Промовирани огласи »

Регистарски број на автомобил со две идентични букви е на пат да стане најскапиот во светот. Се продава на онлајн платформата OpenSea, а наддавањето достигнува скоро 25 милиони долари.

Според официјалните информации, во Калифорнија има повеќе од 35 милиони регистрирани броеви на возила, кои содржат два до седум различни знаци во нив. Најретки се оние со два идентични симболи, како што е случајот со овој. Тоа се две букви – ММ, а ако се реализира продажбата, ќе стане најскапата во историјата.

Покрај регистерската табличка, идниот сопственик ќе добие и единствен NF токен. Сите информации – идентификатор на токен и индивидуален QR код, се ласерски врежани на задната страна на металната плоча. Продавачот тврди дека ова е прв пат во историјата да биде ставена на продажба физичка регистарска табличка поврзана со NFT.

Во моментот на пишување, цената е 5888 ETH (ова е главното средство за плаќање во блокчејн мрежата Ethereum) или 24.460.459,52 долари. За само еден час цената на знакот пораснала за 200.000 долари. Во исто време се продава и ММ број од Тексас, при што последната понудена сума е 2888 ЕТН (11.997.589,52 долари).

Промовирани огласи »

Иако од Google повеќе пати нагласуваа дека сакаат нивните видеосервиси YouTube и особено YouTube Kids да бидат дестинација за содржини и за децата и за семејството. Компанијата пред две години беше казнета со 2 години затвор затоа што собирале незаконски податоци за деца помали од 13 години. Исто така, алгоритмот на YouTube во повеќе наврати предлага содржини кои не се соодветни за деца, што е проблем кој компанијата долго време го нема решено.

Сепак, на почетокот на оваа година почнаа со некои промени со кои ќе го подо брат исксуството на својот сервис за младите корисници. Така, овозможија родителска контрола на YouTube и за тинејџери и имплементираа нови безбедносни мерки за заштита на децата на различни платформи, вклучувајќи и промена на поставките за корисниците од 13до 17 години кои е на максимално можна заштита на приватноста.

Сега најавија нови опции со кои на децата треба да им се овозможат поквалитетни содржини на YouTube. Имено, со новите промени, кои стапуваат на сила на почетокот ма ноември YouTube повеќе нема да овозможи монетизација на содржините кои се наменети за деца, но се неквалитетни. Според нив, тоаоднесување е несооодветно за деца. според нив ните правила, тоа се однесува на претерано комерцијални видеа и на видеа со кои се поттикнува на лошо однесување.

Во таквите видеа во иднина нема да се прикажуваат реклами, а со тоа и заработката на тие што снимаат ќе биде ограничена.

Промовирани огласи »

Тинејџерите и младите луѓе минуваат сѐ помалку време на Фејсбук, сѐ помалку се регистрираат и сѐ помалку објавуваат, јавува „Блумберг“, повикувајќи се на интерни документи на компанијата. Тоа може негативно да се одрази на заработката на компанијата.

Во март, раководството на организацијата добило извештај кој наведува дека тинејџерите минуваат 16 отсто помалку време на страната од лани, а „младите возрасни“ – 5 отсто помалку. Намален е и бројот на регистрации кај тинејџерите. Дополнително, просечната возраст на корисниците кои првпат се регистрираат на социјалната мрежа е зголемена од 19-20 на 24-25 години. Вработените во Фејсбук не знаат кои се точно причините за овој тренд.

„Постои проблем со начинот на кој младите споделуваат податоци за нивните животи. Тие претпочитаат други апликации да зборуваат за секојдневните работи и да споделуваат важни мигови од својот живот“, посочува овој интерен документ.

Самата компанија верува дека интересот на младите и тинејџерите ќе продолжи да опаѓа и наредните години. Покрај тоа, поранешниот вработен во социјалната мрежа Френсис Хоган го обвини Фејсбук дека „не е транспарентен кон своите инвеститори и рекламни клиенти“. Според наводите, раководството претпочита да не ја разгласува оваа тенденција, бидејќи стравува дека тоа може да доведе до губење на приходите од реклами на платформата.

Во составувањето на „Досието Фејсбук“ учествуваа 17 американски медиуми. Новинарите работеа заедно, прегледувајќи илјадници страници интерни документи на американската фирма.

Промовирани огласи »

Најсилните криптовалути во светот деновиве се повторно „во зелено“, оптимизмот на инвеститорите расте, берзите цветаат и сè е прекрасно – па логично е што покрај биткоинот и етериумот, порасна вредноста и на помалку значајните алткоини. Една од нив е шиба ину, меме криптовалута направена според моделот на доџкоин, чии автори и сопственици се надеваат дека ќе доживее големо зголемување на вредноста.

За потсетување, доџкоинот беше создаден од шега, но беше прифатен од Елон Маск, па со неколку негови твитови оваа криптовалута порасна доволно за нејзината вредност да се мери во десетици центи.

Со надеж дека ќе ја постигне славата на доџкоин, еден сопственик и поддржувач на шиба ину на „Твитер“ го праша Маск колку криптовалути поседува, а тој накратко одговори дека нема ни една. Овој твит со еден збор предизвика пад на вредноста на криптовалутата шиба за околу 8 отсто, а Маск ја продолжи дискусијата објаснувајќи ја својата инвестиција.#

– Купив биткоин, етериум и доџкоин од чиста љубопитност – напиша тој на „Твитер“.

Најбогатиот човек на светот продолжи да споделува инвестициски совети кога станува збор за криптовалутите.

– Како што реков претходно, не инвестирајте сè во криптовалути. Вистинската вредност лежи во правење производи и обезбедување услуги за луѓето, а не во пари во каква било форма – напиша Маск, кој моментално поседува богатство проценето на повеќе од 250 милијарди долари.

Ако зборуваме за биткоинот, Маск и „Тесла“ долго време се занимаваа со оваа криптовалута вложувајќи 1,5 милијарда долари, дури и овозможија купување автомобили со криптовалути, па беше очекувана поврзаноста на водечкиот светски милијардер со биткоинот.

Од друга страна, додека приказната за доџкоинот сè уште се вжештуваше, Маск напиша дека ја купил оваа криптовалута за својот „мал Екс“, односно синот по име X Æ A-12. Ако навистина му купил доџкоин во февруари или порано, „малиот Екс“ можел да ја зголеми вредноста на инвестицијата на неговиот татко за десет пати.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »