни ќе бидат одводот на атмосферската вода, осветлувањето, хортикултурата и  хигиената. А за крај, изградба на велосипедса патека според сите светски стандарди.

Велосипетска и трим патека  “Довлеџик”

Ова е еден капитален проект, кој за битолчани многу ќе значи. Овие патеки ќе ги користат како рекреативци, така и професионални спортисти. Велосипедската и трим патека ќе се протега од Црн мост, до базенот кај Довлеџик, во должина од 3км. паралелно по течението или во близина на р. Драгор, во недопрена природа, идеална за спортување. Патеката да биде целосно осветлена, за да се користи и ноќе, а може да биде опремена и со подно греење, за да може да се користи и во зимските денови.

Подземна улица под  “Широк сокак”, кај хотел Епинал

Изведба на едно вакво капитално решение ќе допринесе за сигурноста и безбедноста пешаците, нашите сограѓани. Ќе се растерети централното градско подрачје од сообраќај, а главната пешачка улица, слободно и безбедно ќе функционира. Со помош на оваа собраќајница ќе се слегува во подземниот паркинг, под поштадот Гоце Делчев.

Партерно уредување на плоштадот “Гоце Делчев”

Плоштадот “Гоце Делчев” мора да добие нов изглед со ново партерно и хортикултурно решение. Централниот плоштад во Битола, не смее да биде паркинг за автомобили. Ова треба да биде осмислено место за дружење, одмор и забава. Со неколку фонтани во централниот дел на плоштадот, пешачки патеки, како и со многу зеленило и цвеќиња, овој парк во центарот на Битола, може да биде едно од најатрактивните места, кое ќе пулсира од рано наутро, до касно во ноќта.

Осветлување на кејот на р. Драгор

Коритото, како и кејот на р. Драгор можат да добијат нов и современ лик. Со бетонирање на коритото и инсталирање на нови канделабри за осветлување, како и поставување на ограда долж целата река со многу цвеќиња, во централниот дел на Битола, р. Драгор дополнително ќе ја нагласи убавината на нашиот град. За осветлувањето нема да се користи електрична енергија, ами “зелена енергија”, со помош на сто водни турбини, поставени на дното на реката. 

Осветлување на битолските улици и булевари, со помош на “Зелена енергија”

Старите канделабри за улично осветлување, кои функционираат на електрична енергија, да се заменат со нови канделабри, кој светлината ќе ја добиваат со помош на турбини на ветар и фотоволтаични панели. Секој канделабра ќе има безбедносна камера, со 24 часовен надзор. Ова е голем капитален зафат, но заштедата на финансии од потрошената електрична енергија е повеќекратна. Заштедените средства, можат да се искористат за нови градинки и реновирање на јавни објекти.

Промовирани огласи »

Од утре па натаму ќе се издаваат лични карти со новото уставно име на државата. 

МВР во понеделник ќе ги издаде првите лични карти, а во текот на викендов тие се печатат. Документите, како што вчера одлучи Владата, ќе бидат на обрасци на кои е вметнато новото уставно име и покрај тоа што не беа донесени измените на Законот за лични карти. Ова се случува по два месеци застој.  За ВМРО-ДПМНЕ ова е кршење на Уставот и законите. Од СДСМ издавањето на лични карти со Северна и без да се донесат законските измени е сосема легално. Околу 40.000 граѓани чекаат да добијат нови лични карти. Ни претстои попис, но и локални избори, за кои граѓаните ќе треба да имаат важечки документи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »