За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: АВТОЛАКЕР СО РАБОТНО ИСКУСТВО
БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ: 4
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Подготовка и проверка на површината пред фарбање (одмастување, китирање, стругање и фино китирање)
- Аплицирање на заштитна изолација пред фарбање, отпрашување
- Подготовка на бои и други материјали потребни за фарбање
- Правилно користење на сите видови материјали и алати за фарбање
- Економично и ефикасно користење на материјалите за обработка и фарбање
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Одлично познавање на процесот на автолакерање во комори
- Правилна употреба користење на сите видови на материјали и алати за фарбање
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Спремност за работа во смени, прекувремена работа и со тесни рокови
ШТО НУДИМЕ:
- Гарантирано најконкурентна плата во земјата, како и можност за екстра месечни примања
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
- Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 13.11.2021 година.
Останати огласи »