Промовирани огласи »

За градскиот метеж потребно е мало, агилно возило што ќе троши малку, нема да биде потребно многу за одржување и нема да се расипува. Британскиот магазин What Car направило рангирање на оние возила што најмалку се расипуваат. Поради тоа може слободно да се прогласат за „кралеви за градските улици“.

Вообичаено се смета дека поскапите автомобили се и поквалитетни. Но, дали е секогаш така. Судејќи според одговорите на сопствениците на автомобили „на островот“, меѓу помалите градски модели има доста квалитетни четири тркала.

Анкетираните возачи одговарале на прашања за дефектите што ги имал нивниот автомобил во текот на минатата година, како и за цената на поправката и времето потребно за таа да се направи.

Врз основа на овие податоци, за секое возило беше пресметан индексот на доверливост, изразен во проценти. Колку е поголем тој процент, толку е посигурен самиот автомобил.

Резултатите од истражувањето би можеле да бидат изненадувачки за некого (особено, првото место), а како се рангирани 17-те мали модели.

1. Dacia Sandero (2013 – 2020) – Индекс 100
Ниту еден од сопствениците не пријавил никакви недостстоци кај моделот

2. Hyundai i10 (2014-2020) – Индекс 99,6
Дефекти пријавиле само 4 сопственици. Најголем проблеми се поврзани со системот з ауправување, и во сите случаи поправките не вклучувале дополнителни трошоци, ниту тоа траело повеќе од еден ден.

3. Suzuki Swift (од 2017) – Индекс 99,3
Проблеми имало само кај 3 сопственици, сите поправени во гаранциски рок. Најчести проблеми со клима уредот, поправката траела и до седум дена.

4. Hyundai i20 (2015-2020) – Индекс 99
5. Honda Jazz (2015-2020) – Индекс 98,1
6. Mini (бензин од 2014) – Индекс 96,9
7. Ford Fiesta (бензин 2008) – Индекс 95
8. VW Up (od 2012) – Индекс 94,8
9. Renault Clio (2013-2019) – Индекс 94,3
10. Kia Rio (бензин од 2017) – Индекс 94
11. Kia Picanto (oд 2017) – Индекс 93,9
12. Audi A1 (бензин od 2018) – Индекс 92,2
13. Skoda Fabia (2015-2021) – Индекс 91,7
14. Opel Corsa (2014-2019) – Индекс 90,6
15. Seat Ibiza (од 2017) – Индекс 90,5
16. VW Polo (од 2018) – Индекс 80,6
17. Ford Fiesta (од 2017) – Индекс 74,9

Добра препорака ако решите да купите половно возило.

Промовирани огласи »

Култот околу Hymlayan на Royal Еnfileld предизвика ушт епоголем интерес околу гласините за појава на нов модел до помоќен мотор. И конелно сега е јасно, нов поголем Hymlayan ќе има, ама нема да биде баш тоа што можеби се очекуваше. 

Култот околу Hymlayan на Royal Еnfileld предизвика ушт епоголем интерес околу гласините за појава на нов модел до помоќен мотор. И конелно сега е јасно, нов поголем Hymlayan ќе има, ама нема да биде баш тоа што можеби се очекуваше. 

Да бидеме јасни, сегашната 411cc верзија со скромни 24КС за многумина не симболизирање соодветна авантура, но од друга страна за многумина ова беше совршениот мотор за впуштање во секакви терени. Како и да е, производителот добро знаеше дека пазарот е гладен за нешто поголемо, а фактот дека веќе имаат 650cc мотор во својата понуда само го наговестуваше логичното решение. 

За сите трагачи по авантури нема разочарување. Royal Enfield потврди дека ќе има нов модел но во исто време најави дека ќе има две верзии од истиот. Една која ќе биде повеќе ориентиран за возење на асфалт, односно повеќе ќе биде спорски турер отколку машина која ќе може да се снајде со секаков терен и втора верзија која ќе биде повеќе ориентирана за офроуд предизвици иако сепак туринг карактеристиките ќе надвалдуваат. Но, никаде не се спомнува името Hymlayan, што значи дека не е исклучена можноста и овие два нови модели да не го носат ова име туку некое сосема ново. 

Нема потреба од голема возбуда, гласините се потврдени ама најавите велат дека овие модели ќе може да го очекуваме на пазарот дури во 2024 година. 

Промовирани огласи »

Пристигна новиот, најголемиот, најлуксузниот и најскапиот модел од понудата на Land Rover во петтото издание.

Едниот од најпознатите луксузни SUV модели на сите времиња е заснован на MLA платформата на Land Rover, луксузно опремената кабина ќе конфигурира со 4, 5 или 7 седишта.

Каросеријата ја красат „чисти“ линии без многу детали.

Купувачите во Европа ќе можат да бираат меѓу многу погонски опции кои вклучуваат турбо бензин, турбо дизел и две plug-in хибридни верзии. На врвот на понудата е 4,4-литарски бит турбо V8 мотор кој развива 525 коњски сили.

Првиот Range Rover до својот купувач ќе пристигне на почетокот на пролетта во 2022 година.

Промовирани огласи »

Регистарски број на автомобил со две идентични букви е на пат да стане најскапиот во светот. Се продава на онлајн платформата OpenSea, а наддавањето достигнува скоро 25 милиони долари.

Според официјалните информации, во Калифорнија има повеќе од 35 милиони регистрирани броеви на возила, кои содржат два до седум различни знаци во нив. Најретки се оние со два идентични симболи, како што е случајот со овој. Тоа се две букви – ММ, а ако се реализира продажбата, ќе стане најскапата во историјата.

Покрај регистерската табличка, идниот сопственик ќе добие и единствен NF токен. Сите информации – идентификатор на токен и индивидуален QR код, се ласерски врежани на задната страна на металната плоча. Продавачот тврди дека ова е прв пат во историјата да биде ставена на продажба физичка регистарска табличка поврзана со NFT.

Во моментот на пишување, цената е 5888 ETH (ова е главното средство за плаќање во блокчејн мрежата Ethereum) или 24.460.459,52 долари. За само еден час цената на знакот пораснала за 200.000 долари. Во исто време се продава и ММ број од Тексас, при што последната понудена сума е 2888 ЕТН (11.997.589,52 долари).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »