Викендов на новата ридска патека во Дубровник се одржа последната трка од шампионатот на ридски патеки во Хрватска, која исто така се бодуваше и за Црногорскиот шампионат кој заврши со истата трка.
Во саботата имавме суви тренинзи, но ниските температури како и секогаш во Дубровник во овој дел од годината не дозволуваат максимални резултати. На саботните тренинзи најбрз, но кој воедно постави и прв рекорд на новата патека беше Никола Асановиќ во прототип Norma M 20 со време од 1:49.542, беше побрз од неговиот најблисок конкурент во категоријата на туристички автомобили Домагој Перековиќ (Mitsubishi Lаncer EVO 9) за нешто повеќе од 4 секунди со време од 1:53.151, а воедно ја освои и титулата во Хрватскиот шампионат во класата Е1.
На ред дојде недела, денот за трка. Иако изутрината временските услови изгледаа дека ќе бидеме сведоци на сува трка и подобри времиња, пред самиот старт на трката започна дожд кој не престана цел ден. Возачите пред самиот старт беа со монтирани дождовни гуми и во еден момент беа готови да менуваат гуми за суво, но најавата за дожд воопшто не разочара.
На дождовната трка победник во генерален пласман беше Домагој Перековиќ (Класа Е1), додека на втората и третата позиција пристигнаа Црногорскиот возач Василије Јакшиќ (Група Н) и домашниот возач Стијепо Маненица (Група Н), сите во Mitsubishi Lаncer EVO 9.
БрзКруг беше и на оваа трка присутен, па погледнете ги фотографиите на нашата ФБ страница, а во текот на неделата ќе погледнете и некои видеа кои ќе бидат склопени.
Првата временска листа е од саботните тренинзи, втората од неделните две трки: