Инстаграм го укинува IGTV, на некој начин. Платформата ќе биде реименувана во Instagram TV. После неколку години Инстаграм конечно одлучи да направи голема промена со IGTV.
Добропознатиот IGTV ќе биде ребрендиран во „ Instagram TV“ воедно и досегашниот видео формат ќе претрпи промена. Почетната на Инстаграм сега ќе може да прикажува видеа дури до 60 минути времетраење кое беше оставено за IGTV, со ова корисникот нема да има потреба од гасење на главаната апликација за да го гледа истото.
Еден вработен за Инстаграм изјави дека IGTV апликацијата, сега преименувана во Instagram TV, ќе остане место за луѓето да гледаат и уживаат во долгите видеа. IGTV беше претставен во Јуни 2018 година, во суштина беше најавен како еквивалент на Youtube, место за откривање и гледање на подлоги видеа. Но за жал, само после 2 месеци подоцна, апликацијата наречена ТикТок беше лансирана во Америка.
Инстаграм одлучи да постане голем ривал на ТикТок со нивниот краткометрежен формат на видеа наречен Reels. Тие беа додадени на самата платформа во Август 2020 година. Истите им придонесоа голем број нови корисници кои нивните видеа од ТикТок ги објавуваа на Инстаграм. Reels добиjа очигледно добро место и лесен пристап до нив на самата платформа. Почнаа со продавање на реклами и ре-објавувани на Facebook.