Промовирани огласи »

Владата очекува Предлог-измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден наскоро да ги помине собраниските процедури и да биде изгласан во Собранието.

Владиниот портпарол Муахед Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата апелираше до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение.

Предлогот на закон за измени на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор се уште не е ставен на дневен ред во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Очекуваме дека ова законско решение наскоро ќе помина на матичната комисија во Собранието и потоа согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците на пленарна седница. Апелираме до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните, истакна Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври. 

Промовирани огласи »

Зголемен e бројот на туристи и ноќевања. 

Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто. Kај домашните туристи растот е за 56,6 отсто, а кај странските за 56,6 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој  66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618.314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала, смета министерот за економија Крешник Бектеши. 

Oд Србија имало над 8.500 туристи, од Турција 2.811, од Германија 2.392, од Албанија 1.286 туристи. 

Промовирани огласи »

И денес расте вредноста на криптовалутите. 

За 24 часа, вкупната вредност на пазарот за криптовалути имаше минимален раст од 0,1 проценти. Биткоинот има благ раст од 0,8 проценти во претходното деноноќие. Етереум достигна минимален раст, од 0,3 проценти. Моменталната цена на етереумот е 3.302 долари. 

Се проценува дека биткоинот може да достигне вредност од 100.000 долари. Во тој случај и етереумот ќе расте. 

  

Промовирани огласи »

Работниците во земјава намногу го користат анонимното пријавување на прекршување на нивните права и речиси 62 отсто од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права биле анономни. Најголем дел од пријавите биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци и придонеси од плата, покажуваат податоците од апликацијата ССМ – мои работнички права.

Од податоците може да се види дека најголем број пријави или 61 процент биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата, 18 отсто во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор, 12 отсто се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос, пет проценти се во врска со безбедност и здравје при работа и четири проценти биле во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.

Во однос на тип на пријави во најголем дел или 63 отсто се жалби, 22 отсто се за прекршоци и 15 отсто се барања.

Педесет и девет проценти од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29 отсто од пријавите се во процедура, а 12 отсто се отворени и за нив се чекаат дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос, нагласуваат од ССМ.

Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 проценти од вработени, а 13 отсто од нив се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.

Сојузот на синдикатите на Македонија, потсетува дека врз основа на предлозите на работниците за потребата од поголема достапност за овозможување бесплатна правна заштита воведе нова алатка, ССМ – мои работнички права која претставува прва мобилна апликација преку која работниците и граѓаните им се овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија. Апликацијата нуди можност за пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »