Електричар за инсталации

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ЕЛЕКТРИЧАР ЗА ИНСТАЛАЦИИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Поврзување со напојување, батерии, детектирање и отстранување на дефекти;
  • Склопување на електрични табли;
  • Комплетирање на ниско напонски електрични табли;
  • Контрола на изработени табли;
  • Поставување на електрични инсталации, кабли, и компоненти;
  • Познавање од сите аспекти на електрични инсталации, нивно испитување, монтажа, поправки и преправки;
  • Читање на техничка документација и технички цртежи.

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Минимум средно образование од техничките струки;
  • Искуство со MS Office;
  • Способност за читање на техничка документација;
  • Способност за прецизна работа со детали;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Познавање на Англиски јазик.

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 13/11/2021

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »