Промовирани огласи »

Повеќе од 100 HR професионалци присуствуваат на првото издание на Global HR Trends Summit - от, кој се одржува во Будва, Црна Гора. Ова е прв настан во регионот, на кој учество земаат познати говорници од целиот свет, а е организирано од P World.

Во 2017 година го подигнуваме настанот на сосема ново ниво воведувајќи нови говорници/презентери, комплетно нови презентации и тони на интерактивни дискусии кои ќе ви помогнат при решавањето на најголемите предизвици за 2017 година во областа на лидерството, HR и стратешкиот развој.

Сличен ваков настан ќе се одржи во Скопје на 29ти Септември, каде ексклузивен партнер на настанот ќе биде KARIERA.mk.
 

Catalina Schveninger (Vodafone), Colin Graham (Facebook), Kim Wylie (Google) и Gabriele Metz (Ericsson), се само дел од познатите говорници и учесници на самитот.
 

Промовирани огласи »

Утринава на берзите во Азија еврото зајакна во однос на главните светски валути по изборот на проевропскиот либерален кандидат Емануел Макрон за нов претседател на Франција и неговата победа над кандидатката на крајната десница Марин ле Пен, јавија француските медиуми.

Непосредно по објавувањето на резултатите, еврото зајакна до 1,1023 долари, во споредба со 1,0999 долари во петокот вечерта во Њујорк. Со ова, еврото го достигна својот највисок курс од ноември минатата година.

Утринава едно евро се продава за 124,59 јени, во споредба со 124,05 јени на крајот од минатата недела и го достигна својот највисок курс кон јапонската валута по повеќе од една година.

Девизните берзи „колективно воздивнаа со олеснување“, но оваа позитивна реакција веројатно кратко ќе трае, оцени австралискиот банкарски експерт Фил Боркин.

– Прашање е дали Макрон ќе добие мнозинство на парламентарните избори следниот месец, додаде тој.

Сметаме дека во следните неколку недели еврото може да зајакне, бидејќи Европската централна банка ќе покаже поголема самоувереност по намалувањето на ризиците во еврозоната, изјави Реј Атрил од Националната банка на Австралија.

Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување доделува 4.000 евра неповратни грантови за невработени лица, кои ќе покренат сопствен бизнис, а со оваа мерка предвидено е да се вработат 1.050 невработени лица и да се отворат околу 1.000 нови микро претпријатија.

Сите невработени лица кои се регистрирани во АВРМ, во наредните 10 дена ќе може да аплицираат во 30-те центри за вработување низ Македонија за добивање грант од 4.000 евра. Од оваа година, неповратите средства за отворање на сопствен бизнис се зголемени за 1.000 евра.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на започнување на бизнисот.

Промовирани огласи »

Верувале или не, Македонија се наоѓа на високото 77 место во светот на ранг листата на земји кои имаат најголеми резерви на злато. Оваа информација ја објави Светскиот совет за злато.

На прво место во светот се наоѓаат САД, со 8.133,5 тони, додека пак втора е Германија со 3.377,9 тони злато. На третото место се наоѓа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со 2.814 тони.

Меѓу десете најбогати се и Италија, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија. На Балканот, највеќе злато има Србија 18,8 тони, а Македонија има 6.9 тони злато. На 88 место се наоѓа Словенија со 3 тони злато. Босна и Херцеговина исто така со 3 тони се наоѓа на 91 место. На 98 место се наоѓа Албанија со 1.6 тони. Најмалку злато во Светот има Монголија која е на 100 место.

Интересно е што во првите 100 земји ги нема Хрватска и Црна Гора.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »