Промовирани огласи »

Обединетото Кралство ќе понуди 800 визи за шест месеци поради недостаток на работна сила и прекини во синџирите на снабдување на касапи, изјави министерот за животна средина на Обединетото Кралство, Џорџ Јустис, пренесе Seebiz.eu.

Земјоделците ширум земјата објаснуваат дека „Брегзит“ и пандемијата на вирусот Ковид-19 предизвикаа вистински егзодус на работници од Источна Европа кои работеа во кланици и фабрики за преработка на месо, што влијаеше на акумулацијата на добиток.

Ќе им овозможиме на работниците од кланиците и фабриките за преработка на месо да доаѓаат шест месеци како дел од програмата за сезонски работници, објасни Јустис.

Ова ќе ни помогне да го решиме проблемот со премногу свињи на фармите и ќе им овозможи на производителите на месо да го обноват својот работен процес, додаде министерот.

Според него, ќе бидат потребни околу 800 касапи. Тој, исто така, го изрази своето мислење дека индустријата за производство на свињи и прехранбената индустрија воопшто, загубија голем број работници поради пандемијата „Ковид-19“, а не Брегзит.

Можеа да останат, но повеќето од нив сакаа да бидат со своите семејства во тешкиот период на пандемијата, па ја напуштија Британија, рече Јустис.

Тој, исто така, најави дека ќе се олабават правилата за превоз на возачите од ЕУ и дека ќе можат да патуваат во Британија колку што сакаат во текот на двонеделниот период.

Промовирани огласи »

Новите мерки против Ковид-19 од денеска ќе стапат во сила во Италија, каде што секој вработен ќе мора да има сертификат за вакцинација, доказ дека прележал коронавирус или негативен ПЦР тест.

Новите мерки, кои опфаќаат околу 23 милиони вработени во приватниот или јавниот сектор низ Италија, според критичарите се контроверзни и наидоа на голем отпор, објави ДПА.

Полицијата во Рим уапси 12 лица, вклучително и двајца водачи на екстремно десничарска партија, откако протестите против ограничувањата за спречување на коронавирусот се претворија во сериозни немири пред една недела.

За денеска се планирани нови собири во Рим, а пристаништните работници во Трст на северот од земјата планираат да го блокираат пристаништето во знак на протест.

Властите тврдат дека на кината, театрите и концертните сали ќе им биде дозволено повторно да работат со полн капацитет, доколку посетителите имаат „зелен пасош“.

Правилата за задолжителен сертификат се воведени со цел да се избегне луѓето да се заразат на работа со Ковид-19 и да нема потреба од колективен карантин.

За компаниите и вработените, „зелениот пасош“ ја зголемува безбедноста на работното место и овозможува производство, изјави Маурицио Стирпе, потпретседател на организацијата на работодавачи Конфиндустрија.

Компаниите кои нема да го почитуваат правилото за задолжителен „зелен пасош“ на своите вработени ќе се соочат со казни до 1.000 евра (1.156 долари).

Зелениот пасош веќе се користи во неколку други сектори во Италија, како на пример училиштата и здравствениот систем.

Вкупно 85 проценти од Италијанците постари од 12 години имаат примено барем една доза на вакцина против Ковид-19. 

МИА

Промовирани огласи »

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека нова работна група може да биде последна шанса да се пронајде потеклото на Ковид-19.

Помина повеќе од година ипол откако вирусот беше откриен во кинескиот град Вухан, прашањето како се појави за првпат, останува нејасно.

Тимот ќе разгледа дали вирусот преминал од животни на луѓе на пазарите во градот Вухан или протекол во лабораториска несреќа. Кина силно ја поби втората теорија. 

Во февруари, тим на СЗО, задолжен да го испита потеклото на Ковид, полета за Кина и заклучи дека вирусот веројатно потекнува од лилјаци, но сметаше дека е потребна повеќе работа.

Поминаа девет месеци откако последната мисија свикана од СЗО се врати од Вухан, велејќи дека  животните се најверојатниот извор на пандемијата.

СЗО вели дека Кина сe уште нема споделено клучни податоци од најраните денови на пандемијата. 

Науката станува се повеќе политизирана, а Кина досега одбиваше да дозволи меѓународни научници да се вратат во земјата.

Се надеваме дека ова ново тело на Саго со експерти од 26 различни земји ќе може да го прекине овој ќорсокак и конечно да добие многу потребни одговори за светот да може подобро да се подготви за идните епидемии.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, и истото важи за едно од поголемите здруженија бидејќи брои околу 8.000 пензионери.

Шахпаска ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.

РАЗГОВАРАВМЕ И ЗА ПРОМЕНА НА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ КОН КОЈА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ВЕЌЕ ПРИСТАПУВА И ВЕРУВАМЕ ДЕКА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ЌЕ БИДЕ ИСПОРАЧАНА НОВА МЕТОДОЛОГИЈА, СО КОЈА ШТО ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ УСОГЛАСУВААТ И СО РАСТОТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, РЕЧЕ МИИНИСТЕРКАТА ШАХПАСКА.

На средбата со министерката Шахпаска, членовите на Здружението на пензионери од Кочани се интересираа и за изградбата на регионален Дом за стари лица. Министерката посочи дека во програмата на Министерството за труд и социјална политика е вклучена изградба на Дом за стари лица со капацитет од 156 лица, изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стари лица.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »