Пекинг овие денови е економски центар на светот, затоа што таму се одржува форумот „Еден појас-еден пат“, на кој присуствуваат бројни светски лидери, а меѓу нив се наоѓа и делегација на Србија на чело со Александар Вучиќ, каде присуствуваат и Зоран Михајловиќ, Синиша Мали…
Улиците на главниот град на Кина се украсени до таа мера да многумина велат дека Пекинг никогаш не бил поубав. Гламур и сјај пршти на сите страни, а ништо помалку луксузни не е ни внатре во одајата каде се собрани политички и економски лидери на светот.
Дека Кинезите ништо не им препуштуваат на случајот говорат и овие фотки од салата за ручеци направени во пресрет на вечерата која претседателот на Кина ја организираше за сите гости.
Секој тањир имаше посебен вез, лажичка, вилушка, нож поставени милиметарски прецизно, рамномерно еден оддалечен од друг.
Тука беа и незаобиколните кинески скулптури кои ги украсуваа столовите и салата, а домаќинот на форумот не откри колку целиот овој гламур чини. Судејќи според она што можеме да видиме само на основа на овие слики, нема дилеми дека Кинезите станаа многу сериозна економска сила и дека не би било изненадување да наскоро стане и број 1 во светот.
Колку гости – толку конобари. Бројни млади Кинези и Кинескињи услужуваа за секој гостин, подготвени да се тркаат во исполнувањето на желбите.
По вечерата организирана беше и спектакуларна кинеска опера, која ќе биде одржана во големиот Дом на народот.