Промовирани огласи »

Зголемен e бројот на туристи и ноќевања. 

Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто. Kај домашните туристи растот е за 56,6 отсто, а кај странските за 56,6 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој  66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618.314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала, смета министерот за економија Крешник Бектеши. 

Oд Србија имало над 8.500 туристи, од Турција 2.811, од Германија 2.392, од Албанија 1.286 туристи. 

Промовирани огласи »

И денес расте вредноста на криптовалутите. 

За 24 часа, вкупната вредност на пазарот за криптовалути имаше минимален раст од 0,1 проценти. Биткоинот има благ раст од 0,8 проценти во претходното деноноќие. Етереум достигна минимален раст, од 0,3 проценти. Моменталната цена на етереумот е 3.302 долари. 

Се проценува дека биткоинот може да достигне вредност од 100.000 долари. Во тој случај и етереумот ќе расте. 

  

Промовирани огласи »

Работниците во земјава намногу го користат анонимното пријавување на прекршување на нивните права и речиси 62 отсто од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права биле анономни. Најголем дел од пријавите биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци и придонеси од плата, покажуваат податоците од апликацијата ССМ – мои работнички права.

Од податоците може да се види дека најголем број пријави или 61 процент биле во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата, 18 отсто во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор, 12 отсто се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос, пет проценти се во врска со безбедност и здравје при работа и четири проценти биле во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.

Во однос на тип на пријави во најголем дел или 63 отсто се жалби, 22 отсто се за прекршоци и 15 отсто се барања.

Педесет и девет проценти од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29 отсто од пријавите се во процедура, а 12 отсто се отворени и за нив се чекаат дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос, нагласуваат од ССМ.

Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 проценти од вработени, а 13 отсто од нив се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.

Сојузот на синдикатите на Македонија, потсетува дека врз основа на предлозите на работниците за потребата од поголема достапност за овозможување бесплатна правна заштита воведе нова алатка, ССМ – мои работнички права која претставува прва мобилна апликација преку која работниците и граѓаните им се овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија. Апликацијата нуди можност за пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.  

Промовирани огласи »

Доколку активно барате работа, задоволство ни е да ви ги претставиме детално компаниите кои се во процес на проширување на своите тимови овој месец.

Од светската авто мото индустрија, MAGNA International во моментот има отворени работни места за 

Security analyst

Product engineer - wire harnesses

Доколку имате одлични вербални способности, и имате познавање на странски јазици кои во моментот се потребни во одделот за грижа на корисници, City Connect нуди отворени работни места со познавање на чешки, словашки и германски јазик 

Quantox Technology е основан врз принципот на вредна работа, грижа за вработените, како и за клиентите, одговорно однесување и пробување на нови терени на сите нивоа. Како вреден член на нивниот тим, тесно ќе соработувате со тим од високо квалификувани развивачи на проекти од различни големини. Во моментот погледнете ги отворените работни места од IT индустријата кои нудат одлични услови за работа.

За сите оние кои бараат работа во Куманово, Compass Management International е во потрага по LOAN PROCESSING SPECIALIST

Validata Development е дел од групацијата Validata Group која е мултинационална компанија, основана во 2004 година. Исите се занимаваат со развивање на иновативни производи за банкарскиот сектор повеќе од една деценија. Компанија, исто така, нуди имплементација и консултантски услуги за своите клиенти низ целиот свет и е во потрага по
SENIOR PYTHON DEVELOPER.
SENIOR C# .NET DEVELOPER

Big Business Solutions е нова, млада и просперитетна компанија на која во моментот им се потребни луѓе кои се активни говорители на германски и шпански јазик.

MERE маркетите се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година ( под името СВЕТОФОР - во Русија), има отворено веќе продажни објекти и во Србија кои наидоа на одличен одзив кај српските граѓани а во план е зацртано и отварање на 100 маркети со површина од околу 1000 м2. За потребите на компанијата се бараат 

СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР (РУСКИ ЈАЗИК)
МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКИ

BtoBet е пионер во технолошките решенија за спортско обложување и онлајн казина, обезбедувајќи спортски обложувалници и решенија за казино преку Интернет и целосен опсег на услуги за управување на партнерите. Технолошката интелигенција  заедно со желбата да се пронајдат иновативни решенија, овозможуваат предвидување на идните потреби на индустријата, што резултира со конкурентни решенија и резултати во бизнис светот. Сите 7 различни отворени работни позиции и детали за нив можете да ги погледнете ТУКА

ЦМ ДЕЛТА За потребите на новите продажните салони на TOMMY HILFIGER, CALVIN KLEIN, GANT, OVS KIDS, L'OCCITANE потребни се ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ.  Обезбеден е стабилен пакет за вработување со фиксна плата + бонус за реализирани продажби, континуирана обука на вработените, позитивна и убава атмосфера за работа во најдобрите продажни салони во Скопје. Работа во смени, со полно работно време  од 6 часа дневно.

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, има потреба од АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО.

Казино СТАР има активни огласи за вработување во три града во државата. Погледнете ги огласите за Охрид, Струга и Дебар и аплицирајте на линкот доколку сте заинтересирани за динамична работа.

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај. Вработените во Be-Da Logistics се стручно обучени да ги извршуваат своите задачи и добро координирани за целосно задоволување на потребите на нивните клиенти. Лојалноста и дискрецијата се дел од нивните  главни карактеристики. Вработете се во една од нивните локации во Скопје, Прилеп, Струга или Кочани и придружете се на одличниот тим.

Над 4300 компании ни ја дадоа довербата да ги изградиме нивните одлични тимови, вклучетете се во успешните тимови на компаниите кои вработуваат овој месец преку kariera.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »