Промовирани огласи »

Такси-превозот во Скопје останува на иста цена, но наредни повисоки цени на горивата ќе значат и повик за барање за зголемување на цената договорена со Градот.

Сè повисоките цени на горивата го доведуваат во прашање и превозот на патници во земјава. Автобуските превозници најавуваат зголемување на цената на билетите за 20 отсто, ако до крајот на месецот не запре растот на горивата и не преземе нешто владата.

Такси превозниците во Скопје, засега не размислуваат за повисока цена на превозот, но дел од нив го намалија или укинаа попустот што беше во рамки на договорената цена со Градот. Тоа значи дека повисоката цена на горивото веќе влијае на заработката. Тие велат дека ќе следат што ќе се случува со цената на горивата и по потреба ќе реагираат.

И двата вида на превозници, меѓутоа, се плашат дека ќе ги изгубат и така малиот број на патници, ако ги зголемат цените на превозот и затоа бараат реакција на владата.

Автопревозниците од источниот дел на земјава веќе се состанале да ја разгледаат моменталната состојба. Тие утврдиле дека цената на билетот треба да се зголеми, со оглед на растот на цената на горивата, но ќе почекаат да заврши месецот за да видат дали горивата ќе имаат повисоки цени.

Со овие цени, а уште повеќе со повисоката цена на горивото ние во старт сме во загуба. Пресметките се дека нас една релација од 200 километри во земјава, на пример до Охрид или Струга ќе нè чини некаде околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари тоа е некаде 9.750 денари, што значи само ќе го покриеме горивото, а каде се возачот, режиските трошоци, таксите, сметководството и другите вработени кои се грижат за превозот. За позитивна нула значи ни се потребни 25 патници по сегашната цена на билетот, но тоа не може да се реализира – вели Горан Трпковски, претседател на Асоцијацијата на автобуски превозници Исток.

Пресметките на превозниците се дека во старт им се потребни најмалку 20.000 денари само за покривање на основните трошоци без никаква заработка.

За 200 километри ни се потребни 120 литри гориво, а тоа е 9.600 денари. Тука треба да го пресметаме и трошокот за возачот 2500 денари, потоа трошоците за влез и излез во станиците, за продажба на билетите и другите режиски трошоци за сметководство управител и најмалку еден вработен кој се грижи за навремен превоз и сето тоа во старт не чини околу 20.000 денари. Ако на другата страна пресметаме дека просечно превезуваме 10 до 13 патници со билет од 750 денари не можеме да го покриеме ниту горивото – појаснува Трпковски.

Тој додава дека и во договорениот превоз кој го имаат за училиштата, армијата и други институции трпат загуби.

Договорите се со пресметки направени на цена од 55 денари литар гориво. Зголемената цена во старт ни ги топи бројките, што значи до крајот на годинава до кога се договорите ние ќе возиме со загуби. Немаме калсузули во договорите за потпишување анекси ако цената на горивото се зголеми и тоа е тоа – вели Трпковски.

Промовирани огласи »

Спoред „The Verge“, Фејсбук се одлучил да го смени името на компанијата наредната недела, според извор на информации близок до самата компанија. За најавената промена на името, основачот Марк Зукерберг планира да одржи коференција на 28ми Октомври, но се претпоставува дека може да се одржи порано.

Ребрендирањето најверојатно ќе ја позиционира Фејсбук апликацијата како една од многуте социјални мрежи под матичната компанија како на пример Инстаграм, Ватсап и слично. На едно интервју вработен во Фејсбук одбил да коментира за оваа приказна.

Марк Цукерберг многу повеќе зборува за тоа да стане компанија која повеќе ќе се смета за „мета-бизнис“, а претходно оваа недела гигантот за социјални медиуми објави планови за вработување на 10.000 луѓе низ ЕУ, за да помогне да се искористи идејата.

Фејсбук помина низ процес на ребрендирање уште во 2019 година, каде што откри ново лого за компанијата. Идејата зад ова беше да се разликува компанијата Фејсбук од апликацијата Фејсбук . Иако ова го прави Фејсбук да се издвојува, луѓето природно сè уште ја поврзуваат компанијата со апликацијата.

Новото име за матичната компанија може да му помогне на Фејсбук да се разликува од своите производи.

Промовирани огласи »

Цените на горивата, енергијата и на суровините ќе продолжат да растат во 2022 година, прогнозира францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.

Многумина продолжуваат да тврдат дека зголемувањето на цената е привремено. Но, се зависи од тоа што се подразбира под тој збор. Лично, не гледам перспектива за подобрување на ситуацијата до крајот на 2022 година, изјави францускиот министер.

За време на својот говор, тој објасни дека порастот на цените се должи на недостигот на челик, алуминиум, дрва, нафтени производи и гас. Одговарајќи на многу прашања за можноста Французите да го компензираат наглото поскапување на горивата, Ле Мер нагласи дека е „за“ насочени мерки за помош на најпогодените семејства од економската ситуација.

Задачата на државата е да го заштити населението, ние мора да им помогнеме на оние што работат или бараат работа, увери министерот. Според него, доколку се воведе субвенција за скапо гориво, таа ќе биде доделена на ниско платени лица и невработени.

Бруно ле Мер, исто така, го поддржа евентуалното намалување на тарифите за електрична енергија од страна на владата, кои веќе неколку недели растат во Франција.

Ако не направиме ништо, струјата ќе скокне за 15 отсто, предупреди министерот.

Промовирани огласи »

Сопствениците на ноќни клубови во земјава вечерва од состанокот во Штип најавија граѓанска непослушност и дека доколку Владата остане глува на нивните барања за отпочнување со работа, своеволно ќе ги отворат клубовите, започнувајќи од наредниот викенд. На состанокот присуствуваа претставници на 20 ноќни клубови.

Горан Арсовски, претставник на Здружението на ноќни клубови, изјави дека одлуката ја носат како резултат на „целосната дискриминација на ноќните клубови од страна на власта“ и како што вели, по неколкуте неуспешни обиди за состанок со нејзини претставници, на кој би се дискутирало за нивниот опстанок.

Најпрво да се избегнат манипулациите и спинување на вистината, како и претставувањето на ноќните клубови, како причинители за ширењето на заразата, би сакале да ја информираме јавноста за целиот тек на настаните од започнувањето на пандемијата. Ноќните клубови во затворен простор во Македонија се единствените од целиов регион и од целиот свет кои со одлука на Влада се во целост затворени и не работат повеќе од 19 месеци. Единствено кај нас не се најде начин и решение да работат со соодветни протоколи за работа, тврди Арсовски.

Тој посочи дека „се останато си работи нормално“, како воопшто да нема зараза, а помали капацитети од нивните со доста понебезбедни услови од условите што тие можат да ги обезбедат ја превземале улогата на организатори на забави.

Финансиска помош, како најпогодени од оваа пандемија немаме никаква и сме принудени секој сам од себе, како знае и умее да ги сервисира режиските трошоци, како и ратите од дадените кредити од развојна банка, кои беа понудени како помош, кои дојдоа на ред да се плаќаат, а ние се уште не работиме. Сакаме да ја информираме јавноста дека за сите овие 19 месеци во кои не работиме, Владата ни даде минимална финансиска помош која се однесуваше само за два месеци. Ние сакаме да започнеме со работа со соодветни протоколи, во иста мера ригорозни како останатите кафе барови и ресторани, односно со 50 отсто од капацитетите на објектите и само со лица кои поседуваат сертификат за имунизација, односно имунизирани лица и доказ за прележани од болеста во изминатите 30 дена, рече Арсовски.

Сопствениците на ноќни клубови забележуваат дека не ја гледаат логиката граѓаните да се имунизираат, а тие повторно да се затворени.

Како и што не ја гледаме логиката секојдневно да сведочиме на забави и „евенти“ кои се одржуваат во кафе барови, кога единствената разлика е во работното време, а ние да не можеме да работиме иако секоја година плаќаме лиценци и сме специјализирани за тоа. Во летниот период се дозволија одржување на настани и работа на летните дискотеки по што се покажа дека со почитувањето на соодветни протоколи, работата на летните дискотеки, воопшто немаше удел во покачување на бројките на новозаразени, што директно укажува на фактот дека ние не сме причинители на ширењето на заразата, додаде Арсовски.

Според сопствениците на ноќни клубови, изминатите неколку недели во текот на изборната кампања на митинзите имаше присуство на илјадници граѓани, а каде, како што велат, не постоеше никаков безбедносен протокол, ниту во делот на присуство на имунизирани лица, ниту во делот на носење на маски, ниту пак во делот на одржување на физичко растојание.

Па би сакале да ја прашаме власта која е логиката за ние да не заслужуваме да добиеме протокол за работа, а политиката да не страда и да собира по илјадници лица на едно место. Ја известуваме власта и Комисијата за заразни болести да престанат со селективното однесување како воопшто да не постоиме и во текот на оваа недела да ни дадат термин за состанок на кој ќе се разговара за нашето работење. Во спротивно ќе бидеме принудени по пат на граѓанска непослушност да ги отвориме клубовите, за што би можеле да одговараме кривично, како да сме криминалци, а не бизнис субјекти кои бараат излез од целава ситуација да преживеат, да опстанат, да работат и да плаќаат даноци, порачаа членовите на Здружението на ноќни клубови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »