Промовирани огласи »

Финскиот град Лахти, овгодишна зелена престолнина на Европа, ја искористи својата прекрасна местоположба покрај езеро за да постави микро-канцеларии за вистинско работење од далечина од околните шумски предели.

Проектот е создаден во соработка со студенти од Институтот за дизајн и уметност при Универзитетот LAB за применети науки, потоа креативната агенција TBWA\Helsinki и локалното дизајнерско студио Upwood.

„Канцелариите“ се состојат од работен простор т.е. „биро“ закачено на дрво, со доволно место за лаптоп, нотес, како и специјални држачи за мобилен телефон и чаша кафе.

Некои од микро-канцелариите се наоѓаат далеку во дивината, додека пак други се во паркови блиску до цивилизацијата.

Тие се бесплатни за користење, по принципот на „прв дојден – прв услужен“. Меѓутоа, добра интернет поврзаност не е гарантирна, а нема ни приклучок за електрична енергија. Секој треба да си донесе своја столица.

Овие фактори, иако ограничувачки, од друга страна ќе осигураат дека некои луѓе нема да останат предолго, односно ќе овозможат поголема ротација на корисници.

Инсталациите се очекува да издржат до првите големи снегови, а потоа ќе бидат обновени на пролет.

Интерес за вакви микро-канцеларии во природа пројавиле и повеќе други градови во Финска, како и музеј во Шведска.

Промовирани огласи »

Видео: Комбиња на улиците во Њујорк издавани како „апартмани“ на AirBnB за 97 долари од ноќ

По објавувањето на видеото следела полициска интервенција

Полицијата во Њујорк отстранила седум комбиња од градските улици поради истечени регистерски таблички. Сепак, тоа не биле обични комбиња, туку „апартмани“ кои биле изнајмувани на популарната платформа Airbnb.

Изнајмување стан преку онлајн платформа е речиси стандард. Постојат специјални страници за ова на кои огласуваат луѓе кои сакаат да изнајмат соба, куќа или стан. На тој начин можете брзо да пронајдете понуда каква што очекувата, и што е најважно, може да биде дури и за еден ден. Токму краткиот наем бил целта на издавачот кој поставил неколку комбиња во Њујорк.

Автомобилите биле паркирани на улиците меѓу другите автомобили, обезбедени со катанец, додека клучот бил во посебно скривалиште во нивна близина. Лицето кое ја резервира ноќта го зема клучот и го отклучува автомобилот. Се разбира, причината зошто некој би бил во искушение да изнајми таква „соба“ секако е нејзината цена, која изнесувала 97 долари за ноќ, за разлика од становите во овој дел на Њујорк кои се изнајмуваат за над 400 долари за ноќ. Исто така, издавачот рекламирал такво сместување како можност туристот да доживее модерен живот во комбе на Instagram.

Покрај ниската цена, сепак имало и некои непријатности. Морате да одите во блиските ресторани или продавници за да појдете во тоалет или да се измиете. Подеднакво непријатно може да биде и самото спиење на улица во центарот на огромен град. Ниту еден крадец нема да има ни малку проблем да провали и да го ограби станарот. Автомобилите исто така не можеле да се стартуваат. Дека сето ова е токму вака покажува и видеото во прилог на еден корисник на YouTube кој се решил да провери како изгледа еднодневен „одмор“ во ваква соба.

Видео: Комбиња на улиците во Њујорк издавани како „апартмани“ на AirBnB за 97 долари од ноќ

Благодарение на ова видео, полицајците во Њујорк, всушност и дознале за домовите на тркала. Ги провериле комбињата и ги тргнале од улиците. Распоредени биле вкупно седум различни возила во двата градски окрузи.

Промовирани огласи »

Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина.

Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисиијата Стефан Де Кирсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со предлогот да се запре со поместување на стрелката на часовникот секоја последна недела во март и во октомври.

Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер го предложи за целата Европска унија во 2018 година, оставајќи им на членките да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.

Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите -членки. Во моментов нема индикации дека предлогот може да ја добие нивната поддршка.

Работата сега е во рацете на земјите-членки, рече портпаролот Де Кирсмакер.

Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но оттогаш ништо не се случи.

Промовирани огласи »

Се што треба да знаете за новиот iPhone 13 PRO

Видео анализа на најдоброто од iPhone

Apple секоја година не изненадува со нови модели на iPhone. Оваа година направија неколку подобрувања на претходниот модел, а највисоката класа iPhone 13 PRO и PRO MAX се анализирани во видеото:

Се што треба да знаете за новиот iPhone 13 PRO

Тагови: iPhone

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »