Publicis Groupe's Spark Foundry е новата медиска агенција на Facebook. По седум месечни интензивни анализи, Facebook го избра Publicis Spark Foundry како свој „глобален партнер за медиумско планирање и медиски закуп за брендовите на Facebook“, кој од неодамна е ребрендиран во ново име и ново лого под називот Meta.
Publicis Spark Foundry ќе го спроведува процесот на ребрендирање на Facebook во Meta, креирајќи нова корпоративна порака и култура. Ќе имплементира стратегија за ребрендирање и медиумски иновации, преку ефикасни канали на комуникација, користејќи уникатни алатки за планирање.
Facebook, сега Meta, е компанија со годишен маркетинг буџет од близу 1 милијарда долари. Медиумската агенција ќе помогне да се развие најдобрата медиска стратегија, и да се пласираат реклами на интернет, телевизија и надвор од домот на ефикасен начин, велат од Meta.
Metaе комплетно нова визија на начинот на кој Facebook се гледа себеси, и од Facebook се надеваат дека тоа ќе помогне во иднина да се обликува начинот на кој јавноста гледа на компанијата. Meta е „метаверс“ компанија, која е фокусирана на хардвер и софтвер на кој ќе биде изградена следната генерација на компјутерска технологија. Mета има планови за повеќе уреди, како комуникациските екрани Meta Portal, очилата за виртуелна реалност (VR) Meta Quest, целосни VR софтвер платформи како Horizon Workrooms, Home и Worlds, кои се алтернативни сајбер-светови за аватарите на вистински луѓе кои ќе имаат меѓусебна интеракција во „метаверсот“.
„Ние имаме богато наследство на водење на брендови низ процесот на трансформација и со огромно задоволство прифативме да работиме со Meta на следната еволуција на нивниот бизнис“, изјави Сара Крејмер, Генерален извршен директор на Publicis Spark Foundry U.S..
Facebookисто така им посака добредојде на повеќе агенции од различни холдинг компании како креативни агенции, вклучувајќи ги Johannes Leonardo, Ogilvy, Wieden+Kennedy, TBWA, Leo Burnett and Droga5. Publicis ги вбројува и Digitas, Leo Burnett и Publicis Sapient во своето семејство на креативни и рекламни агенции кои работат со бази на податоци.
Publicis е позната како агенција чии клиенти се големи брендови како Sephora, Kraft Heinz, Hulu и L’Oreal. Претходно оваа година, Publicis како клиент го доби и гигантот во малопродажба Walmart. Walmart, кој исто така, имаше блиска соработка со Facebook на експериментална технологија за купување, со програми како трговија со пренос во живо.
Facebook неодамна пријави цели 95 милијарди приход од реклами само во 2020 година. Компанијата пред себе има предизвикувачка маркетинг стратегија, која вклучува и создавање на „метаверсот“, кој во иднина може да стане новата форма на технологија која брендовите мора да ја разберат за да останат релевантни.