Промовирани огласи »

Ќе се разгледа опцијата македонските државјани да можат да прават ПЦР тест на граница. За ова прашање ќе има дополнителен став. 

Нашите државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се имунизирани или немаат ПЦР тест ќе мора да одат во седумдневна изолација. Сепак,  властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка. Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата. Македонија со денови има над 1.000 заразени од коронавирусот. Најмногу заболени има во Скопје, Тетово, Гостивар. 

Промовирани огласи »

Новите КОВИД мерки целосно ќе го ослабнат бизнис секторот, реагираат трговците.

Тие максимално ги поддржуваат напорите на институциите да се изборат со вирусот, но сметаат дека мерките се остри. Укажуваат и дека трговските центри се речиси празни, посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.

Уште од почетокот на пандемијата, трговските центри и дуќаните воедно и брендовите комплетно ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите константно носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат, дезинфицираат. Сепак и покрај сите овие мерки, втората мерка за вакцинирани лица целосно или со едно доза, ни направи да прометот се намали за 40 отсто, што повторно се соочивме со уште еден бран на економски пад на нашите брендови, посочуваат од Фешн Груп.

Сити Мол регистрирал големи загуби во последната 1,5 година, од почетокот на пандемијата.

Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 49 проценти, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итната мерка, поточно посетителите во затворените Молови да влагаат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји, појаснуваат од Сити Мол.

Од страна на бизнис секторот велат дека на ваков начин ја отежнува работата на бизнисите и драстично се намалува работата во дуќаните, како и затворање на своите бизниси доколку продолжи со ваквата мерка, така што треба да се најдат други начини да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени.

Земјите во регионот спроведуваат различни методи за мотивирање на поголем број граѓани да се вакцинираат и нема ограничувања за влез во трговските центри. И бевме сведоци дека владите беа во соработка со трговските центри каде што имаше многу станици за вакцинација во трговските центри. Исто така, беше предложена соработка во нашата земја, но за жал остана без никакви повратни информации. Разбираме дека не можеме да ги копираме решенијата на другите земји, реагираат од Сити Мол. 

Промовирани огласи »

Новиот мост Љубљанска ќе се протега на вкупна должина од 940 метри, поврзувајќи ги ул. Илинденска и ул. Скупи, а се очекува да биде готов во наредните 18 месеци. Видеото за овој грандиозен и амбициозен проект го објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук. 

Самиот мост значително ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот, а со широчина од 24 метри и 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, мостот Љубљанска е архитектонско решение што ќе биде првиот висечки мост во Скопје кој ќе овозможи непречено функционирање на сообраќајот и намалување на метежот во овој дел од градот, велат од Град Скопје.

Промовирани огласи »

Словенија воведува строги мерки во пресрет на почетокот на учебната година, затоа што бројот на заболени од коронавирусот расте. 

Вработените во училиштата ако не сакаат да се тестираат на коронавирусот ќе добијат отказ. Министерството за образование испрати писмо во кое информира дека вработените можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат.  Оние што прележале, имунизираните и тестираните треба да направат ПЦР тест, а тие што не се вакцинирани или кои не заболеле ќе мора секоја недела да се тестираат. 

„Неоправданото тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истото ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска“, стои во писмото. 

Доколку ученикот не носи маска не смее да му биде забранет влез во училница, но за прекршувањето ќе мора да бидат известени родителите и случајот да биде предаден на инспекцијата.  За изминатите 24 часа во Словенија се регистрриани 508 новозаболени, 98 пациенти се хоспитализирани, од кои 19 се на интензивна нега. Во целиот регион бројките на инфицирани растат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »