Промовирани огласи »

Во тешки економски времиња, тешко e да ги одложите заштедите за кога ќе ви требаат. Многумина од нас живеат од плата до плата, се борат да ги платат зголемените животни трошоци. Бидејќи итни случаи како здравствени проблеми и губење на работа може да му се случат на секого, многумина советуваат дека минималната цел за заштеда треба да биде приближно три до шест месеци трошоци за живот.  Заштедата на пари можеби изгледа невозможно сега, но за среќа има многу едноставни начини да се живее штедливо.

1. Одредете буџет

Ако трошите повеќе отколку што заработувате, запрашајте се што би можеле да намалите. Во срцето на секој план за штедење е буџетот. Буџетирањето ви помага да ги дадете приоритетите на вашите расходи и да најдете рамнотежа помеѓу трошењето и штедењето .Со проверка на изводите од вашата кредитна картичка, сметки, изводи од банка и сметки, можете да ги одработите сите ваши редовни трошоци, како што се киријата или станбениот кредит, транспортот, осигурувањето и електричната енергија.

2. Следете ги вашите трошоци

 Изводот од банка ќе ви каже колку пари влегуваат на вашата банкарска сметка и колку излегуваат. Потоа можете да го споредите со вашиот буџет за да видите дали се придржувате до него или не. Потоа можете да ги идентификувате областите каде што можете да заштедите.

3. Контролирајте ги вашите импулси

Кредитните картички, банкоматите и онлајн купувањето го олеснуваат трошењето пари од кога било. Особено за работи што ги сакаме наместо да ни требаат; степенот до кој подлегнуваме на искушението обично се сведува на нашата волја.  Ако видите нешто што сакате, вели Канстар, почекајте барем еден ден пред да го купите - 30 дена ако тоа не е неопходно големо купување. Можеби ќе најдете пропусници за нагонот. Друг начин да го скратите вашиот импулс за купување е да откриете колку часови работа претставува куповната цена; шансите се дека ќе мислите дека предметот не вреди.

4. Планирање оброци

Планирањето оброци е еден од најлесните начини да заштедите пари Ако знаете што јадете во текот на неделата и сте купиле соодветно, нема да има потреба од случајни посети на супермаркет. Дополнителните посети резултираат со трошење повеќе пари, па дури и трошење храна.

 

Промовирани огласи »

Засега нема да има препорака за некои нови рестриктивни мерки, апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни со тоа што треба да се почитуваат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, посочи Филипче, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата.

Ние можеме да контролираме, но не може ниту една држава се да исконтролира. Затоа е свеста и совеста на граѓаните многу важна. Тука е државата со своите институции да контролира таму каде може, но апсолутно граѓаните мора да се совесни, изјави Филипче.

Мерките, посочи Филипче, се еднакви како во сите развиени земји и нагласи дека излезот од кризата е вакцинацијата на населението.

Остануваме засега со истите мерки и апелираме сите да се придржуваат. Доаѓаат семејни слави и апелирам граѓаните и оваа година како и претходните, ако можат да не ги организираат или да ги организираат во помал семеен круг. Сепак такви поголеми собири каде не се почитуваат мерките се ризик за епидемиолошката состојба да се влоши, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.

Филипче, исто така, посочи дека е намален процентот на луѓе кои се хоспитализираат од вкупниот број на нови дијагностицирани, споредено со претходните бранови кога тој процент бил околу десет, а сега е некаде меѓу пет и шест отсто.

Вирусот е многу непредвидлив и да има нов сој, тоа значи дека ќе има некои нови карактеристики. Затоа, за тоа што се прави во регионот и какви се ефектите од тоа ќе дискутираме следната недела. Апсолутно ако има некаква мерка, што нас ќе ни помогне, ние тоа ќе го направиме, изјави Филипче.

Граѓаните, нагласи Филипче, мора да знаат дека со својата свест, совест и одговорност многу придонесуваат, прво за сопственото здравје, а потоа и на здравствениот систем.

Знаете, сега е преоптеретен здравствениот систем, во делот на ковид центрите, од невакцинирни пациенти. Вакцинираните пациенти, имаат очигледно полесна клиничка форма и ако продолжи тој тренд, повторно ќе бидат преоптеретени болниците како што се сега во Србија, Хрватска, Бугарија и Грција. Апелирам граѓаните да се вакцинираат, има доволно вакцини, пунктовите работат. Тоа е излезот од кризата, изјави Филипче. 

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори.

ССМ едногласно донесе Одлука врз основа на која најдоцна во рок од 30 дена бара итно усвојување на законското решение со кое се прогласува недела за ден на неделен одмор.

Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор кој според нас не оправдано е заглавен во Собраниската комисија за труд и социјална политика, сметаме свесно дека се прави штета на огромен број на работници, се вели во соопштението од Синдикатот.

Доколку Законот беше донесен, од ССМ велат дека досега 92 проценти од вработените ќе одмараа, а осум проценти од работниците ќе беа платени со најмалку 50 до 100 проценти додаток за работа во ден на неделен.

ССМ бара и итна измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Посочуваат дека поради евидентното зголемување на цените, потребно е да се зголемат и платите со што ќе може да се овозможи трошок во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

Зголемувањето на останатите плати согласно зголемувањето на минималната плата треба да биде преку почитување на одредбите од колективните договори кои се однесуваат на утврдување на коефициенти на сложеност на работните места преку коишто многу лесно ќе следи зголемување на платите за сите работници, велат од ССМ и додаваат дека уште на почеток на наредната недела ќе побараат предлог измена и дополнување на Законот за минимална плата.

Синдикатите бараат и итно потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор

Уште во август 2021 година доставивме предлог текст на нов општ колективен договор за јавниот сектор во којшто покрај другото предложивме право за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор во висина од 30 до 100 проценти од основицата, се наведува во соопштението од Синдикатот.

Со новиот општ колективен договор за јавниот сектор, од ССМ велат дека ќе се промени поделбата и неправдата, а се нуди и поволно решение за зголемување на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во ден на неделен одмор, зголемување на деновите за платен одмор и воведување дополнителни основи за платени слободни денови, се воведува задолжителна одредба за консултирање на работниците, како и задолжителна обврска да потпише колективен договор на ниво на работодавец за работодавецот кај кој има над 30 вработени и други унапредувања на работничките права.

Имајќи предвид дека овие барања на работниците подолг временски период се игнорираат од надлежните министерства, пратеници, а беа ветени од страна на Владата, доколку не бидат исполнети во рок од 30 дена, синдикатите здружени во ССМ ќе спроведуваат постапки во нивните органи и тела, врз основа на одлуките на ССМ што ќе бидат донесени во наредните денови. Ќе бидеме принудени да застанеме рамо до рамо со работниците на генерален штрајк, велат од ССМ.

Додаваат дека донесена е Одлука веднаш да продолжат преговорите со Организацијата на работодавачи на Македонија и да се склучи Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Велат дека без оглед на политичката состојба во државата, работниците не отстапуваат од барањата што се егзистенцијални и суштински за нив.

Промовирани огласи »

Јапонскиот машоновозач го тужел својот работодавец бидејќи од платата му одбил 56 јени (0,49 долари), како казна бидејќи неговиот воз пристигнал со минута доцнење, објавила компанијата во четвртокот.

На почетокот на годината машиновозачот ја тужел "West Japan Railway Company" (JR West), една од водечките јапонски компании во железничкиот сообраќај, која му одредила парична казна поради професионална грешка направена во јуни 2020-та година, пишува дневниот весник "Yomiuri Shimbun".

Машиновозачот сега бара компанијата да му исплати 2,2 милиони јени или 19.500 долари отштета со камата за моралната штета која му била нанесена со паричната казна.

Грешката се случила кога машиновозачот требало да ја премести својата празна композиција на станицата Окојама на западот на Јапонија, но дошло до забуна околу перонот.

Поради таа забуна доцнел една минута со доаѓањето на колосекот на кој ја "паркирал" композицијата.

Компанијата смета дека оправдано го казнила својот вработен поради пропустот, но тој мисли поинаку и објаснува дека доцнењето е предизвикано од минорна човечка грешка.

Составот на јапонските железници во светот редовно се истакнува како пример за беспрекорна ефикасност и точност.

Светските медиуми во 2017-та година ја пренеле веста дека еден железнички оператор искрено се извинил во јавноста поради "големите проблеми" кои ги предизвикал бидејќи неговиот возот доцнел "цели" 20 секунди.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »