Промовирани огласи »

Новиот тип на стакло е пет пати поотпорен на пукање, велат научниците, додавајќи дека ова конечно може да биде крај на страдањето на корисниците на паметни телефони чиишто екрани често пукаат кога ќе паднат.

Новиот тип на стакло е направен од стакло и акрилик, што му дава комбинација на сила, моќ и транспарентност, и е резултат на работата на научниците од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада.

Ова појако и поцврсто стакло е инспирирано од внатрешниот бисерен слој од школки од мекотели, познат и како „мајка на сите бисери“. Во микроразмери, наликува на испреплетени споени лего коцки. Иако е стакло, новиот материјал повеќе потсетува на пластика и не се крши при удар, објаснуваат канадските научници. Доколку беше масовно произведено и ставено на пазарот, може да го реши проблемот со кршење на стаклото на екранот на паметните телефони еднаш засекогаш кога ќе паднат на земја.

Лушпите од мекотели сочинуваат 95 проценти од кредата, која во својата оригинална форма е многу кршлива. Меѓутоа, бисерот што се обвиткува во внатрешноста на школката е направен од минијатурни плочки кои личат на ситни лего коцки, што го прави исклучително јак и цврст. Исто така е многу флексибилен и им дава отпорност на удари на школките.

Промовирани огласи »

„Apple Inc.“ најверојатно ќе го намали производството на смартфонот „iPhone 13“ за околу 10 милиони единици поради недостаток на чипови ширум светот, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на познати извори.

Според „Bloomberg“, компанијата се очекува да произведе 90 милиони нови модели на „iPhone“ до крајот на оваа година.

Изданието вели дека „Apple“ ги известил своите производители дека бројот ќе биде помал бидејќи добавувачите на чипови, вклучително и „Broadcom Inc“ и „Texas Instruments“, се соочуваат со тешкотии.

Акциите на „Apple“ паднаа за 1,2% во тргувањето после работното време, додека оние на „Texas Instruments“ и „Broadcom“ загубија околу 1% од нивната вредност.

Во јули, компанијата предвиде забавување на растот на приходите и објави дека недостатокот на чипови, кој почна да влијае на неговата способност да ги продава „Mac“ и „iPad“, ќе влијае и врз производството на „iPhone“.

Недостатокот на чипови изврши огромен притисок врз сите видови индустрии, од автомобилската индустрија до електрониката, што принуди многу производители на автомобили привремено да сопрат со работа.

Со својата огромна куповна моќ и долгорочни договори за снабдување со производителите на чипови, „Apple“ се справува со недостатокот подобро од многу други компании.

Ова доведе некои аналитичари да предвидат дека моделите на „iPhone 13“, кои беа претставени во септември, ќе пријават силна продажба бидејќи потрошувачите сакаат да се преселат на понови уреди компатибилни со 5G мрежите.

Промовирани огласи »

Apple воведе нови чипови дизајнирани за компјутерите MacBook Pro. Новите чипови M1 Pro и M1 Mac се 70 проценти побрзи од нивниот претходник М1. Новите компоненти ќе и овозможат на компанијата да се префрли на сопствени чипови, наместо оние што досега ги произведуваше Intel.

Минатата година, Apple ја започна транзицијата кон M1 силиконски чипови од сопствено производство во поевтини верзии на Mac. Новите чипови, сепак, претставуваат похрабар потег, чија цел е да ги надмине производите со најдобри перформанси на Intel, пишува „Блумберг“.

Новите чипови содржат 10 процесорски јадра во споредба со осумте во чипот М1. Apple, исто така ги подобрува графичките перформанси за M1 Pro и M1 Mac, кои имаат 16 и 32 графички јадра, соодветно. Графичките перформанси на M1 Mac се четири пати побрзи отколку на M1 и 13 пати побрзи од претходните модели на Intel.

Покрај новите чипови, Apple вчера ги претстави и своите најнови аудио производи, како и редизајниран MacBook Pro лаптоп со поголем екран, полнење MagSafe и подобра резолуција.

Промовирани огласи »

Google почна со имплементација на „бесконечно“ скролање на мобилните уреди, опција што треба да им го олесни пребарувањето на резултатите на корисниците.

Континуираното лизгање значи дека кога ќе стигнете до дното на страницата со резултати од пребарувањето, наместо да кликнете на копчето „See More“, лизгањето ќе продолжи сѐ додека има резултати што одговараат на пребарувањето.

Според податоците на Google, најголем број корисници ги пребаруваат првите четири страници со резултати во потрага по потребните информации. Се разбира, најрелевантните резултати се на врвот на листата, но корисниците честопати сакаат да разгледаат и други извори.

Оваа промена во начинот на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе им олесни, па се проценува дека со тоа ќе се зголеми бројот на просечни прегледани страници за пребарување. Новата опција наскоро ќе биде достапна за секого, и е дел од напорите на „Google“ да го редефинира изгледот на резултатите од пребарувањето преку мобилни телефони. Редизајнирањето ќе овозможи полесно и побрзо пребарување на мобилни уреди, со помала интеракција на корисникот со корисничкиот интерфејс.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »