Промовирани огласи »

После тешката борба со От Танак (Hyundai), Елвин Еванс (Toyota) се запиша како победник на јубилејното 70то Рели Финска.

И покрај големиот притисок од От Танак, Елвин Еванс успеа да издржи на последните два брзински испити за да стане вториот Британец кој победил на Рели Финска после победата на Крис Мик во 2016.

Еванс ја започна борбата за победа со освојување на ноќниот брзински испит во петокот, за да го заврши денот со предност од 6.1 секунда пред Крег Брин и От Танак, за саботата изутрината да продолжи со четири последователни освоени брзински испити и да дојде до водство на релито.

Себастиен Ожие се мачеше со подесувањето на автомобилот губејќи доста време при што се најде на петтата позиција, а штетата веќе беше направена. Со Ожие на петтата позиција, Еванс се приближи на 24 поени до Ожие во генерален пласман, а воедно значи борба за титулата помеѓу двајца возачи откако шансите за титула на Тиери Невил (Hyundai) паднаа во вода после механичките проблеми на неговиот автомобил и откажувањето во саботата.

Еванс дојде до победа со стил, откако победи на последниот Power Stage освојувајќи пет бонус поени за да му зададе поголеми потешкотии на Ожие за борба за титулата. После Финското рели WRC караванот се сели во Франција на асфалтно рели и воедно претпоследната рунда од шампионатот оваа година, од 14 до 17 октомври.

Промовирани огласи »

Според истражувањето на норвешката осигурителната компанија Gjensidige, ​​30 проценти од возачите се нервираат поради луѓе кои избираат погрешна лента во кружен тек.

Поминати се 40 години откако се изградени првите кружни текови во Норвешка, а многу возачи се уште не ги разбираат. Најголемата неизвесност е кај помладите возачи. Меѓу оние на возраст под 40 години, секој петти возач не е сигурен која лента да ја избере низ кружните текови, а 15 проценти не знаат како се пропуштаат возилата, се вели во истражувањето спроведено од Ipsos за норвешката осигурителна компанија Gjensidige. Сосема е поинаква ситуацијата меѓу оние на возраст над 40 години. Малкумина се оние кои не знаат кој има предност во кружните текови, а уште помалку оние кои не се сигурни во изборот на сообраќајна лента во кружните текови со повеќе ленти.

Според истражувањето на осигурителната компанија Gjensidige, ​​30 проценти од возачите се нервираат поради луѓе кои избираат погрешна лента во кружен тек.

Сепак, несреќите во кружните текови се ретки, а оштетувањето на возилата е помало отколку на класичните крстосници.

Сигурни сме дека резултатите би биле уште „поинтересни“ ако некој направи слична анкета со македонските возачи.

Промовирани огласи »

Заев најави целосно отфрлање на пластичните кеси од употреба

Ќе се користат само во малопродажба, но не како екстра-лесни туку како биоразградливи и ќе чинат 15 денари

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција наведе дека од 1 декември пластични кеси ќе се користат само во продавниците за малопродажба, но и дека тие ќе мора да бидат биоразградливи, откако Собранието ги донесе четирите закони за управување со отпад.

Целосно се забранува пуштањето на пазар на пластични кеси, а крајните потрошувачи ќе може да купат само биоразградливи кои се произведени согласно пропишани стандарди, рече Заев.

Министерот за животна средина Насер Нуредини додаде дека тие кесите не смеат да бидат екстра-лесни и ќе треба да се плаќа надоместок од 15 денари, а парите ќе одат во посебен фонд за животна средина. Од 1 декември угостителските објекти нема да имаат право да продаваат храна во пластични еднократни пакувања во заштитените природни подрачја.

Идејата на оваа мерка е граѓаните пред се да користат сопствени торби за повеќекратна употреба за пазарување. Секојдневното користење на пластика создава секојдневно големи количини кои не се разградуваат, истакна Нуредини.

Не само во Европа, туку и во Македонија постои забрана за употреба на пластичните кеси уште од 2012 година, но истата не се применува бидејќи непосредно по донесувањето на забраната беше донесен правилник за стандарди за биоразградливост, со кој пак се поништува напишаното во Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Меѓу бројните промени, од 1 декември 2021 година пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари по парче, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

На денешната прес-конференција, беше кажно дека детално ќе бидат пропишани транспортот, собирањето и рециклирањето на отпадот, неговиот третман и искористување со што ќе се овозможи ефикасен регионален систем за управување со отпад и ќе се исполнат барањето на европската зелена агенда

Ќе обезбедиме соодветна услуга за секој граѓанин со можност за селекција, повторна употреба и поправка на отпадните производи, со имплементација на оваа легислатива и намалување на количините на депониран отпад, со што ќе следува справување со илегалното и нестандардизирано одложување кое создава диви депонии, додаде Заев во најавата за изградба на стандардизирани депонии.

Промовирани огласи »

Веќе не е доволно да се вакцинираат 60 или 70 проценти од населението, туку многу повеќе, тврдат експертите

Присуството на делта варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат 👇

Присуството на делта варијанта на вирусот дополнително ја зголеми потребата луѓето да се вакцинираат, изјавија официјални лица за USA Today во извештајот објавен во неделата.

Неколку здравствени службеници веруваат дека стапката на вакцинација ќе треба да достигне 90 проценти или повеќе за да се постигне оптимално ниво на заштита од „Ковид-19“.

Она што го научивме од делтата и гледаме зад делтата е… дека постигнувањето на вистинското ниво на заштита за населението бара да биде дури 90 проценти, рече Том Мекарти од Одделот за здравство на Род Ајленд.

Други имаат слично мислење. Ерик Топол од истражувачката група Скрипс.

Сега ни требаат 85 до 90 проценти вакцинирани против делта, рече Топол за USA Today.

Д -р Ентони Фаучи, водечки американски експерт за заразни болести, рече во мај дека уште еден бран на инфекција на есен може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70 проценти од населението.

Околу 56,5 проценти од населението во Соединетите држави е целосно вакцинирано против Ковид-19, според статистичките податоци достапни на Универзитетот Џон Хопкинс. Повеќе од 185 милиони Американци се вакцинирани со двете дози.

Повеќе од 12 милиони луѓе во Њујорк се вакцинирани со двете дози на вакцината, што е околу 63,74 проценти од населението.

Во моментов, сите Американци на возраст од 12 години и постари можат да се вакцинираат.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »