Летното сметање на времето во европските земји заврши денеска, кога стрелките на часовниците беа помесетени еден час наназад, од 03.00 на 02.00 часот. Летното сметање на времето е воведено согласно одлуката на ЕУ, пред сѐ заради очекуваните економски придобивки - подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија. Меѓутоа, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од враќањето на стрелките на часовниците двапати годишно во 2021 година, оставајќи им на членките да одлучат дали трајно ќе го усвојат „летното“ или вообичаеното „зимско“ сметање на времето.
Заминува ли менувањето на времето во историја?
Но, земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за предлогот на Европската комисија од пред три години за укинување на сезонското поместување на часовникот последната недела во март, односно во октомври. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите-членки. Одлуката дали некоја земја-членка ќе го земе летното или зимското сметање на времето за постојано зависи од нејзината географска локација, така што договорот за предлогот на ЕК нема да биде лесен. Постојат три временски зони во ЕУ, а најголемата е централноевропската од Полска на исток до Шпанија на запад.