Асистент во сметководство

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ВСС Економски факултет;
  • Напредно познавање на работа со компјутер и активно користење на Excel;
  • Претходно работно искуство во областа на сметководство и финансии најмалку 3 години;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Поседување на уверение за сметководител;
  • Ориентираност кон рокови, добри аналитички способности, уредност и одговорност.

Одговорности и работни задачи

  • Администрирање, книжење и проверка на влезни документи согласно законските прописи, интерните правилници и сметководствените стандарди;
  • Контрола на картици на добавувачи и купувачи;
  • Анализа и книжење на залиха на репроматеријали;
  • Евиденција и контрола на благајна и пресметка на патни трошоци на вработени;
  • Водење на регистар на основни средства и пресметка на амортизација;
  • Составување на даночни пријави и други извештаи за државните органи;
  • Други работни задачи доделени од работодавачот;

Што нудиме

  • Конкурентни месечни примања;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
  • Организирана исхрана и превоз;

Доколку ги поседувате потребните вештини и сте заинтересирани за работа во одлична работна средина, заедно со амбициозен и професионален тим, испратетете го вашето CV задолжително со назнака за Асистент во сметководство, најдоцна до 20.09.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »