Промовирани огласи »

Најсилните криптовалути во светот деновиве се повторно „во зелено“, оптимизмот на инвеститорите расте, берзите цветаат и сè е прекрасно – па логично е што покрај биткоинот и етериумот, порасна вредноста и на помалку значајните алткоини. Една од нив е шиба ину, меме криптовалута направена според моделот на доџкоин, чии автори и сопственици се надеваат дека ќе доживее големо зголемување на вредноста.

За потсетување, доџкоинот беше создаден од шега, но беше прифатен од Елон Маск, па со неколку негови твитови оваа криптовалута порасна доволно за нејзината вредност да се мери во десетици центи.

Со надеж дека ќе ја постигне славата на доџкоин, еден сопственик и поддржувач на шиба ину на „Твитер“ го праша Маск колку криптовалути поседува, а тој накратко одговори дека нема ни една. Овој твит со еден збор предизвика пад на вредноста на криптовалутата шиба за околу 8 отсто, а Маск ја продолжи дискусијата објаснувајќи ја својата инвестиција.#

– Купив биткоин, етериум и доџкоин од чиста љубопитност – напиша тој на „Твитер“.

Најбогатиот човек на светот продолжи да споделува инвестициски совети кога станува збор за криптовалутите.

– Како што реков претходно, не инвестирајте сè во криптовалути. Вистинската вредност лежи во правење производи и обезбедување услуги за луѓето, а не во пари во каква било форма – напиша Маск, кој моментално поседува богатство проценето на повеќе од 250 милијарди долари.

Ако зборуваме за биткоинот, Маск и „Тесла“ долго време се занимаваа со оваа криптовалута вложувајќи 1,5 милијарда долари, дури и овозможија купување автомобили со криптовалути, па беше очекувана поврзаноста на водечкиот светски милијардер со биткоинот.

Од друга страна, додека приказната за доџкоинот сè уште се вжештуваше, Маск напиша дека ја купил оваа криптовалута за својот „мал Екс“, односно синот по име X Æ A-12. Ако навистина му купил доџкоин во февруари или порано, „малиот Екс“ можел да ја зголеми вредноста на инвестицијата на неговиот татко за десет пати.

Промовирани огласи »

Просечните пензии се највисоки во Хрватска и Црна Гора, а најниски во Босна и Херцеговина и Србија, резимира ТВ каналот „Ал Џезира Балканс“.

Многу пензионери во земјите од Западен Балкан жовеат во тешка општествено-економска ситуација, а таа се влошува со секоја измината година.

Според државните институции, Хрватска исплатила пензии на 1.237.070 граѓани во август, а просечната сума е 2.802 куни или 373 евра, што е повеќе од 20 отсто повеќе од 2013 година, кога изнесувала 310 евра.

Втора во рангирањето е Црна Гора, каде пензионерите во просек добиваат по 293 евра месечно. Податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажуваат дека просечната пензија во земјата во август 2021 година изнесувала 293 евра, а во неа живеат 114.131 пензионер. Просечната пензија пораснала за 5,3 отсто во однос на 2013 година кога изнесувала 278 евра.

Во Северна Македонија - според Здружението на пензионери, просечната пензија што се исплатила во јуни годинава годинава изнесува 255 евра (15.705 денари), што е 77 отсто пред повеќе за осум години, кога едвај достигна 144 евра.

Во Србија, според Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, просекот на пензијата во август годинава изнесувал 29.368 динари, речиси 250 евра.

Промовирани огласи »

Некогаш изборот на вистинската професија може да биде тежок. Дури и советите од најблиските некогаш не би биле доволни за  да се одлучите по кој пат ке одите. Некогаш размислувате дали да ја одберете професијата што ја сакате или професијата која ќе ви  донесе голема заработка.

„Луѓето имаат потешкотии при избор на професија, бидејќи ти се повеќе фокусирани на парите наместо на самата професија.“ вели Аманда Андино, тренер за регрутирање.  Луѓето би избрале професија која не ја сакаат само затоа што е добро платена -  вели таа.

Без разлика дали сте почетник или  искусен професионалец, следете ги овие чекори за да ви помогнат да одлучите за вашиот идеален пат.

  • Утрврдете дали се навистина движете во погрешна насока.
  • Дознајте што сакате - а што не сакате.
  • Проценете ја вашата позадина и карактер.
  • Прашајте за совет, но не секогаш го прифаќајте
  • Бидете отворени за сите можности.

Дали вие би прифателе работа  која не ја сакате а е добро платена? Или сепак би ја почитувале вашата омилена професија иако заработката е помала и ќе се придржувате кон неа.

Промовирани огласи »

Во секојдневието е нормално после работа да се дружеме со колегите од работа, но доколку сте дел од водечкиот тим, и сте поканети од страна на вашите вработени, ситуацијата постанува комплицирана.

Ако сте лидер на некоја група и прифатете да се дружете со вашите вработени во тимот си ја ризикувате вашата професионална врска со нив Но, ако одбиете,  можете ненадејно да створите лоша слика кај вработените мислејќи дека не ги почитувате доволно и не сте заинтересирани да ги запознаете подобро.

Како и во секоја друга ситуација така и во оваа постојат позитивни и негативни работи за сето ова. На пример позитивни работи би биле: Ако менаџерот одлучи да се дружи со нив после работа, ќе може подобро да ги запознае неговите работници, може да созаде подобра врска меѓусебно, да го зголеми залагањето на работниците  на самото работно место. Додека пак негативни би биле: потенцијални проблеми со одговорноста или вработените може да си земат за важност.

Од ова доаѓа прашањето: Како успешно да ја изменаџирате вашата врска со вработените? Дали менаџерите треба да се дружат после работа со вработените или сепак не? Останува на секој менаџер или лидер да одлучи.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »