Промовирани огласи »

Англискиот сленг „ работа за викенд“ се користи да се искаже дека некој ја поминнува  работната недела мислејќи на активностите за викендот. Тоа понекогаш го одовлекува вработениот да не ја завршува работата на време. Во други случаи сугерира дека некој е несреќен за време на работа. Поради ова биле направени голем број истражувања за да се дознае повеќе за ставовите за работата во и надвор од работното место. Без разлика дали луѓето работат за викенд или не, истражувањата покажуваат дека луѓето се посреќни за време на викендите дури и ако се задоволни со својата работа.

Вработените кои чуствуваат дека нивната работа им придонесува среќа, имаат подобри резултати за разлика од луѓето кои ја гледаат својата работа како средство за постигнување на целта. Личност со ваквото чуство  може да се чуствува лошо или здодевно на работа.

Промената на работните услови може да ги разниша ставовите на работното место и да ги направи луѓето позаинтересирани и ангажирани, намалувајќи го чувството за работа за викенд. Промоциите, преместувањата во различни оддели и други промени на работното место, како што е воведувањето флексибилно работно време, може да придонесе вработените да се чувствуваат посреќни на работа и помалку фокусирани на викендот.

Дали  и вие го имате чуството наречено „Работа за викенд? Дали сте задоволни со вашата работа? Како го поминувате вашиот викенд?

Промовирани огласи »

Летното сметање на времето во европските земји заврши денеска, кога стрелките на часовниците беа помесетени еден час наназад, од 03.00 на 02.00 часот. Летното сметање на времето е воведено согласно одлуката на ЕУ, пред сѐ заради очекуваните економски придобивки - подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија. Меѓутоа, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од враќањето на стрелките на часовниците двапати годишно во 2021 година, оставајќи им на членките да одлучат дали трајно ќе го усвојат „летното“ или вообичаеното „зимско“ сметање на времето.

Заминува ли менувањето на времето во историја?

Но, земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за предлогот на Европската комисија од пред три години за укинување на сезонското поместување на часовникот последната недела во март, односно во октомври. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите-членки. Одлуката дали некоја земја-членка ќе го земе летното или зимското сметање на времето за постојано зависи од нејзината географска локација, така што договорот за предлогот на ЕК нема да биде лесен. Постојат три временски зони во ЕУ, а најголемата е централноевропската од Полска на исток до Шпанија на запад.

Промовирани огласи »

Авиокомпанијата еasyJet од утре официјално започнува со нискобуџетни летови од Скопје преку лансирање на директна авиолинија помеѓу Скопје и Женева. 

На почетокот планирано е компанијата да лета два пати неделно на оваа дестинација, додека веќе од декември бројот на неделни летови ќе се зголеми на три. Во моментов ниту една компанија нема директен лет на оваа дестинација, а скопскиот аеродром опслужува уште две нискубуџетни компании.

Од компанијата велат дека easyJet е фокусирана на својата успешна стратегија да се прошири низ Европа и да работи во најдобар интерес на компанијата и нејзините клиенти обезбедувајќи ја привлечноста на својата мрежа.

Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 3000 патници летале од Скопје до Женева во предпандемиската 2019 година, додека бројот во текот на 2020 година е 600 патници. 

Промовирани огласи »

„Мајкрософт“ го надмина „Епл“ по пазарна капитализација и стана највредната компанија во светот чии акции се тргуваат на берзата, бидејќи извештајот за бизнисот на американскиот производител на iPhone не ги исполни очекувањата.

Во тргувањето на Волстрит до 10:30 часот по источно време, „Мајкрософт“ имаше пазарна капитализација од 2,45 билиони долари, додека „Епл“ имаше пазарна капитализација од околу 2,41 билиони долари, пренесува Си-Ен-Би-Си.

„Епл“ објави во четвртокот вечерта дека периодот јули-септември, четвртиот квартал од фискалната година на компанијата, генерирал приход од 83,4 милијарди долари поради проблеми со синџирот на снабдување. На Волстрит се предвидуваше дека ќе изнесува 84,3 милијарди.

Од друга страна, „Мајкрософт“ деновиве објави дека во првиот фискален квартал остварил за 22 отсто поголеми приходи во однос на истиот период лани, што беше најбрзиот раст од 2018 година.

Акциите на „Мајкрософт“ скокнаа за речиси 47 отсто во денешното утринско тргување, додека на „Епл“ поскапеа околу 11 отсто.

 „Епл“ е првата компанија во светот што достигна пазарна капитализација од 1.000 милијарди долари во 2018 година, и првата што го надмина нивото од 2,0 билиони долари минатата година.

„Мајкрософт“ минатата година успеа накратко да го надмине „Епл“ по пазарна капитализација, бидејќи пандемијата предизвика хаос во синџирите на снабдување, а во јуни оваа година достигна пазарна вредност од 2.000 милијарди долари откако за прв пат го објави првото големо ажурирање на оперативниот систем Виндоус во пет години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »