Промовирани огласи »

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули. Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за основните месечни потреби на едно семејство му се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу осум илјади денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за МИА велат дека ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница. Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.

Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.

Посебен товар за граѓаните е и почетокот на учебната година. Минимално за ова, според ССМ, би се потрошиле осум илјади денари само за еден ученик.

Пораст на трошоците на живот евидентира и Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за август, пораст е забележан кај зеленчукот за околу 15 проценти, кај сирењето и урдата за 1,1 процент, кај месото за 0,9 проценти, лебот и житата за 0,7 проценти и кај млекото за 0,6 проценти.

Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот, тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на синдикалната минимална кошница, оценуваат од ССМ и предупредуваат дека ако продолжи минималната плата да стагнира односно да се усогласува без да бидат прифатени забелешките од синдикатите, ќе има тренд на осиромашување на населението.

ССМ извесен период бара минималната плата да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата, а при последното усогласување во март годинава побара да не се земе предвид падот на Бруто домашниот производ како еден од трите параметри за усогласувањето, но нивниот предлог не беше прифатен.

 –  Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба плата за живот со која како работници, без да се грижиме за нашата егзистенција, ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата, посочуваат од ССМ во изјавата за МИА.

Од ресорното Министерство за труд и социјална политика, пак, укажуваат дека во изминатиот период се бележи пораст на платите во државата. Повикувајќи се на официјалните статистички податоци за јули годинава посочуваат дека нето платата е зголемена за 1.309 денари во однос на јули минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето плата за јули 2021 година, која е објавена во септември 2021 година, изнесува 28.540 денари и е повисока за 1.309 денари во однос на истиот месец од претходната година или 4,8 проценти. Нашите очекувања се и понатаму да има пораст на платите во земјата со што ќе се влијае и на состојбата на животниот стандард на граѓаните, стои во одговорот што МИА го доби од Министерството.

Во однос на предлогот на ССМ да не се зема предвид негативниот пораст на БДП при усогласувањето на минималната плата, од МТСП појаснуваат дека во законот се утврдени критериуми за корекција и оти какво и да било менување на овие критериуми, мора да биде разгледано во рамки на социјалниот дијалог.

Минималната плата се утврдува со Законот за минимална плата и истата се објавува секоја година во март а се применува од април. Во Законот се утврдени критериуми за корекција на минималната плата. И сегашното законско решение за утврдување, односно критериумите за корекција на истата се утврдени со социјалните партнери. Поради ова сметаме дека какво било менување на критериумите кои ќе имаат влијание на минималната плата треба да биде предмет на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери, наведува МТСП.

Минималната плата во земјава изнесува 15.194 денари во нето износ. Ново усогласување се очекува во март следната година. При усогласувањето предвид се земаат три параметри – една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП.  

Промовирани огласи »

Oние што не се попишале ќе можат тоа да го сторат на одредени локации во својата општина. 

Тие граѓани ќе можат да појдат на неколку локации во нивните општини и да се попишат. Локациите ќе бидат објавени на веб страницата на Заводот за статистика наменета исклучиво за пописот.

Државниот завод за статистика од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, изјави на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од заводот за статистика.

Оваа можност се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт.

Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес, соопштија од Владата. 

Заклучно до денеска до 12.00 часот попишани се вкупно 1 395 000 граѓани, над 435 000 домакинства и над 600 000 станови. До денеска заклучно до 12.00 часот се самопопишани 195 477 граѓани од дијаспората. 

фото ДЗС

Промовирани огласи »

Условите за влез во Грција остануваат непроменети до 1 октомври. Тие денес се продолжени. 

Влегувањето е дозволено со негативен антигенски тест на ковид-19, најмногу 48 часа пред пристигнувањето во Грција, или со негативен ПЦР-тест, направен во текот на изминатите 72 часа пред пристигнувањето.

Влезот е дозволен и во случај на целосна имунизација против коронавирусот, со потврда за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата или со потврда дека лицето прележало ковид-19, во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена од патувањето.

Овие обврски се однесуваат на возрасните и малолетните лица над 12 години, а сите лица (важи и за деца, без разлика на возраста) што влегуваат во Грција мора прво да пополнат електронска апликација - Формулар за локација на патници, преку веб-страница (најмалку 24 часа пред да влезете во Грција) - и при влезот да се презентира добиениот код.

Лицата што влегуваат во Грција, според важечките мерки, ќе бидат тестирани по случаен избор врз основа на здравствениот алгоритам и за сите патници, без оглед на националноста и начинот на влез, кои пристигнуваат во Грција од следниве земји: Македонија, Египет, Албанија, Аргентина, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција, а кои поднесуваат само негативен тест, услов за влез е негативен резултат од задолжителен ПЦР-тест и брз тест на влезните места во Грција. Задолжителното тестирање не се однесува на оние што имаат валиден сертификат за вакцинација 14 дена по втората доза или потврда дека ја прележале болеста во изминатите шест месеци. Европскиот дигитален ковид-сертификат сѐ уште е четвртата алтернативна опција за влез во земјата. 

Промовирани огласи »

На 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360 ќе се одржи долгоочекувааниот HR SUMMIT SKOPJE кој со години дава прекрасна атмосфера во светот на човечките ресурси во регионот. P WORLD како организатор и КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство го најавува и вториот говорник на настанот. 

Ви ја претставуваме Анета Коробкина од KA WORLD, експерт во областа на лидерство и квалитет на услуги.

Анета Коробкина е меѓународен тренер и говорник која зборува за ангажманот на вработените, квалитетот на услугата и лидерство. Таа страсно го споделува своето знаење и ги инспирира компаниите да ги трансформираат своите HR способности.
Анета штотуку ја објави својата прва книга за стратегија за услуги. Нејзиното портфолио на клиенти содржи банки, клиники, хотели, малопрдажни објекти во 10 земји низ светот.

На која тема ќе зборува таа на настанот:

Интерактивна работилница: Како да останете среќни на работа во турбулентни времиња?
• 5 области на благосостојба

• Зошто среќата на работа е толку важна?

• Студија на случај: Што направивме?

• Практична работа: Што можете да направите?

Придружете се на успешните тимови од HR светот и вклучете се во настанот! ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »