Промовирани огласи »

Ешли Сатон е стариот-нов шампион во Британскиот туринг шампионат.

Изминатиот викенд се одржа последната рунда од Британскиот шампионат на туристички автомобили каде се одлучуваше шампионската титула. Џош Кук беше победник на првата и втората трка, додека Ешли Сатон победи на третата трка.

Сатон беше крунисан шампион веќе после втората трка но тоа не го запра да ја заврши оваа сезона со победа, како што доликува за еден шампион. Ова е втора титула по ред на Сатон со истиот тим и автомбоил – Laser Tools Infiniti Q50 од вкупно трите освоени во неговата кариера.

Во третата трка и последна за оваа сезона Сатон стартуваше од четвртата позиција како резултат на правилото на обратен грид. Лошиот старт на Рори Бучер му овозможи брза трета позиција е веќе при крајот на четвртиот круг Сатон дојде до водство каде започна да прави предност, но излегувањето на безбедностниот автомобил поради излетувањето на Џек Мичел ја стопи предност.

После рестартот Сатон повторно на прави предност од една секунда во следните три кругови, за подоцна да ја зголеми предноста на 3.378 секунди на еден круг до крајот. Сепак го намали темпото и трката ја заврши со предност од 1.369 секунди пред Даниел Роботом.

Том Инграм заврши на третата позиција, додека позади подиумот следеа Џејк Хил, Џош Кук, Том Чилтон, Гордон Шеден, Џек Гоф, Рори Бучер и Џејсон Плејто кој ги комплетираше топ 10-те на последната трка оваа сезона.

Промовирани огласи »

Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) со победата во САД направи крупен чекор во походот кон титулата во Формула 1. Тој ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на актуелниот шампион Луис Хамилтон (Мерцедес) на 12 бода.

Следуваат две патеки кои многу им одговараат на возачите на Ред Бул, така што ќе биде тешко за нас. Ни останува да се обидеме да ја минимизираме разликата во споредба со нив и да видиме дали можеме подобро да ја завршиме работата. Се обидувам да не размислувам за тоа во моментов. Јас живеам во моментот и ќе одам трка по трка, истакна Британецот.

До крајот остануваат уште пет трки, а следниот настан ќе се одржи во Мексико на 7 ноември.

Промовирани огласи »

Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост, а од 15 ноември за влез ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, соопшти Владата . 

Владата  на денешната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:

  • Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.
  • Се дозволува работа на барови и ноќни клубови - дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.
  • Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:
  • до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
  • сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.


Согласно ова, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19.

Промовирани огласи »

За градскиот метеж потребно е мало, агилно возило што ќе троши малку, нема да биде потребно многу за одржување и нема да се расипува. Британскиот магазин What Car направило рангирање на оние возила што најмалку се расипуваат. Поради тоа може слободно да се прогласат за „кралеви за градските улици“.

Вообичаено се смета дека поскапите автомобили се и поквалитетни. Но, дали е секогаш така. Судејќи според одговорите на сопствениците на автомобили „на островот“, меѓу помалите градски модели има доста квалитетни четири тркала.

Анкетираните возачи одговарале на прашања за дефектите што ги имал нивниот автомобил во текот на минатата година, како и за цената на поправката и времето потребно за таа да се направи.

Врз основа на овие податоци, за секое возило беше пресметан индексот на доверливост, изразен во проценти. Колку е поголем тој процент, толку е посигурен самиот автомобил.

Резултатите од истражувањето би можеле да бидат изненадувачки за некого (особено, првото место), а како се рангирани 17-те мали модели.

1. Dacia Sandero (2013 – 2020) – Индекс 100
Ниту еден од сопствениците не пријавил никакви недостстоци кај моделот

2. Hyundai i10 (2014-2020) – Индекс 99,6
Дефекти пријавиле само 4 сопственици. Најголем проблеми се поврзани со системот з ауправување, и во сите случаи поправките не вклучувале дополнителни трошоци, ниту тоа траело повеќе од еден ден.

3. Suzuki Swift (од 2017) – Индекс 99,3
Проблеми имало само кај 3 сопственици, сите поправени во гаранциски рок. Најчести проблеми со клима уредот, поправката траела и до седум дена.

4. Hyundai i20 (2015-2020) – Индекс 99
5. Honda Jazz (2015-2020) – Индекс 98,1
6. Mini (бензин од 2014) – Индекс 96,9
7. Ford Fiesta (бензин 2008) – Индекс 95
8. VW Up (od 2012) – Индекс 94,8
9. Renault Clio (2013-2019) – Индекс 94,3
10. Kia Rio (бензин од 2017) – Индекс 94
11. Kia Picanto (oд 2017) – Индекс 93,9
12. Audi A1 (бензин od 2018) – Индекс 92,2
13. Skoda Fabia (2015-2021) – Индекс 91,7
14. Opel Corsa (2014-2019) – Индекс 90,6
15. Seat Ibiza (од 2017) – Индекс 90,5
16. VW Polo (од 2018) – Индекс 80,6
17. Ford Fiesta (од 2017) – Индекс 74,9

Добра препорака ако решите да купите половно возило.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »