Промовирани огласи »

Изиџет (еasyJet), водечката европска авиокомпанија според мрежата на авиолинии, продолжува со својата заложба и инвестирање во Европа со отворање на нова авиолинија од Женева, Швајцарија, до Скопје, Северна Македонија, известуваат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, откако авиокомпанијата го најави воведувањето на оваа воздушна конекција.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот главен град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.

Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1.476 денари за авиобилет во една насока.

Како што изјавија од Изиџет (easyJet), оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Од ТАВ Македонија се среќни што ја слушаат веста дека авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар со отворањето на нова авиолинија Женева–Скопје, и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања. 

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел. 

За детали за редот на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје, за Заминувања посетете ја веб страницата http://www.airports.com.mk/en-EN/flights/departure-flights; додека за Пристигнувања кликнете на http://www.airports.com.mk/en-EN/flights/arrival-flights

Промовирани огласи »

Во второто тримесечје од годинава во земјава имало 1.681.862 работоспособни граѓани од кои активни лица биле 945.412, при што 795.271 биле вработени, а 150.141 невработени. Стапката на активност во овој период е 56,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност и на вработеност е за по 0,2 повисока во споредба со првото тримесечје од годинава, додека стапката на невработеност е помала за 0,1. 

Промовирани огласи »

Германски „Билд“ тврди дека владеачката коалиција ЦДУ / ЦСУ и СПД се договориле да им дадат можност на работодавачите во одредени компании и институции да прашаат за статусот на вакцинација, како и да не вработуваат невакцинирани лица, односно да ги префрлат на друга работна позиција.

Ова произлегува од документот испратен од владејачките партии до Комисијата за здравствени прашања, кој ќе го проследи до Бундестагот следната недела.

Во документот, тврди весникот, се наведува дека статусот на вакцинација може да се користи како објаснување за одлуката во врска со работниот однос, како и видот и начинот на вработување.

Новата можност, дадена на работодавачите, треба да биде во сила се додека трае вонредната ситуација со корона, која Бундестагот ја продолжи на три месеци минатата недела.

Инаку, овие правила треба да важат првенствено за клиниките, ординациите на докторите, градинките, затворите, домовите за стари лица и стари лица, како и институциите.

Промовирани огласи »

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил најави дека Скопје го добива првиот смарт паркинг.

– Почеток на монтажа на сензорите за првиот смарт паркинг во Скопје, кај Зоолошка.Скопје, една поинаква приказна! 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »