Промовирани огласи »

Поранешниот авганистански министер Сајед Садат, откако пред неколку години си даде оставка, сега е доставувач на храна во Германија. 

Тој заработува за живот во Германија како доставувач на храна со велосипед. Заработува по 15 евра на час. Овој човек месечно поминува 1.200 километри на велосипед. 

„Нема срам во тоа. Бизнисот е бизнис”, рече тој за АФП.

По оставката, тој се вработи како советник во авганистанскиот телекомуникациски сектор. Но, до 2020 година ситуацијата во земјата се влоши и тој одлучи да замине.

Садат има двојно авганистанско-британско државјанство, но не може да се вработи во оваа професија во Британија, па затоа се одлучи за Германија, каде што виде повеќе можности за тоа. Проблемот, сепак, е што тој не зборува германски јазик. 

Садат беше министер за комуникации во авганистанската влада од 2016 до 2018 година, но поднесе оставка затоа што повеќе не може да толерира корупција во владата.

Тој е еден од илјадниците Авганистанци кои се преселија во Германија. Од 2015 година околу 210.000 Авганистанци побарале азил во Германија.  Со враќањето на Талибанците на власт, Германија евакуираше уште 4.000 Авганистанци од земјата. Талибанците сега наметнуваат многу ограничувања за жените, но и за оние кои соработувале со САД. Дури имаше и обвинувања за киднапирања. 

Промовирани огласи »

Како да започнеш кариера како Citizen Developer, без IT познавања и за само 4 месеци?

Да работиш во светот на ИТ индустријата претставува најфлексибилно и најмодерно искуство како професија, можe да просперираш со многу труд и упорност. Со сите ИТ вештини кои ќе ги поседуваш можеш да создадеш многу неверојатни работи кои што никогаш не си ни помислил/а дека постојат и се вистински. Посебно професијата како Citizen Developer, која станува се повеќе популарна во ИТ светот каде што можеш на најбрз и најефикасен начин да креираш Microsoft бизнис апликации за најразлични индустрии.

Во продолжение подготвивме за тебе се што ти е потребно да знаеш доколку си заинтересиран/а и се одлучиш да започнеш кариера како Citizen Developer иако немаш предзнаење од ИТ технологии.

Што претставува Citizen Developer?

Citizen Developer претставува ИТ професионалец кој што креира бизнис апликации, без претходно искуство во кодирање, користејќи платформи без код или со малку код, со цел да одговори на специфичните потреби на корисникот и да ја подобри оперативната ефикасност во рамките на една компанија. 

Платформите кои што се користат, содржат постоечки така наречени елементи базирани на код, за да го забрзат процесот на создавање бизнис апликации. Притоа нивната лесна употреба им овозможува поедноставно да се прават промени како што се развива компанијата или се прошируваат процесите во истата.

 Улогата на еден Citizen Developer не само што го забрзува процесот на развој на нови апликации, туку и го намалува товарот во одделите на ИТ, со тоа што им ја олеснуваат одговорноста и им даваат простор и можност да дадат приоритет и да се справат со побитните задачи во компанијата.

Какво предзнаење треба да имаш пред да започнеш кариера како Citizen Developer?

За започнување на кариера како Citizen Developer не е потребно познавање на програмски јазици. Секој заинтересиран кој има интерес за учење и е спремен да посвети многу труд и упорност за да ја совлада работата може да стане Citizen Developer со следење на одредена програма за учење.

Програмата што ја нуди Axapta Learning Center е наменета за луѓе кои имаат желба да се сертифицираат за да започнат нова кариера или да ја надоградат досегашната во ИТ индустријата. За да започнеш со програмата не ти е потребно никакво предзнаење бидејќи истата е прилагодена за почетници во областа. Часовите се структурирани на начин на кој секој може лесно да се вклопи и да започне да ги надградува своите вештини.

Кои се придобивките од кариера како Citizen Developer?
Големи можности за вработување

Денес се повеќе и повеќе се зголемува потребата од креирање на бизнис апликации во сите компании во светот. А потребата за брзо креирање на апликации без потреба за вработување на програмери го олеснува процесот на работење. Затоа тука им стојат на располагање луѓето со професија како Citizen Developer за да ги завршат работите на побрз и ефикасен начин.

Можеш да го прошириш знаењето и во други области

Работејќи како Citizen Developer значи дека веќе знаеш како функционираат другите ИТ професии и задачи во светот на ИТ индустријата, со што знаеш од каде да започнеш и дека со труд и учење на некоја нова технологија може лесно да се прошириш и во другите области надвор од оваа професија.

Соработка со другите оддели во компанијата

Работејќи како Citizen Developer подразбира работење и комуницирање во тим со другите оддели во компанијата. Иако платформите без код или со малку код на кои работат им овозможуваат да креираат бизнис апликации без помош од ИТ тимот, најдобрите резултати често се постигнуваат кога се соработува заедно.

Добро платена професија

Побарувачката за Citizen Developer продолжува да расте. Затоа работодавците, нудат повисоки плати за да ги добијат најдобрите и најталентираните професионалци во своите компании. Според повеќе истражувања се докажува дека платата за професијата како Citizen Developer може да биде исто висока и како останатите професии во ИТ индустријата во светот. 

Како на нај едноставен и ефикасен начин можеш да станеш Citizen Developer?

Започнувањето на нова кариера воопшто не е лесно и брзо. Цел твој живот учиш и се надградуваш. Едноставно што треба е да посветиш многу труд и упорност. Вклопено сето тоа заедно со програмата на Axapta Learning Center за Citizen Developer ти се отвара можност за почеток на една нова перспективна кариера.

Програмата за Citizen Developer трае 4 месеци и е креирана од теоретски и практични часови, тестови и вежби, со кои ќе имаш можност да работиш на проекти на клиенти од секаде во светот, преку Axapta Masters. По завршувањето на програмата ти се отвара можност за полагање на официјална Microsoft сертификација која е глобално признаена и со истата може да се работи во компании од целиот свет.

Доколку те заинтересира тоа што го прочита погледни ја програмата и подготви се за твојата кариерна авантура. Се што треба е да бидеш упорен/а и да вложиш многу труд за да ги постигнеш своите цели.

Почетокот на првата група е во Октомври 2021 година. Пополни ја апликацијата тукa или исконтактирај не на 070 237 065 доколу имаш било какви прашања.

Промовирани огласи »

Владата очекува Предлог-измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден наскоро да ги помине собраниските процедури и да биде изгласан во Собранието.

Владиниот портпарол Муахед Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата апелираше до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение.

Предлогот на закон за измени на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор се уште не е ставен на дневен ред во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Очекуваме дека ова законско решение наскоро ќе помина на матичната комисија во Собранието и потоа согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците на пленарна седница. Апелираме до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните, истакна Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври. 

Промовирани огласи »

Зголемен e бројот на туристи и ноќевања. 

Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто. Kај домашните туристи растот е за 56,6 отсто, а кај странските за 56,6 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 46,4 отсто, кај домашните туристи за 36,4 и кај странските за 79 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2021 година изнесувал 136 291, од кој  66,4 отсто биле домашни, а 33,6 проценти странски. Бројот на ноќевањата, пак, достигнал 618.314 и од него, 83 отсто се од домашни, а 17 проценти од странски туристи.

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала, смета министерот за економија Крешник Бектеши. 

Oд Србија имало над 8.500 туристи, од Турција 2.811, од Германија 2.392, од Албанија 1.286 туристи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »