Доколку активно барате работа, задоволство ни е да ви ги претставиме детално компаниите кои се во процес на проширување на своите тимови овој месец.
.jpg)
Од светската авто мото индустрија, MAGNA International во моментот има отворени работни места за
Security analyst
Product engineer - wire harnesses

Доколку имате одлични вербални способности, и имате познавање на странски јазици кои во моментот се потребни во одделот за грижа на корисници, City Connect нуди отворени работни места со познавање на чешки, словашки и германски јазик

Quantox Technology е основан врз принципот на вредна работа, грижа за вработените, како и за клиентите, одговорно однесување и пробување на нови терени на сите нивоа. Како вреден член на нивниот тим, тесно ќе соработувате со тим од високо квалификувани развивачи на проекти од различни големини. Во моментот погледнете ги отворените работни места од IT индустријата кои нудат одлични услови за работа.
За сите оние кои бараат работа во Куманово, Compass Management International е во потрага по LOAN PROCESSING SPECIALIST
Validata Development е дел од групацијата Validata Group која е мултинационална компанија, основана во 2004 година. Исите се занимаваат со развивање на иновативни производи за банкарскиот сектор повеќе од една деценија. Компанија, исто така, нуди имплементација и консултантски услуги за своите клиенти низ целиот свет и е во потрага по
SENIOR PYTHON DEVELOPER.
SENIOR C# .NET DEVELOPER
Big Business Solutions е нова, млада и просперитетна компанија на која во моментот им се потребни луѓе кои се активни говорители на германски и шпански јазик.

MERE маркетите се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година ( под името СВЕТОФОР - во Русија), има отворено веќе продажни објекти и во Србија кои наидоа на одличен одзив кај српските граѓани а во план е зацртано и отварање на 100 маркети со површина од околу 1000 м2. За потребите на компанијата се бараат
СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР (РУСКИ ЈАЗИК)
МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКИ
BtoBet е пионер во технолошките решенија за спортско обложување и онлајн казина, обезбедувајќи спортски обложувалници и решенија за казино преку Интернет и целосен опсег на услуги за управување на партнерите. Технолошката интелигенција заедно со желбата да се пронајдат иновативни решенија, овозможуваат предвидување на идните потреби на индустријата, што резултира со конкурентни решенија и резултати во бизнис светот. Сите 7 различни отворени работни позиции и детали за нив можете да ги погледнете ТУКА
ЦМ ДЕЛТА За потребите на новите продажните салони на TOMMY HILFIGER, CALVIN KLEIN, GANT, OVS KIDS, L'OCCITANE потребни се ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ. Обезбеден е стабилен пакет за вработување со фиксна плата + бонус за реализирани продажби, континуирана обука на вработените, позитивна и убава атмосфера за работа во најдобрите продажни салони во Скопје. Работа во смени, со полно работно време од 6 часа дневно.
ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, има потреба од АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО.
Казино СТАР има активни огласи за вработување во три града во државата. Погледнете ги огласите за Охрид, Струга и Дебар и аплицирајте на линкот доколку сте заинтересирани за динамична работа.
Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај. Вработените во Be-Da Logistics се стручно обучени да ги извршуваат своите задачи и добро координирани за целосно задоволување на потребите на нивните клиенти. Лојалноста и дискрецијата се дел од нивните главни карактеристики. Вработете се во една од нивните локации во Скопје, Прилеп, Струга или Кочани и придружете се на одличниот тим.
Над 4300 компании ни ја дадоа довербата да ги изградиме нивните одлични тимови, вклучетете се во успешните тимови на компаниите кои вработуваат овој месец преку kariera.mk
Тагови: Кариера Онлајн