Промовирани огласи »

Макс Верстапен ја искористи лошата тактика на Мерцедес во Турција, за да го преземе водството во генералниот пласман.

Луис Хамилтон падна на втората позиција, откако го освои петтото место во Истанбул. Тоа дополнително ја зголемува неизвесноста во битката за шампионската титула.

Холанѓанецот од редовите на Ред Бул вози одлична сезона. Моментално стои на 469 круга на кои бил лидер во било кој дел од трките оваа сезона. Тоа е повеќе од сите останати возачи во Формула 1 шампионатот, кои имаат вкупно 465 водечки круга.

Засега Верстапен има само шест бода во однос на Хамилтон. Нов судир меѓу нив двајца се очекува во Остин, САД на 24 октомври.

Промовирани огласи »

Peugeot Sport собра многу повеќе големи победи отколку бројот на години од своето основање во октомври 1981 година, поставувајќи рекорд што доволно зборува за конзистентниот квалитет и спортската стратегија на тимот.

Основан во октомври 1981 година и првично наречен Peugeot Talbot Sport, Peugeot Sport е успешен во мотоспортот низ целиот свет веќе четири децении. За тоа време, француската марка се етаблираше како водечка сила и во трките и во релито, со некои од најиконските спортски автомобили во рацете на исклучителни возачи.

Откако победи на првата автомобилска трка Париз-Бордо-Париз во 1895 година, брендот го користи мотоспортот за развој и усовршување на својата технологија. Денес, програмата за хиперавтомобили на Peugeot Sport на Светското првенство во издржливост (FIA WEC) со неодамна претставениот PEUGEOT 9X8 го означува почетокот на петтата деценија на брендот на светската сцена за да додаде уште едно славно поглавје во спортската авантура која долго време ја отелотворуваше нејзиниот стремеж за извонредност и заеднички емоции.

Создаден од Жан Тод и првично познат како Peugeot Talbot Sport, PEUGEOT Sport произведе многу иконски автомобили, вклучувајќи ги и незаборавните PEUGEOT 205 T16, 405 T16, 206 WRC, 306 Maxi и 905, проследено со PEUGEOT 908, 208 T16 Pikes Peak, 2008 DKR, 3008 DKR, 208 WRX, и сега од револуционерниот PEUGEOT 9X8, кој е подготвен да игра клучна улога во планот за електрификација на PEUGEOT и во исто време ја отелотворува тесната соработка помеѓу спортската дивизија и дизајнерскиот тим на марката.

Во текот на последните 40 години, луѓето во PEUGEOT Sport успешно се соочија со предизвикот на толку многу легендарни настани ширум светот и на национално ниво, а нивната страст и професионалност продолжуваат да го инспирираат сегашниот тим.

Промовирани огласи »

Раководството на Formula 1 го објави провизорниот календар за новата сезона која стартува во 2022 и ќе донесе рекорден број на натпреварувачки викенди

Годинешното издание на Formula 1 го имаше најголемиот број на трки со вкупно 22 натпреварувачки викенди. Но, раководството на најбрзиот циркус на планетата го објави првичниот календар за новата сезона, а ако се биде во ред, 2022 ќе биде рекордна со 23 трки.

Отворањето на сезоната ќе се одржи во Бахреин, по што ќе следуваат трките за Големите награди на Саудиска Арабија, Австралија и Италија. По ова, пристигнува инаугурациската трка за Големата награда на Мајами, како прва од двете трки во САД, по што ќе следуваат Шпанија, Монако, Азербејџан, Канада, Велика Британија, Австрија, Франција и Унгарија, пред да пристигне летната пауза. По ова, тимовите ќе се упатат кон Белгија, Холандија, повторно Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, одново САД, Мексико, Бразил и на крајот сезоната завршува во Абу Даби.

Промовирани огласи »

Сè уште не се познати сите детали, но се очекува дека ќе го движи 5,5-литарски V8 мотор со 625 КС и 657 Nm, со погон на задните тркала и 8-степен автоматски менувач.

Во пакетот се и задни гуми од 345 мм, дигитални инструменти, елементи од карбонски влакна во внатрешноста итн.

На фотографиите на камуфлираниот автомобил се гледаше големото задно крило, но сега го нема на официјалната фотографија.

Наскоро ќе видиме што сè има да понуди стандардниот Z06.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »