Промовирани огласи »

Од 15 ноември месецов почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Еве што ви е потребно

За мотоните возила со тежина која не надминува 3 500 кг во зимска опрема влегува:

  • зимски гуми на сите тркача со минимална длабочина од 4 милиметри
  • гуми со летен профил на сите тркала со најмалку 4 милиметри длабочина по слојот што гази, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) потребни се:

  • зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.
  • Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:
  • зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. Ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
  • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Промовирани огласи »

Откако произведоа ковид-вакцина со висока ефикасност, која масовно се користи во светот, Фајзер ја претставува и оралната терапија, пилула која ги олеснува симптомите, спречува хоспитализации и тешка форма на болеста. 

Сега, откако завршија прелиминарните експерименти и тестирања, Фајзер чекаат на ФДА да ја одобри оваа терапија. 

Тие објавија резултати од истражување кои покажуваат дека апчето го намалува ризикот за хоспитализација и до 89%. Во изминатиот период, тие направиле низа тестирања кои покажале дека ако нивниот лек се вклучи во стандардната ковид-терапија, многу тешки последици и смртни случаи ќе бидат навреме превенирани. 

Лекот кој има работно име PF-07321332 работи на принцип на инхибитор на протеаза. Засега, единствен лек за ковид-19 кој ФДА го одобрува е ремдесивир. Од Фајзер сметаат дека со правилна комбинација на лекови, во кои ќе влезе и нивниот нов производ, многу помалку пациенти ќе развиваат тешка клиничка слика или ќе умираат.

Промовирани огласи »

Publicis Groupe's Spark Foundry е новата медиска агенција на Facebook. По седум месечни интензивни анализи, Facebook го избра Publicis Spark Foundry како свој „глобален партнер за медиумско планирање и медиски закуп за брендовите на Facebook“, кој од неодамна е ребрендиран во ново име и ново лого под називот Meta.

Publicis Spark Foundry ќе го спроведува процесот на ребрендирање на Facebook во Meta, креирајќи нова корпоративна порака и култура. Ќе имплементира стратегија за ребрендирање и медиумски иновации, преку ефикасни канали на комуникација, користејќи уникатни алатки за планирање.

Facebook, сега Meta, е компанија со годишен маркетинг буџет од близу 1 милијарда долари. Медиумската агенција  ќе помогне да се развие најдобрата медиска стратегија, и да се пласираат реклами на интернет, телевизија и надвор од домот на ефикасен начин, велат од Meta. 

Metaе комплетно нова визија на начинот на кој Facebook се гледа себеси, и од Facebook се надеваат дека тоа ќе помогне во иднина да се обликува начинот на кој јавноста гледа на компанијата. Meta е „метаверс“ компанија, која е фокусирана на хардвер и софтвер на кој ќе биде изградена следната генерација на компјутерска технологија. Mета има планови за повеќе уреди, како комуникациските екрани Meta Portal, очилата за виртуелна реалност (VR) Meta Quest, целосни VR софтвер платформи како Horizon Workrooms, Home и Worlds, кои се алтернативни сајбер-светови за аватарите на вистински луѓе кои ќе имаат меѓусебна интеракција во „метаверсот“.

„Ние имаме богато наследство на водење на брендови низ процесот на трансформација и со огромно задоволство прифативме да работиме со Meta на следната еволуција на нивниот бизнис“, изјави Сара Крејмер, Генерален извршен директор на Publicis Spark Foundry U.S..

Facebookисто така им посака добредојде на повеќе агенции од различни холдинг компании како креативни агенции, вклучувајќи ги Johannes Leonardo, Ogilvy, Wieden+Kennedy, TBWA, Leo Burnett and Droga5. Publicis ги вбројува и Digitas, Leo Burnett и Publicis Sapient во своето семејство на креативни и рекламни агенции кои работат со бази на податоци.

Publicis е позната како агенција чии клиенти се големи брендови како Sephora, Kraft Heinz, Hulu и L’Oreal. Претходно оваа година, Publicis како клиент го доби и гигантот во малопродажба Walmart. Walmart, кој исто така, имаше блиска соработка со Facebook на експериментална технологија за купување, со програми како трговија со пренос во живо.

Facebook неодамна пријави цели 95 милијарди приход од реклами само во 2020 година. Компанијата пред себе има предизвикувачка маркетинг стратегија, која вклучува и создавање на „метаверсот“, кој во иднина може да стане новата форма на технологија која брендовите мора да ја разберат за да останат релевантни.

Промовирани огласи »

Во моментот кога треба да го избереш твоето ново работно место, потребно е и да размислуваш која компанија би била твојата иднина. За таа цел, KARIERA.mk е твојот директен помошник преку голем број на огласи за вработување во било кој момент.

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик има отворени работни места

ЕЛЕКТРИЧАР ЗА ИНСТАЛАЦИИ

ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА

АВТОЛАКЕР СО РАБОТНО ИСКУСТВО

ИНСТАЛАТЕР НА ПРОЗОРЦИ

ИНЖЕНЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЈАЧИНА

Техномаркет кој е предводник во продажбата на техника во нашата држава има отворени работни места во Скопје, Кочани и Велес.

RADEK е реномирана компанија која нуди висококвалитетени машини за обработка на дрво, метал, алуминиум и пластика. Составена од тим на менаџери и сервисери со долгогодишно искуство, целта на RADEK тимот е ефикасно пласирање на производи со сигурен и врвен квалитет на пазарот, континуирана едукација со цел да се биде во чекор со светските трендови и иновации, како и проширување на мрежата на задоволни клиенти.
RADEK е директен увозник на машини за обработка на дрво, метал, алуминиум и пластика од повеќе Европски и Светски производители. Во наредниот период активно вработува следните позиции.

Сервисер/монтер
Помошник сервисер/монтер
Општ работник
Машински инженер
Менаџер за продажба
Хигиеничарка

Axapta Masters секогаш внимателно ги одбира своите нови членови па така во моментот на нашиот сервис е застапен со дури 9 различни работни профили кои можете детално да ги разгледате ТУКА.

ФИБЕРНЕТ М-К е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на слабострујни системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго. Во моментот е во потрага по ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР

Унија Смарт Акаунтинг доо Скопје има потреба сметководители/сениор сметководители со познавање на Pantheon софтвер за финансии.

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. Сите  6 отворени работни места и деталите за апликација можете да ги видите ТУКА.

FLO, новиот бренд за чевли на нашиот пазар исто така вработува 

ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

SALES ASSITANT

ЖИТО маркети вработувааат продажен персонал за повеќе локации низ цело Скопје и дополнително IT специјалист.

НЕПТУН има отворено работно место за Маркетинг координатор.

Во рамки на иницијативата train2germany нашите партнерски компании бараат нови вработени со искуство во градежништвото за работа на сообраќајни патишта, идеално со фокус на железничката инфраструктура. Трите отворени огласи може да ги погледнете на овој ЛИНК

Доколку не го пронајдовте идеалниот избор за вашето идно работно место, погледни уште многу отворени работни места ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »