Промовирани огласи »

Разузнавачи од Царинската управа спречиле 48 лица со решение за изолација да ја напуштат земјата преку скопскиот и охридскиот аеродором со помош на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и граничната полиција.

Одделенито за разузнавање во склоп на Секторот за Контрола и истраги при Царинската управа во соработка со Царинските службеници од ЦИ Аеродром, ДСЗИ, Граничкната полиција и аеродромскиот оператор ТАВ, во периодот од мај 2021 до денес, има евидентирано и задржано 48 лица кои се обиделе да ја напуштат земјата преку Аеродром Скопје, а воедно се евидентирани на списокот на ДСЗИ како лица инфицирани со вирус Ковид 19 со активно решение за изолација, соопшти Царина.Оваа проверка на патници пријавени за авионски сообраќај се врши по одлука на Владата на и продолжува да се врши на двата аеродроми во Скопје и Охрид по пат на вкрстување на листите на патници со списокот на ДСЗИ на кои им е издадено решение за изолација поради инфекција со вирусот Ковид 19.


За оваа цел се користи системот РАВИО кој автоматски ги селектира и идентификува овие лица. По идентификација на лицата, истите се предаваат на безбедносните служби на Аеродромите кои постапуваат понатаму според нивните овластувања, додаваат од управата.

Промовирани огласи »

Небитно е дали некои од попишувачите се вакциниран или не. Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Симовски на прес-конференција во Владата се заблагодари за владината препорака да се стават на располагање времено вработените во државните институции, но изрази надеж и очекување дека нема да има потреба од нивно ангажирање зашто има, рече, доволен број попишувачи.

Според директорот, пописот е обврска на секој граѓанин, а не доброволна активност. Методологијата на попишувањето, пак, нема да се менува, подвлече, и покрај лошата епидемиолопка слика во државата.

Мислам дека им е јасно на сите дека не можеме сега и воопшто немаме намера да размислуваме во таа насока да ја менуваме методологијата. Донесена е според закон, објавена е во Службен весник и одобрена од Евростат, така што менување на методологијата не доаѓа предвид. Во однос на какво било одбивање за попишување, има закон кој е многу прецизен. Ова е задолжителна активност, обврска на сите. Ова не е доброволна активност, потенцира Симовски.

Во однос на попишувачите, повтори дека очќекува д аима доволне број кандидати.

По тестирањето ќе знаеме колку попишувачи имаме на располагање и тогаш ќе можеме да кажеме дали ќе ни биде потребен дополнителен кадара. Но, очекуваме да имаме секаде доволен број кандидати кои ќе ги избираме согласно конкурсот што денеска завршува. Утре ќе имаме конкретни информации, колку аплицирале за кои пописни реони, а задутре ќе знаеме и точно колку од нив ја поминале селекцијата. Можноста да ги добиеме на располагање времено анагажирание лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема вентуално доволно кадар – раазлични јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи, истакна директорот.

Евнтуално ангажираните, објасни директорот, ќе бидат платени само за работата што ќе ја извршуваат, како и секој друг учесник во пописот. 

Промовирани огласи »

Здравствените работници да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија, порачува Лекарската комора. Ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат таквите случаи.

Објавувањето шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот од страна на медицински работници треба да сопре, апелира Лекарската комора. Реакцијата доаѓа по бројните постови на социјалните мрежи и изјави во медиуми од страна на доктори кои го негираат постоењето на коронавирусот или шират дезинформации за вакцинацијата.

На Фејсбук и другите социјални мрежи постојано циркулираат ставови на доктори, медицински персонал и лица кои се претставуваат како такви, со кои се оспоруваат бројни аспекти на пандемијата- од самата болест до вакцинацијата.

Здравствените работници треба да споделуваат ставови кои се базираат на научно докажани факти и да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија“, порачуваат од Комората.
Тие повикуваат да се пријавуваат кај нив случаите кои „шират псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата, ефектот од почитување на мерките за заштита и опасноста од вирусот.

Од Лекарската комора наведуваат дека вакцинацијата е најефикасното решение за заштита од вирусот, која значително ги намалува шансите за да настане инфекција како и компликации од болеста.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека вчерашната одлука на Владата да им дозволи на угостителите со 30 отсто да работат во затворениот дел е доволно олеснување, но вели дека засега неприфатливи се нивните барања да се дозволи влез на невакцинирани посетители кои се прележани од Ковид-19 најмногу до шест месеци, ниту пак можноста тие да приложат негативен PCR-тест.

Битиќи вели дека ваквата одлука се темели единствено на препораките на Комисијата за заразни болести, но признава дека „во одреден период требало да има многу порестриктивни мерки“.

Единствено заради препораките на Комисијата за заразни болести, секоја нивна препорака се разгледува на седниците на Владата и се носи како одлука. Тоа беше препорака и така се постапи. Во одреден период требаше да има многу порестриктивни мерки, а сега сме во фаза на одреден пик кој треба да започне да се намалува.

Не можам да кажам лично мислење, тоа е одлука на Комисијата. Јас ги почитувам нивните одлуки и не можеме да се мешаме. Треба да имаме разум во одреден временски период, дополнителното ПЦР тестирање нема да го зголеми бројот на посетители. Во моментот кога Комисијата ќе каже дека нешто е возможно, јас прв ќе го поддржат тоа, рече вицепремиерот денеска пред медиумите.

Угостителите бараат промени на новите мерки за заштита од Ковид-19, откако уште во првите денови од нивната примена забалежаа пад на прометот од најмалку 30 проценти во однос на изминатите недели. Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат. 

Најавуваат протести, доколку нема можност за измени на мерките кај потврдата за прележан Ковид во последните 45 дена. Предлагаат таа да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што, како што велат, е согласно препораките на стручната јавност, или приложување на негативен PCR-тест.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »