Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека попишувањето се одвива со нормален интензитет и темпо. Ваквото соопштение следува по пауза од четири дена во кои беа регистрирани технички проблеми.

Од таму посочуваат дека при спроведување на големи акции, со користење на високософистицирана технологија, нормална е појавата на прекини од ваква природа.

Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности. При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок, наведува организаторот на статистичката операција.

Од таму додаваат дека зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им стои на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска преку соопштение ги потсетува работодавците во приватниот сектор да исплатат регрес за годишен одмор, популарно К-15, бидејќи тое е законска обврска.

Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите– ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле. Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, велат од ССМ.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е просечната месечна нето плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

На барање на ССМ,  Владата прифати, а работодавачите добија поголемо даночно ослободување при исплата на регрес за годишен одмор, а со таквото даночно ослободување до 80% од просечната плата, е надмината пречката работодавачите да исплаќаат и повисок износ на регрес за годишен одмор од утврдениот во висина од 40%.

На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција преку новата мобилна апликација ССМ – мои работнички права за да можеме да интервенираме до Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права, велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Украина е петта земја во изминатите неколку недели која воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути.

Украинскиот Парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега треба да го потпише претседателот Володимир Зеленски.

Досега, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, при што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат виртуелни монети, но компаниите и берзите кои се занимаваат со криптовалути честопати беа под контрола на финансиската полиција.

До 2022 година, Украина планира да отвори пазар за криптовалути за компаниите и инвеститорите, пишува „Киев пост“.

Новиот закон предвидува одредени мерки за заштита од измама за иматели на биткоин и други криптовалути, а пратениците во Врховната рада ја дефинираа и основната терминологија во светот на криптовалутите, како што се термините виртуелна сопственост, дигитален паричник, приватни клучеви, итн.

За разлика од Ел Салвадор, кој оваа недела го усвои биткоинот како легално средство за плаќање, украинскиот крипто-закон не значи воведување на биткоин како платежно средство, ниту пак го става на еднакво рамниште со националната валута на земјата – гривна

Промовирани огласи »

Tinker Labs едукацијата е иновативен образовен систем кој ги опфака сите области од СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инжинерство, математика и уметност) интегрирајќи ги заедно преку интердисциплинарен пристап на учење. Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со уникатниот Tinker Labs метод и пристап на учење, кој користи иновативни и напредни методи и техники на едуцирање на децата, создаваат извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелктуален и социо – емоционален развој кај децата, покрај стекнувањето на квалитетно и функционално академско знаење.

Магијата на Tinker Labs едукацијата се состои во посебниот метод на учење, каде што децата учат во училници, кои изгледаат на мали иновативни лаборатории и сето знаење го стекнуваат преку работа на реални проекти, експерименти, истражувања, наоѓање на иновативни решенија и изработка на модели и прототипови.

Сакате да ја почуствувате магијата на Tinker Labs едукацијата?

Вратите на трите Tinker Labs училишни центри во Скопје, Струмица и Радовиш се отворени за сите заинтересирани деца и родители. Повелете на бесплатен пробен час и направете разлика.
Регистрирајте се на тел:

Tinker Labs Skopje – 075 387 485
Tinker Labs Strumica – 071 242 476
Tinker Labs Radovish – 070 226 489

За повеќе информации: https://tinkerlabs.mk/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »