Последните поскапувања на горивата секако ќе влијаат на тоа колку ќе ги користите автомобилите и колку гориво ќе сипувате на бензинска пумпа. Веројатно некои ќе се решат да возат помалку, и сигурно и сијаличката за потсетување дека возите на резерва ќе светнува.
Доколку на контролната табла светне сијаличката со бензинска пумпа веќе е јасно дека значи дека автомобилот треба да се наполни со гориво. Сепак, добре да се знае уште колку може да се вози пред автомобилот да застане. Цедење до крај секако не е добро за автомобилот.
Треба да се напомене дека возењето со критично ниско ниво на гориво е многу штетно. Системот за гориво и моторот страдаат од ова. Доколку возите често со празен резервоар може да го затнете филтерот за гориво. Покрај тоане е мешавината за гориво може да влее во моторот и да го оштети катализаторот.
Колку гориво останува кога ќе светне сијаличката не е можно да се каже сосигурност. За различни автомобили индикацијата се појавува на различно ниво. Обично критичниот волумен на гориво е во опсег од пет до десет литри и зависи од потрошувачката на моторот.
Според ова со вклучен индикатор автомобилот може да помине 80-100 километри при возење надвор од градот. И покрај фактот дека некои модели се во состојба да поминат 110-120 километри. Овој показател исто така влијае и на состојбата на автомобилот и на бројот на оперативни системи кои работат истовремено. Така, радиото, силното осветлување или климата можат да ја намалат декларираната километража на критично ниво на горивото.
Сигруно ќе сретнете некој повозрасните возач што имаат и туба со гориво во багажникот. Тоа во денешни услови е излишно, но советите кои треба да се запаметат се: да не возите често „на резерва“. Да знаете дека со неа може да изминете околу 50 километри и да не му се доверувате на компјутерот кој отчитува уште колку можете да поминете со горивото кое го има во возилото. Тој го пресметува тоа според последната просечна потрошувачка, што честопати може да ве доведе во заблуда.