Промовирани огласи »

По примерот на Исланд и Нов Зеланд, сега и Шкотска воведува четиридневна работна недела. Ова право ќе можат да го користат одредени групи, како што се родители со мали деца, и тоа нема да влијае на нивниот приход, бидејќи ќе земаат целосна плата, како да работат 40 часа неделно.

Идејата е да се подобри продуктивноста и односот кон вработените

Меѓутоа, оваа мерка не е безусловна, идејата е да се подобри односот кон вработените, но и нивната продуктивност, и тие да постигнат исти резултати со овие 80 отсто од работното време како да работат со полно работно време, пишува Би-би-си.

Ова доаѓа по закрепнувањето од мерките воведени за борба против коронавирусот, бидејќи има голем отпор кај канцелариските работници во врска со враќањето на работа. Ова е разбирливо со оглед на тоа што тие работат од дома веќе 18 месеци.

Шкотите, со цел да ги поттикнат работниците да се вратат на работа, се досетиле за предлогот за четиридневна работна недела, односно тридневен викенд.

Со цел да се уверат дека населението гледа благонаклонето на оваа мерка, тие спровеле анкета, која тоа и им го потврдила. Дури 80 отсто од нив би сакале да работат на овој принцип. Истиот процент, а веројатно и истите луѓе, велат дека тоа ќе ја подобри нивната благосостојба.

На работодавците не им е привлечна

На пример, големата медиумска куќа Би-би-си, го воведе овој начин на работа, но тоа не им донесе ништо добро на вработените. Сега, наместо да работат пет дена по осум часа, тие за четири дена имаат девет работни часа.

Уште некои големи работодавци се досетиле на тоа оваа мерка да им биде замена за можни зголемувања на платата.

Сепак, ова не е основната идеја на кампањата. Нејзината цел е да ги намали работните часови за 20 отсто без да ја намали продуктивноста, така што платите ќе останат исти.

Промовирани огласи »

Најдобрата понуда во мобилната телефонија со неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, богато конвергентно портфолио, најсовремени телефони и супериорна услуга на најбрзата мобилна мрежа се само дел од поволностите што ги добиваат корисниците на А1 Македонија во септемвриската промоција.

А1 Македонија со гордост ја одбележува втората година од воведувањето на А1 брендот на македонскиот пазар со приматот – најголем мобилен оператор со најбрз мобилен интернет и со најголем број корисници во мобилната телефонија, потврдено со извештајот од Агенцијата за електронски комуникации.

Во овој период А1 Македонија ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација преку најсовремена мрежа и да ги креира најдобрите понуди за мобилни и фиксни услуги како и нивна комбинација во конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни и интернет услуги и телевизија на фиксна локација и тоа по најповолни услови.

Инвестициите од над 30 милиони евра насочени во изградба на сопствена најсовремена мобилна мрежа на корисниците им овозможуваат најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со ултра висок HD  квалитет. Понатаму, постојаното вложување во проширувањето на фиксната мрежа за интернет и телевизија овозможува пристап преку кабелска и оптичка мрежа до над 270 илјади домаќинства со супербрз стабилен интернет и најквалитетна телевизија на пазарот со интерактивни функционалности.

“Изминатите две години за А1 брендот значеа постојан раст, период кој иако исполнет со бројни предизвици, стана синоним за технолошки развој во кој постојано ја предизвикуваме иднината со посветено креирање најдобри производи и услуги кои на корисниците им овозможуваат повеќе вредности и тоа со најповолни услови. Посветеноста кон постојано градење доверба со нашите корисници го докажуваме со континуирана надградба на сопствената мрежа што резултира со стабилна и најбрза мобилна интернет конекција, неопходна во секојдневната комуникација и поттикнување на дигиталниот начин на живеење.”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Оттука, септемвриската промоција А1 Македонија ги пресретнува потребите за брза и неограничена комуникација и за прв пат на македонскиот пазар корисниците добиваат неверојатни 100GB мобилен интернет месечно во тарифниот модел A1 Neo M+ кој доколку не се потроши се зачувува и понатаму може да се размени за дополнителни бенефити преку апликацијата Мојот А1. Дополнително, корисниците може да одберат смарт- телефон по одлична цена, како на пример, Samsung Galaxy A12 по цена од 189 ден./месечно или Xiaomi Redmi 9T по цена од 149 ден./месечно.

А1 го збогати и A1 Combo портфолиото кое нуди единствена флексибилност на интернет, телевизија и мобилни услуги со можност за креирање на ТВ програмската шема. A1 Combo корисниците секогаш добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари.

“Нашето големо А1 семејство кое брои над милион корисници е модерно и динамично, секогаш подготвено за предизвици и да живее нови искуства. Горди сме што и овојпат придонесуваме за непречена комуникација на секој поединечно и за целото семејство. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да ја обликуваме сегашноста и да ја предизвикаме иднината со најсовремени дигитални решенија кои ги ставаме на располагање на нашите корисници.“, потенцира Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk

Погледнете го видеото од презентацијата.

Промовирани огласи »

Изиџет (еasyJet), водечката европска авиокомпанија според мрежата на авиолинии, продолжува со својата заложба и инвестирање во Европа со отворање на нова авиолинија од Женева, Швајцарија, до Скопје, Северна Македонија, известуваат од ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, откако авиокомпанијата го најави воведувањето на оваа воздушна конекција.

Македонскиот главен град ќе се поврзува со швајцарскиот главен град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.

Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1.476 денари за авиобилет во една насока.

Како што изјавија од Изиџет (easyJet), оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.

Од ТАВ Македонија се среќни што ја слушаат веста дека авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар со отворањето на нова авиолинија Женева–Скопје, и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања. 

Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел. 

За детали за редот на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје, за Заминувања посетете ја веб страницата http://www.airports.com.mk/en-EN/flights/departure-flights; додека за Пристигнувања кликнете на http://www.airports.com.mk/en-EN/flights/arrival-flights

Промовирани огласи »

Во второто тримесечје од годинава во земјава имало 1.681.862 работоспособни граѓани од кои активни лица биле 945.412, при што 795.271 биле вработени, а 150.141 невработени. Стапката на активност во овој период е 56,2, стапката на вработеност 47,3, додека стапката на невработеност изнесува 15,9.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност и на вработеност е за по 0,2 повисока во споредба со првото тримесечје од годинава, додека стапката на невработеност е помала за 0,1. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »