Промовирани огласи »

Во ноември и декември нема да се наплатува ДДВ за електрична енергија и гас, соопшти Министерството за финансии.

Владата така реагира на „многу невообичаена ситуација“, рече по седницата министерката за финансии Алена Шилерова.

Мерката ќе го чини државниот буџет околу 157 милиони евра.

Владата, исто така, предлага измени на законот со кои трајно ќе се ослободи снабдувањето со гас и електрична енергија од ДДВ од следната година.

Премиерот Андреј Бабиш, лидерот на центристичката партија АНО, беше поразен на неодамнешните парламентарни избори и рече дека е подготвен да ја предаде власта, велејќи дека ќе го отфрли мандатот доколку претседателот Милош Земан му го понуди, објави новинската агенција ЦТК .

Ситуацијата станала покомплицирана откако Земан беше хоспитализиран и во моментов, според вчерашното соопштение на претседателот на Горниот дом на парламентот Милош Вистричил, тој не е во состојба да ја извршува својата должност.

Во меѓувреме, Бабиш не успева да најде коалициски партнери и неговата потенцијална влада сигурно нема да ја добие довербата од долниот дом на парламентот, но тој обид може да го продолжи неговиот мандат за неколку месеци.

Лидерот на опозицијата Петр Фиала, пак, се спротиставил на суспендирање на наплатата на ДДВ за електрична енергија и гас, велејќи дека подобро решение ќе бидат целните субвенции за домаќинствата со ниски приходи.

Мерката допрва треба да биде одобрена од Европската комисија и навреме се совпадна со наглиот пораст на цената на електричната енергија и гасот, што сигнализира сериозен ценовен шок за домаќинствата низ Европа и ги принуди владите да интервенираат.

Промовирани огласи »

Независната истражувачка организација Реактор – Истражување во акција, лансираше онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место.

Кампањата е составена од неколку информативни објави и има за цел да ги информира граѓанките и граѓаните за формите на сексуално вознемирување на работното место, законите според кои ова дело е казниво, како и да даде примери кои се базираат на анонимно споделени искуства  со сексуално вознемирување на работното место, како дел од студијата на Реактор.

Според наодите на истражувањето за родово-базирана дискриминација и пазарот на труд во Северна Македонија, сексуалното вознемирување на работното место е широко распространето и за жал нормализирано во некои форми. Наодите покажуваат дека малкумина се осмелуваат да го пријават доживеаното вознемирување, иако е казниво со закон, соопштија од организацијата.

Од Реактор посочуваат дека сексуално вознемирување е каков било облик на несакано вербално, невербално или физичко постапување од сексуална природа, што има цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.

Сексуалното вознемирување на работното место е облик на дискриминација. Според Кривичниот законик, дискриминацијата е кривично дело казниво со казна затвор од шест месеци до пет години. Дополнително, според Законот за спречување и заштита од дискриминација, сексуалното вознемирување е казниво со парична казна до 10.000 евра, велат од организацијата.

Освен во Северна Македонија, истата кампања се спроведува и во пет други држави од Западен Балкан кои се партнери на Реактор во овој проект – Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, и се очекува да трае 11 дена, од18 до 30 октомври.

Реактор ги охрабрува жртвите на сексуално вознемирување да го пријават истото во Државен инспекторат за труд, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, граѓански организации кои обезбедуваат бесплатна примарна правна помош или во полициска станица.

Кампањата е дел од иницијативата „Борба против дискриминацијата, унапредување на работничките права на жените” и е поддржана од Европската Комисија и кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).

Промовирани огласи »

Денот на Македонската револуционерна борба,  23 октомври (сабота), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните на Република Северна Македонија им го честитаат Денот на Македонската револуционерна борба.

Промовирани огласи »

Ќе расте инфлацијата во земјава. Од Народната банка велат дека растот на цените на енергенсите на светските берзи и на цената на електричната енергија сепак ќе ја зголемат инфлацијата во Македонија. 

Ако со априлскиот циклус проектираа стапка на инфлација од 2,2 проценти, таа ќе бдие повисока. Дополнително ќе информираат колкава ќе биде инфлацијата. 

Државите во опкружувањето и пошироко преземаат мерки поради енергетската криза. 

Привремено укинување на ДДВ-то на струјата и гасот има во Данска, замрзнување на цени на прехранбени производи и на горивата во Хрватска, штедење на струја преку рестрикции во некои фабрики во Кина, а Германија  размислува директно да го субвенционира греењето за сиромашните. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »