Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори.

ССМ едногласно донесе Одлука врз основа на која најдоцна во рок од 30 дена бара итно усвојување на законското решение со кое се прогласува недела за ден на неделен одмор.

Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор кој според нас не оправдано е заглавен во Собраниската комисија за труд и социјална политика, сметаме свесно дека се прави штета на огромен број на работници, се вели во соопштението од Синдикатот.

Доколку Законот беше донесен, од ССМ велат дека досега 92 проценти од вработените ќе одмараа, а осум проценти од работниците ќе беа платени со најмалку 50 до 100 проценти додаток за работа во ден на неделен.

ССМ бара и итна измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Посочуваат дека поради евидентното зголемување на цените, потребно е да се зголемат и платите со што ќе може да се овозможи трошок во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

Зголемувањето на останатите плати согласно зголемувањето на минималната плата треба да биде преку почитување на одредбите од колективните договори кои се однесуваат на утврдување на коефициенти на сложеност на работните места преку коишто многу лесно ќе следи зголемување на платите за сите работници, велат од ССМ и додаваат дека уште на почеток на наредната недела ќе побараат предлог измена и дополнување на Законот за минимална плата.

Синдикатите бараат и итно потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор

Уште во август 2021 година доставивме предлог текст на нов општ колективен договор за јавниот сектор во којшто покрај другото предложивме право за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор во висина од 30 до 100 проценти од основицата, се наведува во соопштението од Синдикатот.

Со новиот општ колективен договор за јавниот сектор, од ССМ велат дека ќе се промени поделбата и неправдата, а се нуди и поволно решение за зголемување на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во ден на неделен одмор, зголемување на деновите за платен одмор и воведување дополнителни основи за платени слободни денови, се воведува задолжителна одредба за консултирање на работниците, како и задолжителна обврска да потпише колективен договор на ниво на работодавец за работодавецот кај кој има над 30 вработени и други унапредувања на работничките права.

Имајќи предвид дека овие барања на работниците подолг временски период се игнорираат од надлежните министерства, пратеници, а беа ветени од страна на Владата, доколку не бидат исполнети во рок од 30 дена, синдикатите здружени во ССМ ќе спроведуваат постапки во нивните органи и тела, врз основа на одлуките на ССМ што ќе бидат донесени во наредните денови. Ќе бидеме принудени да застанеме рамо до рамо со работниците на генерален штрајк, велат од ССМ.

Додаваат дека донесена е Одлука веднаш да продолжат преговорите со Организацијата на работодавачи на Македонија и да се склучи Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Велат дека без оглед на политичката состојба во државата, работниците не отстапуваат од барањата што се егзистенцијални и суштински за нив.

Промовирани огласи »

Јапонскиот машоновозач го тужел својот работодавец бидејќи од платата му одбил 56 јени (0,49 долари), како казна бидејќи неговиот воз пристигнал со минута доцнење, објавила компанијата во четвртокот.

На почетокот на годината машиновозачот ја тужел "West Japan Railway Company" (JR West), една од водечките јапонски компании во железничкиот сообраќај, која му одредила парична казна поради професионална грешка направена во јуни 2020-та година, пишува дневниот весник "Yomiuri Shimbun".

Машиновозачот сега бара компанијата да му исплати 2,2 милиони јени или 19.500 долари отштета со камата за моралната штета која му била нанесена со паричната казна.

Грешката се случила кога машиновозачот требало да ја премести својата празна композиција на станицата Окојама на западот на Јапонија, но дошло до забуна околу перонот.

Поради таа забуна доцнел една минута со доаѓањето на колосекот на кој ја "паркирал" композицијата.

Компанијата смета дека оправдано го казнила својот вработен поради пропустот, но тој мисли поинаку и објаснува дека доцнењето е предизвикано од минорна човечка грешка.

Составот на јапонските железници во светот редовно се истакнува како пример за беспрекорна ефикасност и точност.

Светските медиуми во 2017-та година ја пренеле веста дека еден железнички оператор искрено се извинил во јавноста поради "големите проблеми" кои ги предизвикал бидејќи неговиот возот доцнел "цели" 20 секунди.

Промовирани огласи »

Шефот на Instagram Адам Мосари потврди дека платформата ја тестира долгоочекуваната опција Take a Break.

Станува збор за опција која ќе ги потсети корисниците дека поминуваат премногу време на Instagram.

„Ако ја активирате опцијата ќе ве охрабри да направите пауза и да одморите од Instagram откако ќе поминете одредено време користејќи ја, 10, 20 или 30 минути. Опцијата е направена за да им овозможи на луѓето да имаат поголема контрола на Instagram. На тој начин ќе го ограничите времето колку ја користите апликацијата“, изјави Мосари.

Тестирањето на опцијата Take a Break доаѓа во време кога се покажа дека Instagram има негативен ефект на менталното здравје на младите луѓе.

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници. Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Дали си во потрага по средина во која можеш да ја оствариш својата кариера? Дојде на вистинското место! Создади искуство кое ТИ сакаш да го живееш, можеби во А1 Македонија има позиција на која што ти припаѓаш.

Аплицирај за некоја од позициите:

INTERNAL AUDITOR

SOHO SME ACCOUNT MANAGER 

SALES ADVISOR - OHRID 

SALES ADVISOR - GOSTIVAR 

SALES ADVISOR - SKOPJE 

TECHNICAL PRODUCT MANAGEMENT INTERN 

DIGITAL TRANSFORMATION INTERN

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »