Промовирани огласи »

Новите КОВИД мерки целосно ќе го ослабнат бизнис секторот, реагираат трговците.

Тие максимално ги поддржуваат напорите на институциите да се изборат со вирусот, но сметаат дека мерките се остри. Укажуваат и дека трговските центри се речиси празни, посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.

Уште од почетокот на пандемијата, трговските центри и дуќаните воедно и брендовите комплетно ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите константно носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат, дезинфицираат. Сепак и покрај сите овие мерки, втората мерка за вакцинирани лица целосно или со едно доза, ни направи да прометот се намали за 40 отсто, што повторно се соочивме со уште еден бран на економски пад на нашите брендови, посочуваат од Фешн Груп.

Сити Мол регистрирал големи загуби во последната 1,5 година, од почетокот на пандемијата.

Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 49 проценти, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итната мерка, поточно посетителите во затворените Молови да влагаат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји, појаснуваат од Сити Мол.

Од страна на бизнис секторот велат дека на ваков начин ја отежнува работата на бизнисите и драстично се намалува работата во дуќаните, како и затворање на своите бизниси доколку продолжи со ваквата мерка, така што треба да се најдат други начини да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени.

Земјите во регионот спроведуваат различни методи за мотивирање на поголем број граѓани да се вакцинираат и нема ограничувања за влез во трговските центри. И бевме сведоци дека владите беа во соработка со трговските центри каде што имаше многу станици за вакцинација во трговските центри. Исто така, беше предложена соработка во нашата земја, но за жал остана без никакви повратни информации. Разбираме дека не можеме да ги копираме решенијата на другите земји, реагираат од Сити Мол. 

Промовирани огласи »

Новиот мост Љубљанска ќе се протега на вкупна должина од 940 метри, поврзувајќи ги ул. Илинденска и ул. Скупи, а се очекува да биде готов во наредните 18 месеци. Видеото за овој грандиозен и амбициозен проект го објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук. 

Самиот мост значително ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот, а со широчина од 24 метри и 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, мостот Љубљанска е архитектонско решение што ќе биде првиот висечки мост во Скопје кој ќе овозможи непречено функционирање на сообраќајот и намалување на метежот во овој дел од градот, велат од Град Скопје.

Промовирани огласи »

Словенија воведува строги мерки во пресрет на почетокот на учебната година, затоа што бројот на заболени од коронавирусот расте. 

Вработените во училиштата ако не сакаат да се тестираат на коронавирусот ќе добијат отказ. Министерството за образование испрати писмо во кое информира дека вработените можат да добијат отказ ако одбијат да се тестираат.  Оние што прележале, имунизираните и тестираните треба да направат ПЦР тест, а тие што не се вакцинирани или кои не заболеле ќе мора секоја недела да се тестираат. 

„Неоправданото тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истото ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска“, стои во писмото. 

Доколку ученикот не носи маска не смее да му биде забранет влез во училница, но за прекршувањето ќе мора да бидат известени родителите и случајот да биде предаден на инспекцијата.  За изминатите 24 часа во Словенија се регистрриани 508 новозаболени, 98 пациенти се хоспитализирани, од кои 19 се на интензивна нега. Во целиот регион бројките на инфицирани растат. 

Промовирани огласи »

Младите мора да бидат задоволни од грижата на државата кон нив и од можностите кои им ги обезбедува за остварување на личните и професионални цели. Само на тој начин ќе бидат доволно мотивирани да останат во сопствената земјата и да го реализираат својот потенцијал, што ќе значи и придонес кон севкупниот општествено економски развој. И мислам дека сликата постепено ја менуваме, со тоа што младите во последните неколку години интензивно се вклучуваат во креирањето на политиките кои ги засегаат, а со кои точно се одговара на сите нивни потреби. Така и субвенционираниот студентски оброк, воведените нови стипендии и зголемените износи на постојните се резултат на нивни барања.  

Ова го истакна министерката за образование и наука за време на денешната средба со претставниците на студентските собранија и парламент на најголемата и најстара високообразовна установа во државата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која се разговараше за тековните политики и идни планови на МОН и Владата за унапредување на студентскиот стандард.   Царовска рече дека субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето, затоа што, според проценките на МОН, на околу 40.000 студенти им следува правото да добијат по 2400 денари за 9 месеци во годината, што ќе можат да ги користат за купување здрави оброци.

Со оваа мерка, младите имаат една грижа од финансиска природа помалку за време на студирањето и ќе можат повеќе да се посветат на суштината на процесот на едукација“, рече Царовска потсетувајќи дека аплицирањето е во тек и дека рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година, додека за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.   „Процесот е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка, додаде Царовска.

Министерката потсети дека наскоро ќе следува и аплицирање за остварување на правото на студентска стипендија, а годинава МОН и Владата одлучија политиката на стипендирање значително да ја променат, за да се обезбеди што поголема поддршка на поголем број млади кои студираат на додипломски, постдипломски и докторски студии во државата.  

Годинава значително ги зголемивме износите на постојните стипендии. Сега сите се во висина од 6050 денари месечно и тоа за некои категории значи зголемување за над 80% од износот кој се исплаќаше досега. Непроменети останаа само стипендиите за студенти запишани на студии по математика, хемија и физика кои и натаму ќе добиваат по 18.000 денари месечно, рече Царовска.  Таа информираше дека за прв пат се воведени и стипендии за трет циклус на студии за одредени дефицитарни струки, за што се предвидени 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а по цела една деценија, повторно достапни се и стипендиите за постдипломски студии во државата, за што е предвидено да се доделат 50 стипендии од по 9.000 денари за 9 месеци во годината.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »