Плажите долж брегот на јадранското море во Хрватска се преполни со луѓе. Разноразни тури предводени од водич се целосно резервирани, рестораните се преполни, а исто така и голем број на бродови биле однапред изнајмени.
Летниот туризам оваа година во Хрватска ги надмина сите очекувања, иако владееше стравот дека можеби пандемијата ќе ги обесхрабри луѓето да патуваат.
“Многу е подобро оваа година, исто како 2020 да не се случила“-изјави Јосип Црчевиќ, туристички водич во Дубровник, еден од најпознатите градови во Хрватска и популарна дестинација за летување.
Оваа балканска земја има доживеано неколку годишна војна во 1990-тите, но сепак пред пандемијата беше топ дестинација за одмор, посетена и од европски и американски посетители кои можеа да уживаат во малите градови, големиот број на острови кои имаат природна убавина, како и специјалитети со морски плодови.
Успехот на летната сезона во Хрватска може да направи големи промени во нејзината економија. Туризмот учествува до 20% од бруто домашниот производ, а она што посетителите ќе го потрошат е од суштински значење за приходите на локалните жители кои што може да изнајмуваат сместување или пак да водат друг бизнис поврзан со туризмот.
Иако луѓето овде се подготвуваа оваа година да биде подобра од минатата поради појавата на вакцини против ковид-19, министерот за туризам ја опиша побарувачката за одмор во Хрватска во јули и август како извонредна.
“Почнувајќи од 10-ти август, ноќевањата во Хрватска се зголемија за 69% од рекордниот број на ноќевања забележани во 2019 година “-изјави Николина Брњац, министерка за туризам .
Дубровник, кој е познат како “бисер“ на крајбрежјето со својот средновековен стил и под заштита на УНЕСКО, оваа година имаше полни улици луѓе кои можеа да уживаат во сите убавини што ги нуди овој град.
Голем дел од туристите одлучија дека еден од начините да останат безбедни е да изнајмат едрилици и да ги обиколуваат хрватските острови и заливи.
Како потсетник за ризикот од ковид-19, на еден од камените ѕидови е поставен огромен знак кој ги предупредува луѓето да држат дистанца, да ги мијат рацете и да носат маски. Во Хрватска носењето маска е потребно само во затворени простории, но не и на отворено.