Минатата недела "Дојче банк" (Deutsche Bank) го претстави годишниот извештај за цените по светот. Тој го пресметува трошоците за стоки и услуги во најголемите градови.
Вклучени се стоки како кутија цигари, просечна изнајмување на еднособен стан, трошоци за превоз, храна, сметки за домаќинство .
Еден од критериумите кои банката ги пресметува е и просечниот доход на човек во овие градови. Податоците од кои се одземени даноците, се индикатор за богатството и на самите градови, пишува Бизнис инсајдер.
Во општи црти градовите кои се рангирани напред во листата, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии. Напред се и градови од јужната хемисфера од Австралија и Нов Зеланд.
Погледнете кои се 24-те градови во светот со највисоки средни приходи по даноци.
24. Единбург, Шкотска - 2293 долари
23. Отава, Канада - 2446 долари
22. Амстердам, Холандија - 2493 долари
21. Торонто, Канада - 2560 долари
20. Париз, Франција - 2583 долари
19. Даблин, Ирска - 2603 долари
18. Хелсинки, Финска - 2620 долари
17. Стокхолм, Шведска - 2622 долари
16. Франкфурт, Германија - 2626 долари
15. Хонгконг - 2715 долари
14. Оклaнд, Нов Зеланд - 2762 долари
13. Лондон, Велика Британија - 2776 долари
12. Токио, Јапонија - 2897 долари
11. Велингтон, Нов Зеланд - 2941 долари
10. Копенхаген, Данска - 2958 долари
9. Сингапур - 3077 долари
8. Осло, Норвешка - 3154 долари
7. Мелбурн, Австралија - 3344 долари
6. Сиднеј, Австралија - 3451 долари
5. Чикаго, САД - 3622 долари
4. Њујорк, САД - 4303 долари
3. Бостон, САД - 4322 долари
2. Сан Франциско, САД - 4817 долари
1. Цирих, Швајцарија - 5876 долари