Сури Мур е писател на книги за само-усовршување.
Таа спроведува и курсеви за личен развој.
Во 2013 година, Сузи ја напушта работата од која добиваше по 500.000 долари годишно.
Оваа жена презема еден ризичен чекор, за да создаде свој бизнис, поврзан со тоа да им помага на луѓето да бидат добри во она што го прават.
Таа може да се нарекува како што е популарно во последно време „персонален водич".
Мур вели дека во својата работа забележала дека луѓето дозволуваат една голема грешка.
„Луѓето се во голема заблуда, кога се залажуваме дека им треба идеално време, совршена идеја и инспирација. Чекаат нешта кои сметаат дека ќе им ја дадат потребната волја за да го претворат својот сон во реалност"- вели Мур за Бизнис инсајдер.
Луѓето имаат тенденција да размислуваат повеќе од потребното, кога е потребно само да дејствуваат, додава таа.